Грб на Англија

Кралски грб на Англијагрб на кралевите на Англија и државен грб на Кралството Англија сè со т.н. Сојуз на круните во 1603 г. По ова, овој грб станал составен дел од кралскиот грб на Обединетото Кралство. Со експанзијата на Британската Империја овој грб се вметнува и во различни други државни грбови на поранешните британски колонии.

Кралски грб на Англија
Royal Arms of England (1198-1340).svg
Варијанти
Royal Standard of England (2) at 3^5 ratio.svg
Кралскиот стандард на Англија
Royal Coat of Arms of England (1399-1603).svg
Кралскиот грб на Англија (1399–1603)
Подробно
ГрбоносецМонарсите на Англија
УсвоенВисоко средновековие
(со разни измени)
ШтитЦрвено со три златни расчекорени лава-чувари еден врз друг, вооружени и исплазени сино.
Држачиразни
МотоDieu et mon droit
(„Бог и моето право“)
ОрдениОрден на Подвеската
Претходни варијантиRoyal Arms of England (1154-1189).svg Royal Arms of England (1189-1198).svg
УпотребаНационално обележје на Англија

ИсторијаУреди

Кралство АнглијаУреди

По норманското освојување на Англија (1066), почнал да се користи грбот на Норманската династија, со два златни лава на црвено поле. Со доаѓањето на престолот на Хенри II од династијата Плантагенети во 1158 г. влегува во употреба првиот грб на англискиот монарх - златен лав на црвен штит.[1]

Со неговото крунисување, Ричард I „Лавовско Срце“ најпрвин користел свој грб со два бујни лава на црвено поле, меѓутоа кон крајот на животот го прифатил штитот со три расчекорени лава на црвено поле.[1] Потеклото на третиот лав не е познато.[2] Според едно предание, третиот лав бил додаден кон двата постоечки нормански лава за да се претстави англонорманското кралство. Според едно друго предание, кон двата леопарда бил додаден и трет, кој бил симбол на Аквитанија бидејќи Хенри II, првиот анжујски крал, со брак го добил и војводството Аквитанија пред да стане крал на Англија. Други хералдичари пак, тврдат дека во раниот период на развојот на хералдиката бројот на норманските лавови не бил строго определен, туку тоа било чисто уметнички избор. Според нив, од овие причини Англија добила три, а Нормандија само два лава.

Во 1340, кралот Едвард III го изнесува неговото право на францускиот престол и така накрсно го дели англискиот грб со францускиот, син штит со густо посеани кринови на француските династии.[1]

Со доаѓањето на власт во 1377, Ричард II решил да го измаршалува грбот на Англија напоредно со припишаниот грб на Едвард Исповедникот.[3]

Во 1406, француските четвртини биле обновени со нивната новата варијанта, што сега се состоела од само три поголеми крина на сина позадина.[1]

За време на владеењето на кралицата Мери I, грбот на Англија понекогаш се јавува здружен со грбот на нејзиниот сопруг, шпанскиот крал Филип II.[1][3]

Државна Заедница АнглијаУреди

  Главна статија: „Државна Заедница Англија.

За време на Државната Заедница Англија (1649-60) бил создаден нов некралски грб, кој ги заменил трите лава со крстот на Св. Ѓорѓија и бујниот лав на Шкотска со крстот на Св. Андреја. Тука била вметната и ирската харфа и мал штит (подштит) со бел лав, личниот грб на Оливер Кромвел.[4]

Сојуз на крунитеУреди

Со смртта на кралицата Елизабета I во 1603 г. престолот го наследил шкотскиот крал Јаков VI, и така станал Јаков I како крал на Англија. Сега грбот на англија бил накрсно искомбиниран со грбот на Шкотска. Во една четвртина бил поставен и грбот на Кралството Ирска, бидејќи англискиот монарх бил истовремено и Крал на Англија.[1]

Во 1801 од грбот на Обединетото Кралство се изостава францускиот грб кога кралот Џорџ III се откажал од правото на францускиот престол. Од тој момент наваму, хералдичкиот приказ на Англија ја следи варијантата од 1198 и 1340 г. - три златни лава на црвен штит.[1]

ДенесУреди

Денес грбот на Англија никаде не се користи во официјално својство, но стои во првата и четвртата четвртина на грбот на Обединетото Кралство и во првата четвртина на грбот на Канада.

Грбот денес во јавноста највеќе се користи во спортски натпревари и првенства како симбол на поддршка за татковината.

Употреба во други грбовиУреди

Со ширењето на Британската Империја грбот на Англија (или негови елементи), се вметнува во грбовите на голем број други земји и територии.

Лавови или леопардиУреди

Францускиот бил службен дворски и управен јазик неколку века по норманското освојување. Во француските блазони (без дополнителен опис), зборот „лав“ (lion) секогаш подразбира буен лав; лавот-чувар кој е расчекорен, (т.е. кој оди напред свртен кон набљудувачот) секогаш се нарекува „леопард“ (léopard). Бујниот лав-чувар се нарекува léopard lionné, а лавот кој е расчекорен но со главата во профил се нарекува lion léopardé. Ова се поими кои го означуваат ставот на животното, а не неговиот вид.

Историски грбовиУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Brooke-Little, J.P. FSA (1978) [1950]. Boutell's Heraldry (изд. Revised.). London: Frederick Warne LTD. стр. 205–222. ISBN 0-7232-2096-4.
  2. earlyBlazon.com - Ричард Лавовско Срце Archived 2009-03-23 на Wayback Machine (англиски)
  3. 3,0 3,1 The First Foot Guards. „Coat of Arms of King George III“. footguards.tripod.com. Посетено на 4 February 2010.
  4. Обединето Кралство: Знамиња на интерегнумот, 1649-1660

ПоврзаноУреди