Магарешки трн
Магарешки трн | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносемени |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Астроцветни |
Семејство: | Главоцветни |
Потсемејство: | Чички |
Племе: | Драки |
Род: | Драка |
Вид: | Магарешки трн |
Научен назив | |
Onopordum acanthium Л. |
Магарешкиот трн (лат. Onopordum acanthium) е цветно растение од фамилијата Главоцветни. Природно вирее во Европа, Северна Африка и Азија. Ова е силно, двегодишно растение со груби, боцкави листови и карактеристични жилести стебленца.
Опис
уредиМагарешкиот трн е двогодишно растение, кое првата година развива голема розета од зашилени листови. Растението 'рти на есен по првите дождови и во текот на првата година егзистира како розета, обликувајќи цврст, месест вретенест корен кој оди до над 30 cm под земја како резерва за храна.
Наредната година растението расте (0.2-) 0.5–3 m во висина и 1.5 m во широчина. Листовите се со пречник од 10–50 cm, назименични и зашилени, прекриени со бели волнести влакненца. Листовите се мошне вдлабнаи со долги, цврсти боцки долж жилите. Фините влакненца му даваат на растението сивкав изглед. Големото главно стебло достигнува пречник од 10 cm при основата, а нагоре се разгранува. Секое стебло има вертикален ред од широки, жилести листови, (лентолик лисест материјал), со просечен пречник од 2–3 cm, кој се протега до подножјето на цветната чашка.
Цветовите излегуваат на лето. По облик се топчести, 3–5 cm во пречник, од темнорозови до лаванда по боја. Пупките најпрвин излегуваат ан врвот на стеблото, а подоцна на врвовите на дпоредните гранки. Се јавуваат поединечно или во групи од две до три по гранка. Растенијата се андрогени, истовремено со плодникот и прашници и стојат врз многубројни долги и цврсти, жилести листови. Сите овие листови гледаат нанадвор, а долните се поразретчени и се свиткани надолу. Откако плодницата започнува да се набабрува, формира од 8.400 до 40.000 зрна семе по растение.
Растението вирее во предели со суви лета, како во Македонија и на Средоземјето, и најдобро расте на песоклива, песокливо-глинеста и калцитна почва богата со амониумски соли. Расте на рудерални места, како и на суви пасишта и прекопувани полиња. Претпочита природни места, раскопани површини, крај патишта, полиња, и особено на плодни почви, ораници, во високи треви, крај реки, во честаци и речни корита.
Магарешкиот трн се размножува само со семиња. Највеќето семиња 'ртат на есен по првите дождови, но некои семиња можат да 'ртат во текот на целата година при погодна влажност и температура. Семињата кои из'ртуваат доцна на есен стануваат двогодишни. Но кога 'ртат порано, се однесуваат како едногодишни. Закопаните семиња барем 7 години, а може и над 20. Сето ова во голема мера зависи од условите во нивното окружување. Тие се тенки и мазни, со должина од 3 mm, а по боја се кафеави со сиви места. На врвот имаат четкести завршетоци. Нивен главен преносител е ветерот, но играат улога и луѓето, птиците, животните, стоката и потоците. Семињата се осетливи на светлина и 'ртат само кога се блиску до површината. Никнуваат од длабочини до 4.5 cm, но 0.5 cm се оптимални.
Употреба
уредиМагарешкиот трн во светот се продава како уркасно растение. Покрај ова, на некои места го користеле за лечење на рак и чир, како и за намалување на лачења од мукусните мембрани. Чашката порано се јадела како артичока. Понекогаш луѓето ги собирале памучните влакненца и со нив полнеле перници. Некогаш од семињата се цедело масло за расвета, огрев и готвење.
Напомена:
Употребата на чај од плодницата (чичекот), влијае врз крвниот притисок, покачувајќи го.
Национален симбол на Шкотска
уредиЦветот на магарешкиот трн е национален симбол на Шкотска уште од времето на шкотскиот крал Александар III (1249 - 1286) и стоел на сребрени монети на кралот Џејмс III, исковани во 1470.
Според една легенда, напаѓачката нордиска војска се обидувала ноќе да се промолкне во шкотски воен логор, но еден бос Нордиец случајно згазнал на магарешки трн, и толку силно го заболело што вреснал, и со тоа ги известил Шкотите за нивното присуство.
Наводи
уреди- Grieve, M. 1971. A Modern Herbal: The Medicinal, Culinary, Cosmetic and economic Properties, Cultivation and Folk-Lore of Herbs, Grasses, Fungi, Shrubs & Trees with Their Modern Scientific Uses. Dover Publications, Inc., New York.
- Mucina, L. 1989. Syntaxonomy of the Onopordum acanthium communities in temperate and continental Europe. Vegetatio 81:107-115.
- Strong, D. 1997. ECOLOGY: Enhanced: Fear No Weevil? Science, 22 август, 1997: 1058-1059.
- Tucci, G., M.C. Simeone, C. Gregori и F. Maggini. 1994. Intergenic spacers of rRNA genes in three species of the Cynareae (Asteraceae). Plant Systematics and Evolution 190:187-193.
Надворешни врски
уреди- Амблем на Шкотска Архивирано на 26 септември 2007 г. (англиски)
- Податотека на глобални инвазивни видови Архивирано на 10 септември 2009 г. (англиски)
„Магарешки трн“ на Ризницата ? |