Градиште (Горна Бањица)

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Горнобањичка тврдина)
Градиште

Карта

Местоположба 41°46′48″N 20°53′33″E / 41.78000° СГШ; 20.89250° ИГД / 41.78000; 20.89250
Основни податоци
Место Горна Бањица
Општина Гостивар
Тип

 населба


Период железно време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Градиште познато и како Горнобањичко Калеархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Горна Бањица. Претставува утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 500 м јужно од селото на местото каде се издига доминантен рид сместен на јужната периферија на Горни Полог, западно над стариот пат за Кичево. На зарамнетото плато, чија површина изнесува 120 × 120 м, се гледа траса од бедем граден од кршен камен и варов малтер. По површината на градиштето се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и други предмети со различна временска припадност.[1]

Поврзано

уреди
  •  
    Откриена монета на Александар Македонски во Градиште (Горна Бањица, Гостивар) за време на археолошките истражувања на проф.Виктор Лилчиќ Адамсен од Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје
    Врбјанско Маало — некропола од средновековието;

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069