Пулски амфитеатар

Пулскиот амфитеатар е амфитеатар кој се наоѓа во градот Пула, Хрватска.

Пулски амфитеатар
Amfiteatar u Puli
Поглед кон денешниот амфитеатар
Карта
Општи податоци
ГрадПула
ЗемјаХрватска

Историја

уреди

Амфитеатарот бил изграден во периодот од 28 п.н.е. до 68 година[1]. Почетокот на изградбата била дадена од страна на римскиот цар Веспазијан, во времето кога градот Пула претставувал центар на римската власт, покрај Via Flavia - патот од Пула кон Аквилеја и Рим. Во почетокот, амфитеатарот бил изграден од дрво, во времето на Октавијан Август (2-14 година). Во времето на римскиот цар Клавдиј, истиот бил заменет од мал амфитеатар изграден од камен. Во 79 година, во времето на Веспазијан, арената доживеала вистинска реконструкција. Конечно бил завршен во времето на Тит.

Арената главно била користена за гладијаторски борби, борби на диви животни идруги претстави, односно игри кои биле најпопуларни во античкиот свет. Арената била изградена надвор од градските ѕидини, а имал капацитет од 25.000 гледачи. Во текот на 5 век, римскиот цар Флавиј Хонориј ги забранил гладијаторските игри, кое довело до намалување на улогата на арената. Во следните години тој бил исправен пред ограбување од страна на месните жители.

Во периодот на средниот век, арената била користена како место за одржување на рицарски турнири. Во 1585 година, Венецијанската Република наредила негово рушење и повторно градење во регионот на Венеција. Овој предлог бил отфрлен благодарение на венецијанскиот сенатор Габриеле Емо, кој бил главен противник на идејата. денеска пред една од кулите се наоѓа мал камен во чест на сенаторот кој го спречил рушењето.

Реновирањето на арената започнала во времето на Наполеон I, а била продолжена по порачка на франц I Хабсбург.

Денес

уреди
 

Амфитеатарот во Пула е единствениот кој бил зачуван до денес со четири кули и три римски архитектурни ордери, претставувајќи редок пример во денешно време од тој тип на градба. Во исто време, тој е еден од шесте најголеми амфитеатри во светот кои денеска постојат, како и најзачувана градба од римско време во рамките на денешна Хрватска.

Арената била насликана на хрватската банкнота од 10 куни во 1993, 1995, 2001 и 2004[2].

Денеска, оваа арена претставува една од најголемите туристички атракции во градот, каде се одржува Пула филм фестивал од 60-тите години на XX век. Оваа традиција била продолжена и по распаѓање на Југославија, но не во таков голем сјај. Денеска амфитеатарот се користи и како концертна сала, каде гостувале голем број на музичари, како Горан Бреговиќ, Здравко Чолиќ, Џо Кокер, Стинг, Елтон Џон итн.

Панорама

уреди
Внатрешноста на Пулскиот амфитеатар

Наводи

уреди
  1. Kristina Džin: 2009, Page 7
  2. Croatian National Bank. Features of Kuna Banknotes Архивирано на 6 мај 2009 г.: 10 kuna Архивирано на 4 јуни 2011 г. (1993 issue), 10 kuna Архивирано на 4 јуни 2011 г. (1995 issue), 10 kuna Архивирано на 4 јуни 2011 г. (2001 issue) & 10 kuna Архивирано на 4 јуни 2011 г. (2004 issue). – Посетено на 30 March 2009.

Надворешни врски

уреди

44°52′23″N 13°51′00″E / 44.873° СГШ; 13.850° ИГД / 44.873; 13.850