Нарињо
Нарињо (шпански: Nariño) — департман во западна Колумбија. Се граничи со Еквадор и излегува на Тихиот Океан. Главен град е Пасто.
Нарињо Departamento del Nariño | |||
---|---|---|---|
департман | |||
Гесло: Desde el mar hasta el Galeras „Од морето до Галерас“ | |||
Химна: Химна | |||
Нарињо (со црвено) | |||
Земја | Колумбија | ||
Прир. област | Тихоокеанска/Андска | ||
Основан | 6 август 1904 | ||
Главен град | Пасто | ||
Управа | |||
• Управник | Камило Ромеро (2016-2019) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 33.268 км2 (12,845 ми2) | ||
Население (2013)[1] | |||
• Вкупно | 1,701,840 | ||
• Густина | 0/км2 (0,00.013/ми2) | ||
Час. појас | UTC-05 | ||
ISO 3166 | CO-NAR | ||
Покраини | 3 | ||
Општини | 62 | ||
ИЧР (2017) | 0,703[2] висок | ||
Мреж. место | Матична страница |
Се одликува со разновидна географија и клима, во зависност од надморската висина: топла во ниските предели крај океанот, но студена во планинските краишта, каде претежно живее населението. Оваа ситуација се повторува во правецот север-југ. Други поважни градови се Тумако и Ипијалес.
Историја
уредиВо претколумбовско време оваа територија ја населувале бројни индијански племиња, меѓу кои Киљасингите, Ава, Пасто и Тума. Прв европски конквистадор на подрачјето бил Андагоја Пасквал, кој дошол во 1522 г. од тихоокеанскиот брег. Водејќи се според сознанија добиени од Франсиско Писаро, Пасквал приредил експедиција која довела до освојувањето на Перу.
Планинските краишта на департманот први ги истражиле Хуан де Ампудија и Педро де Ањаско во 1535 г. по нарачка на Себастијан де Белалкасар. Следната година, Белалкасар самиот направил обиколка низ овие предели и стасал до Попајан, каде престојувал извесно време пред да тргне за Шпанија.
Департманот е наречен по националниот деец Антонио Нарињо (1765-1824), идеолошки претходник на борбата за независност на Колумбија.
Општини
уреди- Албан
- Алдана
- Анкуја
- Арболеда
- Барбакоас
- Белен
- Буесако
- Гвајтариља
- Гвалматан
- Гвачукал
- Ел Пењол
- Ел Росарио
- Ел Таблон
- Ел Тамбо
- Ел Чарко
- Илес
- Имуес
- Ипијалес
- Јакванкер
- Кваспуд
- Колон (Хенова)
- Консака
- Контадеро
- Кордоба
- Кумбал
- Кумбитара
- Ла Крус
- Ла Љанада
- Ла Тола
- Ла Унион
- Ла Флорида
- Лејва
- Линарес
- Лос Андес
- Магви Пајан
- Маљама
- Москера
- Нарињо
- Олаја Ерера
- Оспина
- Пасто
- Поликапра
- Потоси
- Провиденсија
- Пуерес
- Пупијалес
- Рикаурте
- Роберто Пајан
- Саманиего
- Сан Бернардо
- Сан Лоренсо
- Сан Пабло
- Сан Педро де Картаго
- Сандона
- Санта Барбара
- Сантакрус
- Сапујес
- Таминанго
- Тангва
- Тукерес
- Тумако
- Франсиско Писаро
- Фунес
- Чачагви
Поврзано
уреди- Лас Лахас — познато христијанско светилиште во департманот
Наводи
уреди- ↑ „DANE“. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2009. Посетено на 13 февруари 2013.
- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org. Посетено на 13 септември 2018.
Надворешни врски
уреди„Нарињо“ на Ризницата ? |
- Управа на Нарињо Архивирано на 31 јануари 2017 г. — официјален портал (шпански)
- Територијално-околински информативен систем на Колумбиски Амазон Архивирано на 17 јуни 2020 г. (англиски)