Лох Теј (англ. Loch Tay, гел., Loch Tatha) — слатководен лох (езеро) во средишниот дел на Горите во Шкотска, во округот Пертшир.

Лох Теј
Loch Tay / Loch Tatha
Лох Теј гледан од Кенмор
ПодрачјеПертшир, Шкотска
Координати56°30′56″N 4°08′46″W / 56.51556° СГШ; 4.14611° ЗГД / 56.51556; -4.14611
Видслатководен лох
Главни приливиДохарт, Лохеј
Сливни земјиВелика Британија
Најг. должина23 км км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
26,4 км2 км2
Најг. длабочина150 м м
Населени местаКилин, Кенмор, Лоерс
Реконструиран краног на Лох Теј

Лохот е тесен и долг, и ја следи линијата на долината во превец од југозапад кон североисток. Долг е 23 км, а просечната ширина се движи од 1,6 до 2,4 км. Ова е шести по големина лох во Шкотска по површина. Најголемата длабочина изнесува 150 м.

Над северниот брег на лохот се издига планината Бен Лоерс (1214 м), што е 10-та по височина во Британија. Врвот е највисок од групата од седум врва („манро-а“).

Поголеми населени места во подрачјето се селата Килин и Кенмор. Килин е сместен на чело на лохот, а Кенмор се наоѓа кај изливот na реката Теј. На јужната страна на лохот се протегаат помалите места Ахарн, Ардониг и Ардталниг, а на северната страна се селцата Фјарнан и Лоерс. Во лохот се влеваат реките Дохарт и Лохеј, како и повеќе мали потоци.

Лохот е популарно место за риболов на лосос.

Во Железно време, жителите на месноста живееле во одбранбени наколни живеалишта во лохот наречени „кранози“. Во лохот се пронајдени преку 20 потомени кранози. Близу центарот на кранози е реконструиран еден примерок.

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди