Отвори го главното мени

Херакле

старобалкански и римски митолошки јунак
(Пренасочено од Херкул)
Херкулес, позлатена бронза од 2 век п.н.е. (Капитолски музеи)

Херакле, Херкул (старогрчки: Ἡρακλῆς, латински: Hercules) старобалкански — полубог, син на Зевс и на смртната жена Алкамена[1]. Најстарите римски извори укажуваат дека легендата за овој јунак во Стариот Рим била преземена од Грција и таа се надоврзува на митскиот италијански овчар Рекаран или Гаран, познат по својата физичка сила. Покрај наследените митски и иконографски особини, римскиот Херкул се одликувал и со низа особини кои биле типично римски. Така, името Херкулес не е директно позајмено од грчкото име Херакле, туку претставува модификација на етрурското име Херкелер. Инаку, зборот Херакле буквачно значи „во слава на Хера“.

ОписУреди

Херкул најчесто е прикажан со наметка од лавовска кожа и топуз, а на мозаиците е со темен, исончан тен. Иако бил победник и голем воин, според митовите, Херакле бил способен и за измами и нечесни измами за да постигне победа. Бил познат по тоа што го направил светот побезбеден за човештвото, бидејќи уништил многу опасни чудовишта. Неговото жртвување за луѓето му обезбедило одобрување и заштита од боговите.

ЖивотописУреди

Според шестото пеење на епотЕнеида“, Херкул го ослободил Тезеј кој бил заробен во подземниот свет. Притоа, при влезот во подземниот свет, Херкул го совладал троглавото куче Кербер, врзувајќи го со синџир.[2]

Кога Херкул се оженил со Дејанира, кентаурот Несо ѝ се понудил да ја пренесе на својот грб преку една река, но притоа се вљубил во неа и се обидел да избега со неа. Сепак, Херкул го забележал и го ранил со отровна стрела. Тогаш Несо ја излажал Дејанира, убедувајќи ја дека Херкул ќе ѝ остане засекогаш верен ако му ја облече кошулата натопена со неговата крв. Кога Херкул ја облекол кошулата, се отрул затруената крв и умрел.[3]

Херкул во уметноста и популарната култураУреди

Херкул како тема во книжевностаУреди

Херкул како тема во филмотУреди

  • „Херкул: Легендарните патувања“ (Hercules: The Legendary Journeys) - американска телевизиска серија од 1995-1999 година.[5]
  • „Херкул во Њујорк“ (Hercules in New York) - американски филм од 1970 година.[6]
  • „Херкул“ (Hercules) - американски филм од 1983 година.[7]
  • „Херкул“ (Hercules) - американски анимиран филм од 1997 година.[8]
  • „Херкул“ (Hercules) - американски филм од 2014 година.[9]
  • Легендата за Херкул“ (The Legend of Hercules) - американски филм од 2014 година.[10]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, стр. 384.
  2. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 54.
  3. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 72.
  4. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 92.
  5. IMDb, Hercules: The Legendary Journeys (пристапено на 1.3.2016)
  6. IMDb, Hercules in New York (1970) (пристапено на 1.3.2016)
  7. IMDb, Hercules (1983) (пристапено на 1.3.2016)
  8. IMDb, Hercules (1997) (пристапено на 1.3.2016)
  9. IMDb, Hercules (2014) (пристапено на 1.3.2016)
  10. IMDb, The Legend of Hercules (2014) (пристапено на 4.3.2018)