Ванчо Китанов
Ванчо Китанов (роден во 1923 година во Пехчево - починал на 21 мај 1943 година во месноста Врши Дол, Виничко) — македонски партизан, првоборец од НОБ.[1]
Ванчо Китанов | ||
Роден | 1923 Пехчево, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 21 мај 1943 Виничко, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | партизан |
Животопис
уредиВанчо Китанов како ученик во Струмичката гимназија станал член на СКОЈ (1941), а наскоро потоа и член на КПЈ. Бил борец на Првиот плачковички НОПО, а при неговото разбивање од бугарската војска и полиција успеал да ја пробие блокадата (18. Ⅻ 1942) и се илегализирал. Во отсуство бил осуден на 15 години затвор. Подоцна станал борец на Штипскиот НОПО „Гоце Делчев” и загинал во борба со бугарската војска и полиција.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Китанов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 694. Text "series " ignored (help)