Јоханес Вилхелм Јенсен
Јоханес Вилхелм Јенсен (20 јануари 1873 - 25 ноември 1950) — дански автор, честопати сметан за првиот голем дански писател на 20 век. Седумнаесет пати бил номиниран за Нобелова награда за литература, што се смета за основиден рекорд. Нобеловата награда за литература ја добил во 1944 година.[1]
Јоханес Вилхелм Јенсен Johannes V. Jensen | |
---|---|
Роден/а | Јоханес Вилхелм Јенсен 20 јануари 1873 Фарсо, Јитланд, Данска |
Починат/а | 25 ноември 1950 Остербро, Копенхаген, Данска | (возр. 77)
Занимање | Писател |
Националност | Данец |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1944 |
Животен пат и книжевно дело
уредиРоден во Фарсо, село во Северен Јитланд, Данска, како син на ветеринарен хирург, Јенсен израснал во рурално опкружување. Работел како репортер за да си го плати школувањето во медицинско училиште, но го напуштил училиштето за да следи писателска кариера. Најпознат е по својот циклус од шест романи Долгиот пат (Den Lange Rejse 1908-1922), којшто бил објавен во двотомно издание во 1938 година. Тоа честопати се смета за негово главно прозно дело, кое се протега од почетокот на човековото постоење сè до откривањето на Америка, и претставува алтернатива на библиските приказни за Постанокот. Автор е на над 100 есеи и приказни од патувања и од природата, коишто се објавени во единаесет тома, сите со наслов Митови (Myter), и тритомната фиктивна биографија на еден од данските кралеви Падот на кралот (Kongens Fald). Иако бил малку познат надвор од Данска, го нарекувале „големиот лингвистички иноватор на периодот“. Додека студирал медицина на Универзитетот во Копенхаген работел како писател за да си го финансира школувањето. По 3 години студирање избрал да е промени кариерата и целосно да и се посвети на литературата. Првата фаза од неговото творештво била под влијание на песимизмот карактеристичен за fin-de-siècle. Неговата кариера почнала со обновување на Приказните од Химерланд (Himerland Stories, 1898-1910), коишто се состојат од низа приказни чие дејство се случува во делот од Данска кој е неговиот роден крај. Во текот на 1900 и 1901 година го напишал своето ремекдело. Падот на кралот, модерен историчен роман чие дејство се врти околу кралот Кристијан II и неговата карактеристично данска неодлучност и неуспех да се преземе акција. Во 1906 година Јенсен создал свое најголемо литературно постигнување: збирката стихови Песни 1906 (Digte 1906), којашто ја вовела прозната песна во данската литература. Пишувал поезија, неколку драми и многу есеи, главно на теми од антропологијата и филозофијата на еволуција. Сите најпопуларни книжевни дела на Јенсен биле завршени пред 1920 година. Потоа тој главно се концентрирал на амбициозни биолошки и зоолошки проучувања во обид да создаде етички систем кој се темели врз дарвинистичките идеи. Подоцнежните дела на Јенсен ги вклучуваат Егзотични новели (Eksotistake noveller, 1907-1917), засновани на неговите патувања низ Далечниот Исток, како и Јоргине (Jorgine, 1926), приказна за една измамена селска девојка која си го спасува животот со тоа што влегува во брак без љубов и станува пожртвувана мајка. Јенсен бил контроверзна фигура во данскиот културен живот. Бил упорен полемичар и неговите честопати сомнителни расни теории штетно влијаеле врз неговата репутација. Во 1904 година се оженил со Елзе Мари Улрик, со која имал три сина. Починал во Копенхаген, на 25 ноември 1950 година. Денес Јенсен сè уште се смета за татко на данскиот модеризам, особено во областа на модерната поезија со своето воведување на прозната песна и употребата на директен и јасен јазик. Неговото директно влијание се чувствувало сè до крајот на ‘60-тите години. Го комбинирал гледиштето на регионален писател со ставовите на модерен академски научен проследувач. Во 1999 година Падот на кралот бил прогласен за најдобар дански роман на XX век.
Наводи
уреди- ↑ Нид„Микена“,Битола,2009