Палау
Палау, официјално Република Палау (палауански: Beluu er a Belau), е островска држава во Тихиот Океан, на 800 километри (500 mi) оддалеченост источно од Филипините 3200 километри (2000 mi) на југ од Токио. Произлегувајќи од старателите на Обединетите Нации (администриран од САД) во 1994, таа е една од најмладите и најмалите држави во светот. Во 1989 Палау била рангирана и категоризирана од CEDAM International број 1 подводно чудо на светот од седумте подводни чуда. Понекогаш се нарекува и според своето изворно име Белау.
Република Палау Beluu er a Belau
|
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Химна: Belau rekid Наше Палау |
||||
Главен град | Мелекеок1 7°21′N 134°28′E / 7.350° СГШ; 134.467° ИГД | |||
Најголем град | Корор 7°20′N 134°29′E / 7.333° СГШ; 134.483° ИГД | |||
Службен јазик | Англиски, палауански | |||
Признаени регионални јазици | јапонски, ангаурски (во Ангаур), сонсоролски (во Сонсорол), тобиски (во Хатохобеј), каролински, филипински, кинески |
|||
Демоним | Палауец | |||
Уредување | Демократска претседателска република во слободна асоцијација со САД. |
|||
• | Претседател | Томи Ременгесау | ||
• | Потпретседател | Елајас Камсек Чин | ||
Независност | од поверена територија на ООН | |||
• | Датум | 1 октомври 1994 | ||
Површина | ||||
• | Вкупна | 459 км2 (195та) | ||
• | Вода (%) | занемарливо | ||
Население | ||||
• | проценка за 2016 г. | 21,503[1] (224та) | ||
• | Попис 2013 | 20,918 | ||
• | Густина | 46.7 жит/км2 | ||
БДП (ПКМ) | проценка за 2017 г. | |||
• | Вкупен | $297 милиони[2] | ||
• | По жител | $16,278[2] (81ва) | ||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||
• | Вкупно | $315 милиони[2] | ||
• | По жител | $17,286[2] | ||
ИЧР (2013) | ▬ 0.775[3] висок · 60та |
|||
Валута | Американски долар (USD ) |
|||
Часовен појас | (UTC+9) | |||
НДД | .pw | |||
Повик. бр. | 680 | |||
1 На 7 октомври 2006, канцелариите на владините претставници биле преместени од поранешниот главен град Корор во Мелекеок, сместен 20 kм (12 ми) на североисток од Корор на островот Бабелтхауп. ² Проценките за БДП ги вклучуваат субвенциите и дотациите на САД (2004 проц.) |
Историја
уредиРана историја
уредиПрвите доселеници Палуанци дошле од Австралија, Полинезија и Азија. Според генетската анализа на Палуанците, тие имаат две потекла австралиско-папуанско и азиско потекло.
Во Европа и Австралија Палау е подобро познат по името „Црни Острови“
Според археолошките истражувања Палау е државата со најстари откиени гробови во Океанија и според ова се дебатира дали Палау бил населен во 2500 или 1000 година п.н.е.
Колонијална ера
уредиМеѓу првите европјеци кои стапнале на палуанско тло се верува дека е шпанскиот морепловец Руј Лопес де Виљалобос, но сепак нема цврсти докази за тоа.
Палау имал слаба комуникација со околните острови, и воглавно комуникацијата се одвивала со Јава и Јап. Во 1783 година на островите стапнал и англискиот капетан Хенри Вилсон.
Како и Маријанските Острови, Каролинските Острови и Маршалските Острови, Палау бил дел од Шпанските Источни Инди и бил раководен од Шпанските Филипини сè до шпанско-американската војна во 1898.
Во 1885 година Германија ги окупирала островите и после шпанско-американската војна, Шпанија ги продала островите на Германија во 1899 со германско-шпанскиот договор.
По купувањето на островите, Германија започнала економска трансформација на Микронезија. Гермнаците започнале со ископување на рудното богатство и останатите природни ресурси.
Независност
уредиПалау била интересна стратешка позиција на јапонските и американските воени сили. После Втората светска војна, ООН ги доделила островите на Палау под заштита на САД како дел од Федералните Држави на Микронезија, но Палуанците го одбиле тоа на гласање. Подоцна Палау гласал за осамостојување.
Географија и клима
уредиНајнаселени острови на Палау се Ангаур, Бабелдаоб, Корор и Пелелиу. Околу две-третини од населението на Палау живее на островот Корор. Карпестите Острови кои се наоѓаат јужно од останатите поголеми острови се ненаселени.
Палау има тропска клима со просчна температура од 27 °C. Дождови има преку целата година и најчесто има дождови од јули до октомври. Тајфуните се ретко присутни на островите.
Политички систем
уредиПолитиките на Палау се одвиваат во рамките на претседателска република, каде претседателот на Палау е на чело на државата и на владата. Извршната власт во Палау е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и Националниот конгрес на Палау. Судската власт во Палау е независна.
Палау е независна држава и поради тоа самата ги остварува и одржува надворешните односи. Од независноста, Палау има остварено повеќе дипломатски односи, меѓу кои се голем дел од океанските држави. Во ООН е примена на 15 декември 1994.
Административна поделба
уредиПалау е поделен на 16 држави кои до 1984 година се нарекувале општини.
Држава | Површина | Попис од 2005 |
---|---|---|
Аимелик | 52 | 270 |
Аираи | 44 | 2,723 |
Ангаур | 8 | 320 |
Хатохобеј | 3 | 44 |
Кајангел | 3 | 188 |
Корор | 18 | 12,676 |
Мелекеок | 28 | 391 |
Нгарард | 36 | 581 |
Нгарчелонг | 10 | 488 |
Нгардмау | 47 | 166 |
Нгаремленгуи | 65 | 317 |
Нгатпанг | 47 | 464 |
Нгчесар | 41 | 254 |
Нгивал | 26 | 223 |
Пелелиу | 13 | 702 |
Сонсорол | 4 | 100 |
Стопанство
уредиЕкономијата на Палау воглавно се заснова на туризам, земјоделство и риболов. Туристите се најчесто заинтересирани за нуркање. Владата на Палау е главниот работодавач во земјата која пак се заснова на приходите од туризам и финансиска помош од САД. Населението има примања повисоки од околните држави.
Население, јазик и религија
уредиПалау има население од околу 21.000 жители од кои 70% се Палуанци. Филипинците се најголемо малцинство во државата.
Три четвртини од населението се христијани, воглавно католици и протестанти, додека останатиот дел се припадници на локални религии помешани со христијански елементи. Според пописот во 2005 година, 49.4% се католици, 21.3% се протестанти, 8.7% се модекнгеи и 5.3% се припадници на Црквата на адвентисти на седмиот ден.
Службени јазици на Палау се палуански јазик и англиски јазик, освен во две палуански држави, Сонсорол и Хатохобеи, каде локален јазик заедно со палуански е службен. тагалскиот не е службен јазик но е четврт најголем јазик на Палау.
Култура во Палау
уредиВо Корор има неколку библиотеки, вклучувајќи ја и јавната библиотека со фонд од 17.000 книги. Националниот музеј е основан во 1973 година и се наоѓа во Корор.
Наводи
уреди- ↑ „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Palau. imf.org
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Република Палау
- Национален конгрес на Палау - Olbiil Era Kelulau, Сенат Архивирано на 9 јуни 2007 г.
- Најдобрите 10 хотели на Палау Архивирано на 24 јануари 2021 г.