Отвори го главното мени

Хатохобеј (тобиски и англиски: Hatohobei) — најјужна сојузна држава (покраина) во Палау. Оваа сојузна држава е составена од островот Тоби и Хеленовиот Гребен. Според уставот на Палау во оваа држава спаѓа и Транзитниот Гребен, најјужна географска маса на Палау, но сепак тоа се однесува на подводен песочен гребен. Вкупната површина на оваа сојузна држава е 0.88 километри квадратни. Овие острови, заедно со Сонсорол, ги сочинуваат Југозападните Палауански Острови.

Хатохобеј
Hatohobei
сојузна држава
Знаме на Хатохобеј
Знаме
Местоположба во Палау
Местоположба во Палау
Држава Палау
Гл. градХатохобеј
Површина
 • Вкупна0,9 км2 (3 ми2)
 • Земјишна0,9 км2 (3 ми2)
 • Вода0 км2 (0 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно40[1]
ISO 3166PW-050

ИсторијаУреди

Во декември 2012 година државата претрпела силен удар и големи штети од тајфунот „Бофа“. Луѓето од Хатохобеј биле евакуирани во Акебесанг во Корор. Вкупно имало 41 лице од островот Тоби и 3 од Хеленовиот Гребен. По тајфунот, државата им дала земјиште на луѓето од Хатохобеј во Сонсорол и сега живеат таму, наместо на Тоби.

ДемографијаУреди

Според податоците од 2014 година, државата имала население од 40 жители, а историски гледано во 1962 година имала 80 жители, во 1995 имала 51 жител и во 2000 имала 23 жители. Официјални јазици во оваа сојузна држава се англиски, тобиски и сонсоролски јазик.

бр. остров сателитска
снимка
површина
(km²)
население 2016 координати
1 Тоби (Hatohobei)   0.85 40 03°00′22″N 131°07′26″E / 3.00611° СГШ; 131.12389° ИГД / 3.00611; 131.12389 (Tobi)
2 Хеленов Гребен (Hotsarihie)   0.03 3 02°57′N 131°47′E / 2.950° СГШ; 131.783° ИГД / 2.950; 131.783 (Helen Reef)
3 Транзитен Гребен (Pieraurou) - - - 02°47′N 132°32′E / 2.783° СГШ; 132.533° ИГД / 2.783; 132.533 (Transit Reef)
Хатохобеј 0.88 43  

ОстровиУреди

Остров ТобиУреди

  Главна статија: „Остров Тоби.
 
Куќа во Тоби во 1971 година.

Островот има вкупна површина од 0.6 километри квадратни и се наоѓа во сојузната држава Хатохобеј во Палау. Островот е еден од најјужните во државата, заедно со Хеленовиот Гребен и Транзитниот Гребен. Целата сојузна држава Хатохобеј има 43 жители според податоците од 2016 година, а на островот Тоби живеат 40. Останатите живеат на Хеленовиот Гребен. Сите во државата зборуваат на тобиски јазик. Вкупната должина на островот е 1.6 километри, а широк е 0.8 километри. [2] На островот се наоѓало селото Хатохобеј, кое било главен град на сојузната држава.

Хеленов ГребенУреди

 
Карта на Хеленовиот Гребен.
 
Хеленов Остров.
 
Поглед кон Хеленовиот Остров.

Хеленовиот Гребен (Hotsarihie) е на 70 километри источно од островот Тоби. Гребенот е всушност подводен атол, а само едно мало островче е видливо над водната површина. Атолот е долг 25 километри и широк е околу 10 километри. Лагуната на островот има вкупна површина од 103 километри квадратни, а вкупната површина на целиот атол е 163 километри квадратни. Влезот во лагуната е на западната страна. Јужно од каналот/ влезот се наоѓа Раун Рок, карпеста формација која повремено се суши. Лагуната има 85 видливи гребенести формации.

Кога има осека, водата од лагуната истекува од сите страни и тогаш гребенот е видлив. Само мал број делови од гребенот се постојано суви.

Единствениот остров од Хеленовиот Гребен е острово Хелен. Островот се наоѓа во северниот дел на гребенот и во споредба со гребенот островот е многу мал. Хеленовиот Остров е широк од 20 до 40 метри, а дол е 400 метри. Вкупната површина на островот е 0.03 километри квадратни. Островот не е населен. На островот има ренџерска станица која го заштитува гребенот. Таа работи во текот на целата година и има постојано 3 вработени лица. Од Европејците гребенот бил откриен во 1773 година од Фелипе Томпсон кој го именувал како „Сан Феликс“.[3]

Транзитен ГребенУреди

 
Сателитска снимка на претпоставената местоположба на Транзитниот Гребен.

Транзитниот Гребен (Pieraurou) на некои карти се позицинира на околу 50 километри источно од Хеленовиот Гребен. Овој гребен се именува како остров во уставот на државата и воедно е најјужна географска форма на државата. Како остров сепак е оспорен и често не се појавува во списоците на острови во овој регион на Океанија. Всушност, најверојатен опис е дека сепак името се однесува за подводен песочен масив.

ОбразованиеУреди

Образовните активности и институции се дел од Министерството за образование на Палау. Во Хатохобеј има едно основно училиште кое е отворено во 1962 година и има еден наставник.[4] Децата од Хатохобеј своето средно образование го продолжуваат во Корор, каде се наоѓа единственото државно средно училиште.[5]

НаводиУреди

НаводиУреди

  1. [1]
  2. Основни информации за островот Тоби на англиски јазик.
  3. Brand, Donald D. The Pacific Basin: A History of its Geographical Explorations The American Geographical Society, New York, 1967, p.132.
  4. "Hatohobei Elementary School." Ministry of Education (Palau). Retrieved on February 22, 2018.
  5. "About." Palau High School. Retrieved on February 22, 2018.

Надворешни врскиУреди