Палау

(Пренасочено од Pelew)

Координати: 7°20′59″N, 134°30′35″E

Палау, официјално Република Палау (палауански: Beluu er a Belau), е островска држава во Тихиот Океан, на 800 километри (500 mi) оддалеченост источно од Филипините 3200 километри (2000 mi) на југ од Токио. Произлегувајќи од старателите на Обединетите Нации (администриран од САД) во 1994, таа е една од најмладите и најмалите држави во светот. Во 1989 Палау била рангирана и категоризирана од CEDAM International број 1 подводно чудо на светот од седумте подводни чуда. Понекогаш се нарекува и според своето изворно име Белау.

Република Палау
Beluu er a Belau
Знаме
ХимнаBelau rekid
Наше Палау

Местоположба на Палау
Главен градМелекеок1
7°21′N 134°28′E / 7.350° СГШ; 134.467° ИГД / 7.350; 134.467
Најголем град Корор
7°20′N 134°29′E / 7.333° СГШ; 134.483° ИГД / 7.333; 134.483
Службен јазик Англиски, палауански
Признаени регионални јазици јапонски, ангаурски (во Ангаур),
сонсоролски (во
Сонсорол), тобиски (во
Хатохобеј), каролински,
филипински, кинески
Демоним Палауец
Уредување Демократска
претседателска република
во слободна асоцијација со САД.
 •  Претседател Томи Ременгесау
 •  Потпретседател Елајас Камсек Чин
Независност од поверена територија на ООН 
 •  Датум 1 октомври 1994 
Површина
 •  Вкупна 459 км2 (195та)
 •  Вода (%) занемарливо
Население
 •  проценка за 2016 г. 21,503[1] (224та)
 •  Попис 2013 20,918 
 •  Густина 46.7 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $297 милиони[2] 
 •  По жител $16,278[2] (81ва)
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $315 милиони[2] 
 •  По жител $17,286[2] 
ИЧР (2013) 0.775[3]
висок · 60та
Валута Американски долар (USD)
Часовен појас (UTC+9)
НДД .pw
Повик. бр. 680
1 На 7 октомври 2006, канцелариите на владините претставници биле преместени од поранешниот главен град Корор во Мелекеок, сместен 20 kм (12 ми) на североисток од Корор на островот Бабелтхауп. ² Проценките за БДП ги вклучуваат субвенциите и дотациите на САД (2004 проц.)

Историја

уреди

Рана историја

уреди
 
Корор за време на јапонското владеење во Втората светска војна.

Првите доселеници Палуанци дошле од Австралија, Полинезија и Азија. Според генетската анализа на Палуанците, тие имаат две потекла австралиско-папуанско и азиско потекло.

Во Европа и Австралија Палау е подобро познат по името „Црни Острови“

Според археолошките истражувања Палау е државата со најстари откиени гробови во Океанија и според ова се дебатира дали Палау бил населен во 2500 или 1000 година п.н.е.

Колонијална ера

уреди

Меѓу првите европјеци кои стапнале на палуанско тло се верува дека е шпанскиот морепловец Руј Лопес де Виљалобос, но сепак нема цврсти докази за тоа.

Палау имал слаба комуникација со околните острови, и воглавно комуникацијата се одвивала со Јава и Јап. Во 1783 година на островите стапнал и англискиот капетан Хенри Вилсон.

Како и Маријанските Острови, Каролинските Острови и Маршалските Острови, Палау бил дел од Шпанските Источни Инди и бил раководен од Шпанските Филипини сè до шпанско-американската војна во 1898.

Во 1885 година Германија ги окупирала островите и после шпанско-американската војна, Шпанија ги продала островите на Германија во 1899 со германско-шпанскиот договор.

По купувањето на островите, Германија започнала економска трансформација на Микронезија. Гермнаците започнале со ископување на рудното богатство и останатите природни ресурси.

Независност

уреди

Палау била интересна стратешка позиција на јапонските и американските воени сили. После Втората светска војна, ООН ги доделила островите на Палау под заштита на САД како дел од Федералните Држави на Микронезија, но Палуанците го одбиле тоа на гласање. Подоцна Палау гласал за осамостојување.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Палау.

Најнаселени острови на Палау се Ангаур, Бабелдаоб, Корор и Пелелиу. Околу две-третини од населението на Палау живее на островот Корор. Карпестите Острови кои се наоѓаат јужно од останатите поголеми острови се ненаселени.

Палау има тропска клима со просчна температура од 27 °C. Дождови има преку целата година и најчесто има дождови од јули до октомври. Тајфуните се ретко присутни на островите.

Политички систем

уреди

Политиките на Палау се одвиваат во рамките на претседателска република, каде претседателот на Палау е на чело на државата и на владата. Извршната власт во Палау е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и Националниот конгрес на Палау. Судската власт во Палау е независна.

Палау е независна држава и поради тоа самата ги остварува и одржува надворешните односи. Од независноста, Палау има остварено повеќе дипломатски односи, меѓу кои се голем дел од океанските држави. Во ООН е примена на 15 декември 1994.

Административна поделба

уреди
 
Шестанесетте држави на Палау.

Палау е поделен на 16 држави кои до 1984 година се нарекувале општини.

Држава Површина Попис од 2005
Аимелик 52 270
Аираи 44 2,723
Ангаур 8 320
Хатохобеј 3 44
Кајангел 3 188
Корор 18 12,676
Мелекеок 28 391
Нгарард 36 581
Нгарчелонг 10 488
Нгардмау 47 166
Нгаремленгуи 65 317
Нгатпанг 47 464
Нгчесар 41 254
Нгивал 26 223
Пелелиу 13 702
Сонсорол 4 100

Стопанство

уреди
 
Мостот Корор-Бабелдаоб

Економијата на Палау воглавно се заснова на туризам, земјоделство и риболов. Туристите се најчесто заинтересирани за нуркање. Владата на Палау е главниот работодавач во земјата која пак се заснова на приходите од туризам и финансиска помош од САД. Населението има примања повисоки од околните држави.

Население, јазик и религија

уреди

Палау има население од околу 21.000 жители од кои 70% се Палуанци. Филипинците се најголемо малцинство во државата.

Три четвртини од населението се христијани, воглавно католици и протестанти, додека останатиот дел се припадници на локални религии помешани со христијански елементи. Според пописот во 2005 година, 49.4% се католици, 21.3% се протестанти, 8.7% се модекнгеи и 5.3% се припадници на Црквата на адвентисти на седмиот ден.

Службени јазици на Палау се палуански јазик и англиски јазик, освен во две палуански држави, Сонсорол и Хатохобеи, каде локален јазик заедно со палуански е службен. тагалскиот не е службен јазик но е четврт најголем јазик на Палау.

Култура во Палау

уреди

Во Корор има неколку библиотеки, вклучувајќи ја и јавната библиотека со фонд од 17.000 книги. Националниот музеј е основан во 1973 година и се наоѓа во Корор.

Наводи

уреди
  1. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Palau. imf.org
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди