Македонска крвава свадба (филм)
Македонска крвава свадба — македонски филм од 1967 година, режиран од Трајче Попов, со Коле Ангеловски, Вера Чукиќ, Драгомир Фелба, Зафир Хаџиманов, Драги Костовски, Петре Прличко, Ристо Шишков, Јанез Врховец и Павле Вуисиќ во главните улоги.[1] Филмот е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 година.
„Македонска крвава свадба“ | |
---|---|
Плакатот на филмот | |
Режисер | Трајче Попов |
Сценарист | Славко Јаневски |
Главни улоги | Ристо Шишков Петре Прличко Коле Ангеловски Вера Чукиќ Драгомир Фелба Зафир Хаџиманов Драги Костовски Љупка Џундева Јанез Врховец Вукосава Донева - Варколи Павле Вуисиќ Илија Милчин Чедо Камџијаш Ристо Стефановски |
Музика | Кирил Македонски |
Монтажа | Вангел Чемчев |
Дистрибутер | Вардар Филм |
Премиера | 1 јануари 1967 |
Времетраење | 102 мин |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Кратка содржина
уредиФилмот ја раскажува приказната за девојката Цвета (Вера Чукиќ) која е грабната од страна на еден османски бег (Ристо Шишков) и потоа однесена на неговиот харем. Иако бегот се обидува да ја потурчи, нејзината упорност, како и нејзините соселани, предводени од саканикот Спасе (Зафир Хаџиманов) и месниот поп (Павле Вуисиќ), потпомогнати од дипломатите на големите сили на крајот успеваат да ја ослободат. На денот на нејзината свадба, доаѓаат бегот и неговите војници во обид да ја повратат девојката. Цвета умира, но Спасе успева да го убие бегот и потоа „заминува со комитите“.[1]
Улоги
уредиНагради
уреди- 1968 - ФЈИФ во Пула, „Златна арена“ за сценографијата на Никица Лазаревски
- 1969 - „Златна плакета“ со ликот на Ленин по повод прикажувачкиот успех во СССР[1]
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Македонска крвава свадба“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-15.[мртва врска]