1921 во архитектурата
Во 1921 година во архитектурата се случиле некои значајни настани.
Години во архитектурата |
---|
Поврзани теми од периодот |
Завршени градби
уреди- Ајнштајновата кула во близина на Потсдам, Германија, дизајнирана од страна на Ерих Мендедлсон.[1]
- Берлинер Тагеблат, дизајниран од страна на Ерих Мендедлсон.
- Тековната централна железничка станица во Сиднеј, Австралија.
- Кулата Харкнес во Универзитетот Јејл во Њу Хејвен, Конектикат, САД, после 4-годишна изградба.
- Пченкарската палата во Мичел, Јужна Дакота, САД е завршена (освен куполите кои биле додадени во 1937 година).
- Храмот Вонг Таи Син (Хонгконг) е преместен на денешната локација и е завршен.
- Новиот хиндуски Дургијански храм во Амрицар.
- Синагогата Охел Рејчел во Шангај, дизајнирана од страна на Роберт Бредша Мурхед и Сиднеј Џосеф Халсе, е завршена на 23 јануари.
- Хет Шип од Мишел де Клерк за Ајген Хард, во Амстердам.
- Споменик на есенските маченици (Denkmal der Märzgefallenen), од Валтер Гропиус во Вајмар, Германија.
- Мејслејк Пибоди во Оук Брук, Илиноис, САД.
- Филмската палата Театар Чикаго во САД.
- Тушинскиот театар во Амстердам, дизајниран од страна на Хијман Луј де Јонг, е отворен на 28 октомври.
Дизајни
уреди- Адолф Лос дизајнира мавзолеј за Макс Дворжак кој останува неизграден.[2]
Настани
уреди- Март – Пул & Вагнер склучуваат договор за декорација на ентериерот на Златната сала (Стокхолмска градска сала) со неовизантиски мозаици дизајнирани од страна на Ајнар Форсет.
- 21 март – Театро Јагуез во Порторико, дизајниран од страна на Хосе Сабас Хоноре, повторно е отворен.
- 27 мај – Слика од Буда е втемелена во главната сала на Даифукуџи Сото Зен Мишан во Хаваи.[3]
- 5 септември – Сервантескиот национален театар во Буенос Аирес, Аргентина, се отвора со La dama boba од Лопе де Вега.[4]
- Хуго Хајринг и Лудвиг Мис ван дер Рое стануваат дел од конкурсот за канцелариската зграда Фридрихштрасе, целосно направена од стакло.
- Започнува изградбата на Ватските кули во Лос Анџелес, дизајнирани од страна на Сајмон Родиа.
Награди и признанија
уреди- Златен медал од Американската академија на уметност и писма – Кас Гилберт.
- Кралски златен медал од Кралскиот институт на британски архитекти – Едвин Лутјенс.
Родени
уреди- 15 јануари – Улрих Франзен, германско-американски "бруталистички" архитект,[5] во Диселдорф (почина во 2012)
- 26 февруари – Анџело Манџиароти, италијански архитект и индустриски дизајнер, во Милано (почина во 2012)
- 14 март – Ада Луис Хакстабл, критичар и писател за архитектурата од Њујорк (почина во 2013)
- 22 јули – Колин Мадиган, австралиски архитект (почина во2011)
- 6 септември – Љубов Димитријевна Усова, руски архитект роден во Белорусија
Починати
уреди- 3 март – Пјер Кјојперс, холандски архитект на цркви и музеи (роден во 1827)
- 18 мај – Мартин Нироп, дански архитект на Копенхагенското градско собрание (роден во 1849)[6]
- 1 јуни – Сер Роберт Рованд Андерсон, шкотски викторијански архитект (роден во 1834)
- 10 декември – Џорџ Ашлин, ирски црковен архитект (роден во 1837)
Наводи
уреди- ↑ Paul Sigel, Silke Dähmlow, Frank Seehausen und Lucas Elmenhorst, Architekturführer Potsdam – Architectural Guide, Dietrich Reimer Verlag, Berlin 2006, ISBN 3-496-01325-7.
- ↑ Joseph Masheck (15 May 2013). Adolf Loos: The Art of Architecture. I.B.Tauris. стр. 254. ISBN 978-1-78076-423-8.
- ↑ „Historic Places in Hawaii County“ (PDF). official state web site. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ Teatro Cervantes (шпански)
- ↑ Vitello, Paul (14 October 2012). Ulrich Franzen, Designer of Brutalist Buildings, Dies at 91, The New York Times
- ↑ Funder, Lise (1979). Arkitekten Martin Nyrop. København: Foreningen til gamle Bygningers Bevaring.