Бакарно Гумно (Чепигово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бакарно Гумно

Карта

Местоположба 41°15′42″N 21°23′26″E / 41.26167° СГШ; 21.39056° ИГД / 41.26167; 21.39056
Основни податоци
Место Чепигово
Општина Прилеп
Тип

 населба


Период бакарно време
бронзено време
Портал „Археологија“

Бакарно Гумноархеолошко наоѓалиште во прилепското село Чепигово. Претставува населба од бакарното и бронзеното време.

На околу 500 м југозападно од селото има осамена височинка што доминира над рамнината на Пелагонија, на која се среќаваат остатоци од населба. Со ископувањето во 1959 година, извршено од Народниот музеј од Прилеп, се откриени четвртести надземни куќи, множество фрагменти од керамички садови, пластика, коскени и камени орудија, кои упатуваат на преодниот период од неолитот во бронзеното време, односно на бакарното време, како и на почетоците на бронзеното време.[1]

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 316. ISBN 9989-649-28-6.