Павле Божинов
Павле Стефков Божинов ( 1921 во Црешево, Скопско — 12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на бригадата против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. Потоа со бригадата учествувал во конечното ликвидирање и разоружување на балистичките банди на Косово. Пролетта 1945 година заедно со бригадата бил во близината на Белград. Таму се обучувал за претстојната борба против непријателот. На 12 април 1945 година во големата офанзива со која биле разбиени и пробиени германските утврдени позиции кај Товарник, храбро загинал во близина на Шид.[1]