Бугаромани
Бугароман — поим којшто се употребува за означување човек од етничко македонско потекло кој, под влијание на бугарската пропаганда, себеси се смета за Бугарин.
Бугароманите, застануваат во одбрана на политичката, идеолошката и историската позиција на Република Бугарија и работат на штета на својата матична држава, Република Македонија. Слична („поблага“) форма на бугароманијата е бугарофилијата - термин со кој се означуваат отворени симпатии кон бугарските етничко-културолошки обележја, но не и по штета на сопствената матична држава.
Меѓу најраните употреби на овој термин од македонски автор, се забележува во делото „За Македонцките работи“, од Крсте Петков Мисирков.[1]
„Гркоманите" во Белград од година на година се уголемуваа со нои „гркомани" и „бугаромани", но и iедните и друзите натре во Србиiа мачно се преобрнуваа во „србомани".
Додека, рана употреба на терминот бугароман од странски автор, е забележана од Петар Даниилович Драганов виден руски славист, по потекло Бугарин. Тој како стипеднист на Бугарската егзархија, во 1885г., добил задача да работи на бугаризација на македонското население, но всушност ја осознал посебноста на македонскиот јазик, при што запишал:[2][3]
…Meѓу Македонците има очајни бугаромани и очајни србомани, но има и таканаречени автономисти и автохтонисти коишто велат дека [Maкeдонците] никако не се дел од големите идеи на Симеон Бугарски и на Душан Српски.
ВМРО (Обединета), исто така во 1930г., издава Повик кон Македонците за борба против асимилацијата на македонскиот народ во трите дела на поделена Македонија, а против пропагандите на соседите, во кој стои:[4]
Ние треба да изјавиме за да чујат сите, дека не сме ниту Срби, ни Грци, ни Бугари. Ние сме Македонци, самостојна македонска нација. Само така најдобро ќе ја браниме самостојноста на нашето движење и нашето право на независна македонска држава.
Поробувачите од Белград, Атина и Софија ја кријат и ја замаглуваат оваа вистина, за да не претопат и да го овековечат своето владеење над Македонија. Македонските чорбаџии се исто така во нивна поткрепа. Тие станаа србомани, бугаромани и гркомани, бидејќи заедно со империјалистите и тие го ограбуваат и угнетуваат работното македонско население.
—Областен комитет на ВМРО(Об.) во Македонија под бугарска власт
Употреба на термините
уредиНаучната јавност, внимава на употребата и немешањето на поимите: македонски Бугари, бугараш, бугарофил и бугароман. Но, често јавните гласила, медиуми намерно или ненамерно знаат да ги употребат овие термини во погрешен контекст. Бугароманијата има за цел, со употреба на сите средства да ја постави бугарската пропаганда како релевантно мерило за супериорноста на бугарската држава, политика и историја, на сметка на соседните држави. Бугарскиот автор Чавдар Маринов, Прабугароманијата ја поврзува со многубројната издадена литература во изминатите декади која според него, не секогаш има научна основа да ги поврзува историските факти.[5]
Како дел од Бугарската пропаганда
уредиБугарската пропаганда, била силно подржана и спроведувана преку Егзархијата, на што јасен осврт и критика дава и македонскиот револуционер и деец, Петар Поп Арсов, во неговото дело „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, дека луѓето кои се именувале за бугари, го правеле тоа за пари (а, не од национално чувство или припадност кон бугарската нација):
„Егзархијата совршено смислено се стреми да го ликвидира секое посамостојно движење кај нас, на Македонецот да му ја одзеде секоја можност да се занимава со повозвишени општествени прашања; да нè окове во синџири за да нè разигрува како мечка и да нè води таму од каде што ќе добие поголем бакшиш… Што сакате впрочем од куклите што ги создава егзархискиот режим?! – ,Дај ми пари, и ќе се чинам бугарин’… И Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува …”
Поголемиот број македонски дејци биле под силен напад и агитација на бугарската пропаганда и стоеле на патот на бугароманите, еден од нив бил и Ѓорче Петров.[6]
Преку спроведување на бугарската[7] и било која странска (српска, грчка или албанска) пропаганда, како и порано така и во денешно време се врши разнебитување на државниот поредок на нашата држава. Ова се врши преку три етапи, во кои удел заземаат и локалните бугаромани и бугарофили:[6]
- Разнебитување на институциите на државата: создавање неред во школскиот и здравствениот систем, се маргинализира улогата на армијата, полицијата, дипломатијата, се прават паралелни институции и организации.
- Обезличување или вршење егзодус на народот: преку разни форми на денационализација или економски притисок врз народот, со примање на туѓо државјанство и пасоши заради разни политички и квазибизнис пропаганди
- Освојување на територијата на државата: со спонтани ненасилни, но најчесто насилни методи (принудна продажба на имотот заради влошени меѓусоседски односи, влошени безбедносни состојби или заради иселување на цели семејства во градовите или во странство, но во последно време и заради етничка и верска нетрпеливост).
Разлика во терминологија
уредиВо денешно време термините:
- Македонски Бугари - опишуваат Бугарско малцинство кое живее во Република Македонија. Во периодот на Втората светска војна, терминот Македонски Бугарин бил истоветен со бугароман, што се гледа од обраќањето на Кочо Рацин кон Македонските Бугари и нивните заложби.[8]
- Бугарофил - опишува човек кој приоритет му е Република Македонија, (нејзината култура, цивилизација, историја), а кога се работи за други држави, секогаш ја претпочита и поддржува Бугарија (но, не и по штета на Македонија)
- Бугароман - опишува човек кој поради бугарската пропаганда, себеси си се декларира како Бугарин, а притоа работи за бугарската кауза, ја шири бугарската пропаганда, на штета на својата матична држава Република Македонија.
- Бугараш - овој термин бил во голема употреба, после Втората светска војна, но неправедно со ист назив - бугараши, биле етикетирани македонските патриоти од една страна, но и бугарофилите и бугароманите од друга страна.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Мисирков, Крсте (1903). „За македонцките работи - Викиизвор“. mk.wikisource.org.
- ↑ „Како Бугаринот Драганов наместо бугаризација почна мисија за посебноста на македонскиот јазик“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2021-01-08.
- ↑ Петар Драганов и Македонија и Македонците. Скопје: МАНУ. 2009. ISBN 608-203-039-7. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Историска вистина. Скопје: Култура. 1981. стр. 79–80. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Marinov, Tchavdar (2001). „National Myths in Post-Communist Bulgaria and Their Criticism“. Euxeinos 2: 6. Проверете ги датумските вредности во:
|year= / |date= mismatch
(help) - ↑ 6,0 6,1 Одбрана на Македонизмот. Битола: Македонско научно друштво-Битола. 2012. стр. 44–45, 92–93. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Бугарската влада финансира организација за „освестување на македонските Бугари"“. Радио Слободна Европа.
- ↑ „Оригинален напис "Македонци или македонски Б'лгари"каде Кочо Рацин им се обраќа на македонските бугаромани“. Брегалнички Портал.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Бугарските фалсификати на документи поврзани со македонската самобитност - 2 дел - Александар Донски