Санде Петков Јовановски ( 1927 во Црешево, Скопско6 ноември 1944 во Бањани, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во септември 1944 година, тој стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистичките банди, кои вршеле притисок од кај Качаник на терените на Скопска Црна Гора. Бил учесник и во ноќните акции против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Во една битка против балистичките банди на 6 ноември 1944 година, храбро загинал кај Бањански Рид. Неговите останки биле пренесени и закопани во родното село Црешево.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 201. На |first= му недостасува |last= (help)