Викиншки метал

поджанр на хеви металот

Викиншкиот метал (анг. viking metal) е фузиран жанр на метал музиката кој опфаќа голем број на групи и се однесува пред сè на тематиката на песната, а не нејзината музика. Групите кои припаѓаат на овој жанр се припадници на многу правци на метал музиката, како фолк метал, блек метал, дет метал, а во последно време и на пауер металот.[1]

Развој

уреди

Викиншкиот метал најверојатно потекнува од групата Bathory и нивните албуми Blood Fire Death и Hammerheart. Овие албуми прават спој помеѓу блек металот и нордиската народна музика за да постигнат една епска, паганска атмосфера, полна со сцени од нордиската митологија. Друг важен албум за овој жанр е The Wayward Sons Of Mother Earth од бендот Skyclad, кој заедно со Hammerheart, помага во дефинирањето на жанрот фолк метал.[2]

Музички белези

уреди

Иако викиншкиот метал не може да се класифицира технички како жанр со свои посебни белези, разните викиншки метал бендови делат некои слични елементи. Скоро универзална е почитта кон паганската германска и викиншка култура, како и одбивноста кон христијанството и негова замена со неопагански и асатру верувања. Самата музика е често романтизирана и епска, слична на нордискиот фолклор и создава атмосфера збогатена со паганска и метал традиција.[3]

Изведувачи и албуми типични за прaвецот на викиншки метал

уреди

Наводи

уреди
  1. Mulvany, Aaron Patrick (2000). "Reawakening Pride Once Lost": Indigeneity and European Folk Metal“. Wesleyan University. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. Marshall, David W. (2007). Mass Market Medieval: Essays on the Middle Ages in Popular Culture. McFarland & Company. ISBN 978-0-7864-2922-6.
  3. Freeborn, Robert (2010). „A Selective Discography Of Scandinavian Heavy Metal Music“ (PDF). Sound Recording Reviews. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-31. Посетено на 2013-03-24.