Judas Priest

англиска хеви-метал-група

Judas Priest (транскрипција: Џудас прист) ― англиска хеви-метал група основана во Бирмингем во 1969 година. Со продадени преку 50 милиони албуми,[2] тие често се наведуваат за една од најголемите метал-групи на сите времиња. Групата се пробила на популарната музичката сцена во 1980 година со објавувањето на нивниот шести студиски албум British Steel.

Judas Priest
Judas Priest на настап во 2018 година
Животописни податоци
ПотеклоБирмингем, Англија[1]
Жанровихеви-метал
Период на активност1969[1]–денес
Издавачи
Мреж. местоjudaspriest.com

Во текот на својата историја групата често го менувала составот. Најпродаван албум на групата бил Screaming for Vengeance (1982) кој бил снимен со нивната комерцијално најуспешна постава: пејачот Роб Халфорд, басистот Иан Хил, гитаристите Глен Типтон и К.К. Даунинг и тапанарот Дејв Холанд. Типтон и Хил се единствените членови од групата кои се појавиле на секој албум.

Оперскиот глас на Халфорд и звукот на двојната гитара од Даунинг и Типтон имале големо влијание врз хеви-метал-групите. Имиџот на Judas Priest со кожна облека, нитни и други табу-елементи во облеката била многу влијателна за време на глам-метал ерата во 1980-тите. За албумот British Steel, Гардијан навел дека тоа е плоча која го дефинира хеви-металот. И покрај намалената активност во средината на 1990-тите, групата успеала да заживее преку светски турнеи и со добивањето на многу престижни музички признанија и награди: Рок-признание од VH1 (2006), Греми награда за најдобра метална изведба (2010) и станале членови во Куќата на славните на рокенролот со „Награда за музичка извонредност“.[3]

Историја

уреди

Почетоци и прв албум (1969–1976)

уреди

Judas Priest била основана во 1969 година во Бирмингем[1] [4] од фронтменот Ал Аткинс и басистот Брајан „Бруно“ Степенхил, со Џон Пери на гитари и Џон „Феза“ Патриџ на тапани. Пери си го одзел животот на 18-годишна возраст,[5] а на аудицијата за негова замена бил идниот гитарист на Judas Priest, Кенет „Кеј Кеј“ Даунинг. Името на групата ѝ го дал Степенхил кој пак го позајмил од насловот од песната на Боб Дилан „The Ballad of Frankie Lee and Judas Priest“.[6] Во 1970 година, Патриџ бил заменет со тапанарот Фред Вули, кој подоцна повторно им се придружил на Чатавеј и Степенхил во групата Bullion.[7] Ниту еден член на групата не опстоил доволно долго за да свири на записите на групата.

Првиот албум Rocka Rolla бил издаден во 1974 година за независната издавачка куќа Gull Records и содржел некои песни кои биле создадени за време на соработката со Аткинс, но биле целосно препеани од Роб Халфорд.

Турнејата за Rocka Rolla била прва меѓународна турнеја на Judas Priest[8] со концерти во: Германија, Холандија, Норвешка и Данска. Албумот не бил успешен, а Priest се нашле во тешка финансиска состојба. Тие се обиделе да обезбедат договор со Gull Records, но биле одбиени.[9]

Консолидирање на музичкиот стил и имиџот на групата (1975-1977)

уреди

На 26 март 1976 година, групата го издала албумот Sad Wings of Destiny. Албумот се истакнувал со стилот воден од риф и гласовниот дијапазон на Роб Халфорд; албумот содржи широк спектар на правци, расположенија и текстури, инспирирани од многу групи како: Queen, Led Zeppelin, Deep Purple и Black Sabbath. „The Ripper“ била водечки сингл.[6] Sad Wings of Destiny имал позитивен прием од критичарите, но слаба продажба.

Групата била незадоволна од Gull;[6] поради лошата финансиска состојба Мур по втор пат ја напуштил групата, овој пат засекогаш.[10] Sad Wings of Destiny го привлекол вниманието на CBS Records и со помош на новиот менаџер Дејвид Хемингс, групата потпишала договор со CBS и добила буџет од 60.000 фунти за нивниот следен албум.

Прв албум со голема издавачка куќа (1977-1979)

уреди

Првиот албум на Judas Priest со голема издавачка куќа, Sin After Sin, бил снимен во јануари 1977 година во студиото од The Who, а продуцент бил басистот од Deep Purple, Роџер Гловер.[6] Албумот бил издаден на 8 април 1977 година од Columbia Records. Ова бил нивниот единствен албум со тапанарот Сајмон Филипс, студиски музичар кој го заменил оригиналниот тапанар Алан Мур за сесиите за снимање.[6] Албумот содржи и поп-метал преработка на песната „Diamonds & Rust“ од фолк пејачката Џоан Баез.[6]

Врв на популарност (1979-1991)

уреди
 
Judas Priest на настап во 1981 година, за време на нивната светска турнеја.

По објавувањето на Killing Machine (1978) бил издаден албумот во живо, Unleashed in the East (1979). Тоа бил прв платинест албум на Judas Priest.

Лес Бинкс дал отказ кон крајот на 1979 година и бил заменет со Дејв Холанд, поранешен член од групата Trapeze. Со оваа постава, Judas Priest снимиле шест студиски и еден албум во живо.

Култниот албум на групата насловен British Steel од 1980 година се смета, меѓу другото, како делумно заслужен за бумот на новиот бран на британскиот хеви-метал. Со Breaking the Law, Living After Midnight и United, албумот содржи некои од најпознатите песни на Judas Priest. Групата за прв пат снимила музички спотови. Во 1981 година следел албумот Point of Entry.

Албумот Screaming for Vengeance од 1982 година ја содржи песната „You've Got Another Thing Comin“, која станала голем радиски хит во САД. Овој албум станал двојно платинест.[11]

На 29 мај 1983 година, групата настапила на „Ден на хеви-металот“, музички фестивал во Сан Бернардино спонзориран од Стив Возниак. На фестивалот учествувале и: Quiet Riot, Mötley Crüe, Ози Озборн, Triumph, Scorpions и Van Halen.

 
Даунинг и Типтон настапуваат во Сан Себастијан, за време на нивната турнеја Metal Conqueror во 1984 година

Албумот Defenders of the Faith бил објавен во 1984 година. Некои критичари го нарекле „Screaming for Vengeance II“, поради неговата музичка сличност со претходниот албум.[12]

На 13 јули 1985 година, Judas Priest, заедно со Black Sabbath и други изведувачи, свиреле на концертот Live Aid во Филаделфија.

Албумот Турбо бил објавен во април 1986 година. Овој албум е познат по тоа што групата го променила правецот во комерцијален глам-метал и за прв пат употребила гитарски синтисајзери. Албумот предизвикал разочарување кај многу стари обожаватели поради наводната „комерцијална ориентација“, но сепак бил успешен и создал нови фанови за групата. За поддршка на албумот групата имала успешна турнеја со 100 концерти во Северна Америка, Европа и Јапонија во 1986 година. Албумот во живо, снимен на турнејата, насловен како Priest...Live! бил објавен во 1987 година. Видео документарецот Хеви-метал паркиралиште (англиски: Heavy Metal Parking Lot) бил направен од Џеф Крулик и Џон Хејн во 1986 година. Ги документира љубителите на хеви-металот кои чекаат на 31 мај 1986 година за концерт на Judas Priest во Капитал Центар во Ландовер, Мериленд. .

 
Роб Халфорд во 1988 година. Еден од заштитните изведби на Priest на сцената било Халфорд да вози мотор.

Во мај 1988 година, бил издаден Ram It Down со кој групата повторно се свртела кон тешкиот хеви-метал звук. Било направено и музичко видео за хард-рок верзијата од рокенрол-класиката од Чак Бери, Johnny B. Goode.

На албумот Painkiller (објавен во септември 1990 година) новиот тапанар, Скот Тревис (порано од Racer X) на групата ѝ дал повозбудлив звук благодарение на честата употреба на двојни педали. Овој албум, исто така, ги исфрлил синтисајзерите во стилот на 1980-тите за сите песни освен за „A Touch of Evil“. На турнејата биле користени групи како: Annihilator, Megadeth, Pantera, Sepultura и Testament за предгрупи, а кулминирала со настапот на Rock in Rio во Бразил пред 100.000+ фанови.

Заминувањето на Халфорд и ангажирање на Тим Овенс (1991-2003)

уреди

Откако завршила Painkiller турнејата во август 1991 година, имало индикации за внатрешни несогласувања во групата. Халфорд основал треш-метал група наречена Fight. Поради договорните обврски, тој останал со Judas Priest до мај 1992 година.[13]

Халфорд соработувал со Judas Pries во издавањето на компилацискиот албум насловен Metal Works '73–'93 со кој се одбележила 20-годишнината од основањето на групата.

 
Judas Priest на настап во 2002 година, со Тим Овенс (во средината) како фронтмен на групата

Останатите членови на Judas Priest ги поминале следните неколку години во потрага по замена за Халфорд. Откако беа одбиени многу кандидати, во 1996 година за нов пејач на Judas Priest бил ангажиран Тим Овенс. Оваа постава објавила два студиски албума, Jugulator во 1997 година (во 1999 година, песната „Bullet Train“ била номинирана за Греми награда за најдобра метал-изведба)[14] и Demolition во 2001 година. Исто така биле издадени два двојни албуми во живо - '98 Live Meltdown и Live in London (2003).

Во интервјуто за МТВ во февруари 1998 година, Халфорд се изјаснил како геј.[15]

Враќање на Халфорд (2003–2006)

уреди

По големиот притисок од публиката за повторно обединување на Judas Priest и Роб Халфорд, било објавено дека тие ќе се обединат во јули 2003 година, што ќе се совпадне со објавувањето на бокс-сетот Metalogy (и покрај претходното инсистирање на Халфорд дека „никогаш нема да се врати“).[16] Тие биле на концертна турнеја низ Европа во 2004 година. Judas Priest и „Рипер“ Овенс пријателски се разделиле и Овенс се приклучил на американскиот хеви метал бенд Iced Earth.

Новиот студиски албум, Angel of Retribution, бил издаден на 1 март 2005 година (САД) под Sony Music / Epic Records. Албумот бил пофален од критиката и во 2005 година на групата ѝ ја донел наградата „Golden Gods за најдобар албум“ доделена од списанието Metal Hammer.[17] Следела светска турнеја за поддршка на албумот. По завршувањето на турнејата Retribution во јуни 2006 година, Халфорд објавил дека ќе основа своја издавачка куќа, Metal God Entertainment, каде што ќе го објави целиот свој соло-материјал под своја контрола.

Judas Priest, заедно со Queen, Kiss и Def Leppard добиле „Рок-признание од VH1“ во првата година од неговото доделување.[18]

Подоцнежни години (2006-денес)

уреди

Албумот Nostradamus бил издаден во јуни 2008 година; истиот месец групата започнала турнеја за негова поддршка.[19]

На 14 јули 2009 година, Judas Priest објавиле нов албум во живо, со 11 претходно необјавени песни во живо од светската турнеја во 2005 и 2008 година, A Touch of Evil: Live. На почетокот на 2010 година, групата добила „Греми награда за најдобра метал-изведба“ за нивната песна Dissident Aggressor.[20]

Judas Priest на 7 декември 2010 година објавиле дека нивната светска турнеја Epitaph ќе биде проштална турнеја на групата и ќе трае до 2012 година.[21]

 
Јудас Прист на настап во Sauna Open Air во 2011 година

На 20 април 2011 година, било објавено дека Кеј Кеј Даунинг се повлекол од групата и нема да ја доврши светската турнеја Epitaph. Ричи Фокнер, гитарист од групата на Lauren Harris, бил најавен како негова замена за светската турнеја Epitaph.[22] По повлекувањето на Даунинг, басистот Ијан Хил станал член со најдолг стаж во групата.

На 13 септември 2011 година, Priest ги објавиле плановите да издадат нов компилациски албум, The Chosen Few, колекција на песни од Priest избрани од други популарни хеви-метал музичари.[23]

На 5 јуни 2013 година, Халфорд рекол дека светската турнеја „Epitaph“ нема да биде последна турнеја на групата.[24]

На 14 мај 2014 година, оригиналниот гитарист на групата Ерни Чатавеј починал од рак на 62-годишна возраст.[25] Албумот Redeemer of Souls бил објавен на 8 јули 2014 година. Бил продаден во околу 32.000 копии во САД и тоа бил прв топ-10 албум на групата во САД.[26] По завршувањето на турнеја за поддршка на албумот (траела од 1 октомври 2014 до 17 декември 2015 година) на 25 март 2016 година групата го објавила шестиот албум во живо, Battle Cry, снимен на фестивалот Wacken Open Air во Германија на 1 август 2015 година.[27] [28] [29]

Осумнаесеттиот албум, Firepower, бил издаден на 9 март 2018 година, а потоа заминале на светска турнеја, која започнала во Северна Америка.[30] [31] [32]

На 12 февруари 2018 година, Глен Типтон обелоденил дека има Паркинсонова болест и дека ќе се повлече од турнеите. Според групата, болеста брзо напредувала и тој не можел да ги свири „ попредизвикувачките“ песни. Енди Снип бил најавен како негова замена за турнејата.[33]

На 8 март 2024 година го објавиле албумот Invincible Shield.[34] Водечкиот сингл „Panic Attack“ бил достапен за стриминг на 13 октомври.[35] [36] Вториот сингл од албумот „Trial by Fire“ бил објавен на 17 ноември 2023 година,[37] а два месеци подоцна следел и синглот „Crown of Horns“.[38]

Членови на групата

уреди

Сегашни членови

  • Ијан Хил – бас, повремени придружни вокали (1969-денес)
  • Роб Халфорд – главен вокал (1973–1992, 2003–сега)
  • Глен Типтон – гитари, придружни вокали, клавијатури (1974-денес)
  • Скот Тревис – тапани, повремени придружни вокали (1989-денес) [39]
  • Ричи Фокнер – гитари, придружни вокали (2011–сега)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Rocka Rolla (1974)
  • Sad Wings of Destiny (1976)
  • Sin After Sin (1977)
  • Stained Class (1978)
  • Killing Machine (1978)
  • British Steel (1980)
  • Point of Entry (1981)
  • Screaming for Vengeance (1982)
  • Defenders of the Faith (1984)
  • Turbo (1986)
  • Ram It Down (1988)
  • Painkiller (1990)
  • Jugulator (1997)
  • Demolition (2001)
  • Angel of Retribution (2005)
  • Nostradamus (2008)
  • Redeemer of Souls (2014)
  • Firepower (2018)
  • Invincible Shield (2024)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Bowe 2009
  2. „JUDAS PRIEST Celebrates Over 50 Million Album Sales Worldwide“. BLABBERMOUTH.NET (англиски). 2022-12-02. Посетено на 2023-05-20.
  3. Hammerpublished, Metal (2022-05-04). „At last – Judas Priest will finally make it into the Rock And Roll Hall Of Fame“. loudersound (англиски). Посетено на 2022-05-06.
  4. Regeniter, Anna (2018-03-12). Reise Know-How CityTrip Birmingham (германски). Reise Know-How Verlag Peter Rump. ISBN 978-3-8317-4930-0.
  5. „Original JUDAS PRIEST Singer Talks About His Early Songwriting Contributions To Band“. Blabbermouth.net. 22 June 2008. Посетено на 30 April 2021.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Popoff 2007.
  7. „Judas Priest early years“. Brumbeat.net. Посетено на 30 April 2021.
  8. „Judas Priest Info Pages – Forging The Metal“. Thexquorum.com. Посетено на 18 April 2014.
  9. „Judas Priest Behind The Music Remastered: Judas Priest“. MTV. Архивирано од изворникот на 2014-04-27. Посетено на 18 May 2014.
  10. Daniels 2007.
  11. „Screaming for Vengeance Info Page“. Judas Priest Info Pages.
  12. „Defenders of the Faith Info Page“. Judas Priest Info Pages. Архивирано од изворникот на 5 February 2007.
  13. „War of Words Info Page“. Judas Priest Info Pages. Архивирано од изворникот на 5 February 2007.
  14. „Judas Priest“. RecordingAcademy.com (англиски). 2020-11-23. Посетено на 2022-05-06.[мртва врска][мртва врска]
  15. „Rob Halford Discusses Sexuality Publicly for the First Time“. MTV News. 5 February 1998. Архивирано од изворникот на 2008-10-08. Посетено на 24 May 2010.
  16. „Interview with Rob Halford of Two“. NY Rock. Архивирано од изворникот на 7 September 2012. Посетено на 7 September 2012.
  17. „Metal Hammer Award Winners Announced“. Metalunderground.com. Посетено на 22 January 2018.
  18. „VH1.com: Rock Honors 2006 - Honorees: Judas Priest“. 31 March 2009. Архивирано од изворникот на 31 March 2009. Посетено на 30 April 2021.
  19. Saulnier, Jason (16 April 2011). „Rob Halford Interview, Judas Priest Singer talks Rare Recordings“. Music Legends. Архивирано од изворникот на 4 August 2013. Посетено на 3 May 2013.
  20. „Judas Priest Grammy Nomination for Dissident Aggressor“. Judaspriest.com. 4 December 2009. Посетено на 7 November 2010.
  21. „JUDAS PRIEST Announces Farewell 'Epitaph' Tour – Dec. 7, 2010“. Blabbermouth.net. 7 December 2010. Посетено на 8 December 2010.
  22. „News – K.K. DOWNING retirement Press Release“. JudasPriest.com. 20 April 2011. Посетено на 10 July 2011.
  23. Празен навод (help)
  24. „JUDAS PRIEST's Rob Halford, Richie Faulkner Talk Epitaph, 40th Anniversary – "It's Not The End of Touring; We Are Still Going To Be Going Out There". Bravewords.com. Архивирано од изворникот на 12 June 2013. Посетено на 14 June 2013.
  25. Deriso, Nick (14 May 2014). „ORIGINAL JUDAS PRIEST GUITARIST ERNIE CHATAWAY DIES OF CANCER“. Townsquare Media. Посетено на 14 May 2014.
  26. „Judas Priest Lands First Ever Top 10 Album in U.S. With 'Redeemer of Souls'. Blabbermouth.net. 16 July 2014. Посетено на 10 August 2014.
  27. „JUDAS PRIEST TO ANNOUNCE TOUR DATES IN SUPPORT OF 'REDEEMER OF SOULS'. judaspriest.com. 20 May 2014. Посетено на 20 May 2014.
  28. „Judas Priest announces 2014 Tour Dates, Barclays Center, Izod Center, Atlantic City, FFF Fest & more included“. Brooklynvegan.com. 27 June 2014. Посетено на 10 July 2014.
  29. „Judas Priest 2015 Redeemer of Souls Tour Schedule With Saxon“. 11 January 2015. Архивирано од изворникот на 2 April 2015. Посетено на 29 March 2015.
  30. „JUDAS PRIEST To Release 'Firepower' Album; North American Tour Announced“. Blabbermouth.net. Посетено на 23 October 2017.
  31. „SAXON And BLACK STAR RIDERS To Support JUDAS PRIEST On 'Firepower' North American Tour“. Blabbermouth.net. Посетено на 23 October 2017.
  32. „JUDAS PRIEST: Listen To Audio Sample Of 'Firepower' Title Track“. Blabbermouth.net. Посетено на 27 November 2017.
  33. Snapes, Laura (2018-02-12). „Judas Priest's Glenn Tipton diagnosed with Parkinson's disease“. TheGuardian.com. Посетено на 2018-02-12.
  34. „JUDAS PRIEST To Release New Studio Album, 'Invincible Shield', In March 2024“. Blabbermouth.net. 7 October 2023.
  35. „New Judas Priest Single 'Panic Attack' To Arrive On Friday“. Blabbermouth.net. 8 October 2023. Посетено на 10 October 2023.
  36. „Hear JUDAS PRIEST's New Single 'Panic Attack' From Upcoming 'Invincible Shield' Album“. Blabbermouth.net. 13 October 2023.
  37. „JUDAS PRIEST Releases Music Video For Latest Single 'Trial By Fire'. Blabbermouth.net. 29 November 2023.
  38. „JUDAS PRIEST Shares Another New Song, 'Crown Of Horns', From Upcoming 'Invincible Shield' Album“. Blabbermouth.net. 19 January 2024.
  39. „Why K.K. Downing is 'Surprised' by Judas Priest's Recent Output“. Ultimate Classic Rock. 2 September 2021.

Наведени дела

уреди

Надворешни врски

уреди