©Универзитет Веслиан во Охајо

Мото: In lumine tuo videbimus lumen

Печат: Wesleiana Universitas Ohioensis Delawarensi: Университет Веслиан во Охајо

Отворање 1842 г.
Тип Приватен универзитет
Претседател Марк Хадлстон
Годишна Такса за 2005/2006 $35,830
Максимална Годишна Финансиска Помош за Меѓународни Студенти $27,920
Локација Делавер,Охајо
Студенти 1950
Финансиски ресурси 150 мил. долари
Околина Предградие
Површина 200 акри (0,8 км2)
Спортски тим Веслијанските боречки бискупи

Универзитетот Веслиан во Охајо е една од првите високошколски установи во Охајо во САД, и се наоѓа на 20 милји северно од Колумбус, главниот град на американската сојузна држава Охајо.

Сулфурниот извор, реновиран во 2005 година, главно место за одмор за трагачите по здравје во 1830-тите.

Мисија

уреди

Универзитетот, користејќи ги традициите и современиот цивилизациски напредок учествува во развојот на науката, културата и стопанството, како и во решавањето на важни научни, техничко-технолошки и општествени проблеми. Основните цели на кои е поставена мисијата на универзитетот се:

  1. Образование и подготвување на студентите за активно и работно вклучување во современо општетство,
  2. Вршење на научно - истражувачка дејност на меѓународно ниво,
  3. Подготвување на научен кадар за сопствени потреби и за потребите на други средини и стопанството,
  4. Учество во цивилизациските промени и збогатување на културата на земјата, а посебно во науката, техниката, медицината и здравството.

Историја

уреди
 
Поранешна бејзбол игра на Едвардс поле, со Едвардс Гимназија во позадина.

Отворањето на Универзитетот Веслиан во Охајо е извршено на ноември 1842 година, а првите предавања се одржани на 1844 година. На почетокот, предавале 20 наставници и еден асистент, додека настава слушале 30 редовни студенти.

За Универзитетот

уреди

Денес Универзитетот Веслијан во Охајо вклучува осум високообразовни установи и 20 факултети.

Библиотека

уреди

Во склоп на Веслиан функционира библиотеката „Бигли“, именувана по човекот чија визија беше основање и развој на библиотеката. Главна цел на кадарот кој работи во библиотеката е да го зголеми нивото на информации, образование и да се осигура околина за проток и размена на информации и за многу други културни активности.

Катедри

уреди
 
Салата Stuyvesant, изградена во 1930 година, е најстарата резиденција во употреба на Западниот кампус.
  • Правни студии
  • Деловна администрација
  • Јавна администрација
  • Комуникациски науки
  • Компјутерски науки
  • Математика
  • Германски јазик и книжевност
  • Англиски јазик и студии
  • Германски јазик и студии
  • Француски јазик и студии
  • Историја
  • Социологија
  • Географија

Надворешни врски

уреди

Официјално мрежно место на Универзитетот Веслијан во Охајо