Rush

канадска рок-група

Rush ― канадска рок-група основана во Торонто во 1968 година. Групата се смета за еден од основоположниците на прогресивниот рок, а исто така многу придонеле за популаризација на овој музички жанр во текот на 1970-тите и биле инспирирација за многу познати групи како: Metallica,[8] Primus,[9] Rage Against the Machine,[9] The Smashing Pumpkins,[9] Dream Theater,[10] и Symphony X.[11]

Rush
Промотивна слика на групата во 1981 година (од лево кон десно): Геди Ли, Нил Пирт и Алекс Лајфсон
Животописни податоци
Познат(а) и како
ПотеклоТоронто, Онтарио, Канада
Жанрови
Период на активност1968–2015
Издавачи
Мреж. местоrush.com

Во 2022 година, со продадени 26 милиони албуми, Rush биле рангирани на 84-то место во САД.[12] Се проценува дека во светски рамки продале преку 42 милиони албуми. Имаат 14 платинести и 3 мултиплатинести албуми во САД,[13] и 17 платинести албуми во Канада. Rush биле номинирани за седум Греми награди,[14] освоиле неколку Џуно награди, а во во 2009 година добиле награда за Меѓународно достигнување од SOCAN. [15] Во 1994 година групата била примена во Куќата на славата на канадската музика, а во 2013 година и во Куќата на славните на рокенролот.[16] [17]

Историја

уреди
 
Алекс Лајфсон, коосновач на Rush

Групата била основана во август 1968 година во Торонто од гитаристот Алекс Лајфсон, басистот и фронтмен Џеф Џонс и тапанарот Џон Рутси. На почетокот немале име, сакале нешто кратко и се одлучиле за името Rush.[18] Rush вежбале сет-песни претежно составен од преработки на различни рок-музичари, како: Cream, Џими Хендрикс и Џон Мајал. Групата набргу станала квартет составен од Гиди Ли, Лајфсон, Јанг и Рутси, а Реј Дејниелс бил ангажиран за нивен менаџер.[19] Групата имала неколку промени во составот. Во 1973 година, Rush неуспешно се обиделе да најдат издавачка куќа за снимање на нивниот прв албум. По ова, Реј предложил да основа своја издавачка куќа, која подоцна била наречена Moon Records. Во јули 1974 година, на местото на Џон Рутси на тапани дошол Нил Пирт. Оваа последна промена во составот на се случила две недели пред нивната прва турнеја во САД. Притоа бил формиран конечниот состав на групата.

Rush првиот успех го постигнале со нивниот втор албум Fly by Night (1975). Комерцијалниот неуспех на нивниот следен албум Caress of Steel, објавен седум месеци по Fly by Night, било причина за групата за малку да го раскине договорот со нивната тогашна издавачка куќа Mercury Records. Со четвртиот албум, 2112 (1976), Rush си ја повратиле претходно стекнатата популарност, и тоа било нивен прв албум кој се пласирал во топ-5 на канадската топ-листа. Нивните следни два албума, A Farewell to Kings (1977) и Hemispheres (1978), исто така биле успешни, а A Farewell to Kings станал прв албум на Rush кој влегол на топ листите во ОК. Групата била популарна и во текот на 1980-тите и на 1990-тите, со албуми кои високо котирале на топ-листите во Канада, САД и Велика Британија, како: Permanent Waves (1980), Moving Pictures (1981), Signals (1982), Grace Under Pressure (1984), Roll the Bones (1991), Counterparts (1993) и Test for Echo (1996). Rush продолжила да снима и да настапува до 1997 година, по што групата заминала на четиригодишна пауза поради личните трагедии во животот на Пирт. Триото се регрупирало во 2001 година и издало уште три студиски албуми: Vapor Trails (2002), Snakes & Arrows (2007) и Clockwork Angels (2012). Своите последни концерти Rush ги одржала во 2015 година, а подоцна истата година Пирт се повлекол од музиката. Во јануари 2018 година, Лајфсон навел дека групата одлучила да ги замрзне своите активности по турнејата R40.[20] [21] Пирт починал од глиобластом, тип на рак на мозокот, на 7 јануари 2020 година, на возраст од 67 години.[22] Ли и Лајфсон периодично продолжиле да работат заедно, вклучувајќи го и настапот за прославата на 25-годишнината од Саут Парк и оддавањето почит на тогаш неодамна починатиот тапанар од Foo Fighters, Тејлор Хокинс во 2022 година,[23] [24] а во 2023 година се воделе разговори за повторно обединување.[25]

 
Првото лого на Rush, кое се појавува на нивниот деби албум

Музички стил и влијаније

уреди

Музичкиот стил на Rush многу се променил со текот на годините. Нивниот прв албум бил под силно влијание на британскиот хард-рок заснован на блуз: мешавина на музика и стил од рок-групи како Битлси, Блек Сабат, The Who, Cream и Лед Цепелин.[26] [27] [28] [29] Подоцна Rush биле под сè поголемо влијание на британските групи кои свират прогресивен рок, а најмногу на: Пинк Флојд, Genesis, Yes и Jethro Tull.[30] [31] Во 1980-тите, Rush својата музика ја прилагодиле со трендовите од овој период, експериментирајќи со њу вејв, реге и поп-рок.[32] Во раните 1990-ти, групата уште еднаш го променила својот стил и се вратила на поприземен хард-рок-стил, а истовремено се усогласила со популарниот во тоа време алтернативен рок.[33]

Дискографија

уреди

Студиски албуми  

  • Rush (1974)
  • Fly by Night (1975)
  • Caress of Steel (1975)
  • 2112 (1976)
  • A Farewell to Kings (1977)
  • Hemispheres (1978)
  • Permanent Waves (1980)
  • Moving Pictures (1981)
  • Signals (1982)
  • Grace Under Pressure (1984)
  • Power Windows (1985)
  • Hold Your Fire (1987)
  • Presto (1989)
  • Roll the Bones (1991)
  • Counterparts (1993)
  • Test for Echo (1996)
  • Vapor Trails (2002)
  • Snakes & Arrows (2007)
  • Clockwork Angels (2012)

Наводи

уреди
  1. Banasiewicz, Bill. „Rush – Visions: The Official Biography – Chapter 1“. Архивирано од изворникот February 11, 2014. Посетено на March 10, 2007.
  2. Sanneh, Kelefa (June 19, 2017). „The Persistence of Prog Rock“. The New Yorker. Архивирано од изворникот June 12, 2017. Посетено на February 28, 2022.
  3. Hann, Michael (January 25, 2018). „Rush: a band who sparked the teenage imagination like few others“. the Guardian. Архивирано од изворникот December 25, 2018. Посетено на February 28, 2022.
  4. Bowman, Durrell (2014). Experiencing Rush: A Listener's Companion. Rowman & Littlefield. стр. 29. ISBN 978-1442231306. ...Rush's hybrid of heavy metal, hard rock, and progressive rock.
  5. McDonald, Chris (2009). Rush, Rock Music, and the Middle Class: Dreaming in Middletown. Indiana University Press. стр. 74, 127. ISBN 978-0-253-22149-0. ...Rush's hard rock orientation... Rush's hard rock roots...
  6. Bowman, Durrell; Berti, Jim (2011). Rush and Philosophy: The Heart and Mind United. Open Court Press. стр. 287. ISBN 978-0812697162. Rush mainly demonstrates 'Canadianness' by combining such British and American influences as progressive rock, hard rock, and individualism.
  7. Martin Melhuish (November 13, 1976). „Canadian Artists get Heavy Polydor Push“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. стр. 63–. ISSN 0006-2510. Архивирано од изворникот December 23, 2019. Посетено на October 20, 2018.
  8. Rush’s 30th Anniversary Tour Архивирано на 14 октомври 2009 г.. Austin Chronicle Music. Retrieved August 16, 2006.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Rush profile“. CNN. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2006-08-17.
  10. Rush’s 30th Anniversary Tour Архивирано на 14 октомври 2009 г.. Austin Chronicle Music. Retrieved August 16, 2006.
  11. FAQ Архивирано на 17 февруари 2009 г.. Symphony X Official website. Accessed: August 16, 2006.
  12. „RIAA – Top Selling Artists“. RIAA. Архивирано од изворникот на December 9, 2013. Посетено на March 21, 2022.
  13. „RIAA – Artist Tallies“. RIAA. Архивирано од изворникот на July 29, 2013. Посетено на June 11, 2013.
  14. Krewen, Nick (September 5, 2012). „The Spirit of Rush“. GRAMMY.com. Архивирано од изворникот на June 17, 2016. Посетено на February 7, 2017.
  15. „2009 SOCAN AWARDS – TORONTO SHOW“. SOCAN.ca. Архивирано од изворникот на August 10, 2016. Посетено на February 7, 2017.
  16. Greene, Andy (December 11, 2012). „Rock and Roll Hall of Fame 2013 Inductees: Rush, Public Enemy, Heart and Randy Newman“. Rolling Stone.com. Архивирано од изворникот на February 6, 2017. Посетено на February 7, 2017.
  17. „Rush joins Rock and Roll Hall of Fame“. CBC News. April 18, 2013. Архивирано од изворникот на August 28, 2013. Посетено на April 19, 2013.
  18. Elliott, Paul (February 3, 2016). „The History of Rush by Geddy Lee & Alex Lifeson: The Early Years“. Loudersound. Архивирано од изворникот на January 25, 2017. Посетено на February 6, 2017.
  19. "Geddy Lee Talks About Getting Fired From Rush In The Early Days".
  20. „RUSH Guitarist ALEX LIFESON: "We Have No Plans To Tour Or Record Anymore. We're Basically Done". Blabbermouth. January 19, 2018. Архивирано од изворникот на January 11, 2020. Посетено на January 19, 2018.
  21. Wheeler, Brad (January 16, 2018). „How the end of Rush let Alex Lifeson be 'as creative as I want to be'. The Globe and Mail. Архивирано од изворникот на February 22, 2020. Посетено на January 21, 2018.
  22. Празен навод (help)
  23. The surviving members of Rush reunite to perform Far Out Magazine.
  24. Eli Enis (September 28, 2022). „See TOOL's Danny Carey Play "YYZ" With Rush Members at Taylor Hawkins Tribute Show“. Revolver. Посетено на November 10, 2023.
  25. „Geddy Lee Confirms He and Alex Lifeson Talked About Continuing Rush With Another Drummer“. Ultimate Guitar. December 3, 2023. Посетено на December 4, 2023.
  26. „The Beatles song Geddy Lee said created heavy metal“. August 25, 2022.
  27. Rush album AllMusic.
  28. „Rush biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на November 19, 2013. Посетено на November 24, 2013.
  29. Today's Tom Sawyer (Alex Lifeson Interview) Архивирано на 25 април 2012 г..
  30. „The Quietus – Features – Baker's Dozen – In The Mood: The Favourite Albums Of Rush's Geddy Lee“. The Quietus. Посетено на November 25, 2014.
  31. „Geddy Lee Interview“. Bass Player Magazine. March 2006. Архивирано од изворникот на June 20, 2008. Посетено на March 30, 2006.
  32. "Signals".
  33. "Counterparts".

Надворешни врски

уреди