Спид метал
Стилско потекло: NWOBHM, хардкор-панк
Културно потекло: доцни 1970-ти и рани 1980-ти во Велика Британија и САД
Типични инструменти: електрична гитара • бас • тапани • вокал
Мејнстрим популарност: средна во раните и средни 1980-ти
Изведени форми:треш-метал, пауер-метал, неокласичен метал, блек-метал, дет-метал
Регионални сцени
САД • Обединето Кралство • Германија

Спид-метал — подвид на хеви-металот, кој настанал во раните 80-ти години на минатиот век. Иако се тврди дека е создаден во 80-тите години од XX век, неговите корени се уште подалеку во музичката историја, поточно кон средината на 70-тите. Во тоа време во Велика Британија се случувал Новиот бран на британскиот хеви-метал, кој бил инспирација за андерграунд-бендовите да експериментираат со брзината на звукот. Критиката како негови својства му ги препишува брзината, абразивноста и техничкото совршенство.[1]

Особености

уреди

Спид-металот по своите инструменти, тематската обоеност на песните и перформанс многу наликува на треш-металот. Дури ни оние постари обожаватели кои слушаат хеви-метал не можат со сигурност да тврдат кои бендови припаѓаат исклучително на овој жанр. Но постои едно нешто околу кое има единствени мислења, а тоа е дека заслепувачката брзина на гитарите, солажи кои се екстремно тешки за свирење, анти-социјални текстови и аранжманите карактеристични за прогресивен рок се доминантните црти на овој музички правец.

Стандардната постава за спид-метал бенд е: две електрични гитари, бас-гитара и тапани. Рифовите кои се користат се сложени и комплексни, ритамот на песната нагло и постојано се менува, а најчести се темите за војна, јадрено оружје, загадување на средината и човековата алчност. Вокалите се длабоки и зарипнати, а неретко и пригушени како во дет-металот. Техниката за свирење со нејзината строгост, умешност и иновативност потсетува на онаа на хардкор-панк бендовите.[2]

Корени и почетоци

уреди

Три појави се сметаат за клучни во постанокот и развојот на спид-металот. Тоа се групите Металика, Мегадет и Егзодус. Првиот албум на Металика, Kill 'Em All е зародишот на оваа музика, и секако албумот кој извршил најголемо влијание врз спид-метал групите. И Мегадет дале свој придонес во музичкото оформување и созревање на спидот преку плочата Killing Is My Business... and Business Is Good!. Егозодус во 1985 г. со Bonded by Blood се појавил на спид-сцената, но овој бенд беше засенет од комерцијалниот успех на претходните два. Други постави кои се под капата на спид-металот се Prong, Voivod, и Nuclear Assault.[3]

Спид-металот денес

уреди

Панк и треш-метал бендовите од доцните 80-ти користеле елементи од спидот, додека во 90-тите години неговата популарност почнала да опаѓа. Овој факт се должи на тоа што гранж музиката стапила на сцена, додека оние сѐ уште популарни хеви-метал и хард-рок состави како Metallica и Guns N' Roses почнале да испробуваат побавни стилови. Денес, оваа музика е вратена на маргините на поп културата.

Подоцнежни музички правци

уреди

Како што објаснуваат изведувачите на самата музика, во спид-металот акцентот се става на музиката и лимитите до каде може да оди таа, додека текстот и вокалниот перформанс се во втор план. Создавањето на овој вид било неопходно, бидејќи екстремниот метал освен по тврдата и бучна музика, се препознавал и по неговата брзина. Многумина од слушателите на оваа музика ќе речат дека трешот е спој на хардкор-панк и спид-метал. Подоцна овој жанр, заедно со неговиот побратим треш металот ќе бидат причина за појава на дет-метал и блек-метал, форми многу поагресивни од самиот спид.

Изведувачи и албуми типични за спид-металот

уреди

Наводи

уреди
  1. „Metal About - History of speed metal“. Архивирано од изворникот на 2006-03-20. Посетено на 2012-09-14.
  2. „Silver Dragon Records - History of speed Metal“. Архивирано од изворникот на 2006-12-31. Посетено на 2012-09-14.
  3. Thrash Armageddon - Speed metal is...