Thin Lizzy
Thin Lizzy ― ирска хард-рок група основана во Даблин во 1969 година. Првата постава на Thin Lizzy се состоела од: бас-гитаристот, фронтмен и главен текстописец Фил Лајнот, тапанарот Брајан Дауни, гитаристот Ерик Бел и оргулистот Ерик Виксон; Вриксон си заминал по само неколку месеци. Откако Бел ја напуштил групата кон крајот на 1973 година, во групата веднаш како водечки гитаристи дошле: Скот Горхам, кој останал со групата до нивното распаѓање во 1983 година, и Брајан Робертсон, кој во 1978 година бил заменет со Гери Мур. Мур бил заменет со Snowy White во 1980 година и Џон Сајкс во 1982 година. Во 1980 година на составот се приклучил и клавијатуристот Дарен Вартон. Меѓународни хитови на групата биле: „Whiskey in the Jar“ (1972), „The Boys Are Back in Town“ (1976) и „Waiting for an Alibi“ (1979); неколку албуми на „Thin Lizzy“ стигнале до топ-10 во ОК. Музичкиот стил на групата бил под влијание на многу правци како: блуз, соул-музика, психоделичен рок и традиционална ирска народна музика, но обично се сметаат за хард-рок или понекогаш за хеви-метал група.
Thin Lizzy | |
---|---|
Thin Lizzy на настап во 1983 година (од лево кон десно):
Џон Сајкс, Фил Лајнот, Скот Горхам, Дарен Вартон (Брајан Дауни не се гледа) | |
Животописни податоци | |
Потекло | Даблин, Ирска |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | thinlizzyband.com |
Водач на групата бил Фил Лајнот, а тој ги напишал или бил котекстописец на речиси целиот материјал на групата во нејзиното 14-годишно постоење и дванаесетте студиски албуми. Тој бил прв црн Ирец кој имал комерцијален успех во рок-музиката. Покрај тоа што групата се состоела од членови од различни раса, во неа членувале музичари од двете страни на ирската граница, а и од католичката и од протестантската заедница за време на „Неволјите“.
По смртта на Лајнот во 1986 година, со текот на годините групата била неколкупати возобновувана, првично околу гитаристите Горхам и Сајкс, иако Сајкс ја напуштил групата во 2009 година. Горхам подоцна продолжил со нов состав во кој бил и Дауни. Во 2012 година, Горхам и Дауни одлучија повеќе да не снимаат нов материјал под името Thin Lizzy и за турнеи и нови албуми основале нова група наречена Black Star Riders. По ова, членовите на Thin Lizzy се собирале повремено за одржување концерти.[2]
Магазинот „Ролинг Стоун“ ја опишува групата како изразито хард-рок, „многу далеку металот од средината на 70-тите“.[3] Критичарот на AllMusic Џон Дуган напишал дека „Како креативна сила на групата, Лајнот бил подетален и поинтелигентен текстописец од многумина негови колеги, претпочитајќи да пишува за љубовните драми и омрази на работничката класа под влијание на Боб Дилан, Брус Спрингстин и всушност целата ирска книжевна традиција“.[4]
Историја
уредиПред основање
уредиДвајца од основачите на Thin Lizzy, бас-гитаристот и вокалист Фил Лајнот и тапанарот Брајан Дауни, се запознале додека биле на училиште во Даблин во раните 1960-ти. Лајнот, роден на 20 август 1949 година во Вест Бромвич, Англија, од мајка Ирка и татко од Гвајана живеел во Даблин од негова тригодишна возраст.[5] Дауни е роден на 27 јануари 1951 година во Даблин. Лајнот во 1963 година како пејач се придружил на месната група Black Eagles, а Дауни бил ангажиран како тапанар во 1965 година.[6] Во 1967 година, Лајнот се придружил на групата Skid Row.[6] На групата во 1968 година ѝ се приклучил тинејџерскиот гитарист од Белфаст Гери Мур.[6] По разочарувачкото телевизиско појавување во јуни 1969 година, Шилс го отпуштил Лајнот од групата, но тие останале во добри односи.[6] Лајнот потоа ја основал групата Orphanage, со Дауни на тапани.[6]
Гитаристот Ерик Бел, роден во Белфаст на 3 септември 1947 година, својата музичка кариера ја започнал свирејќи во локални групи како што се Deltones, Shades of Blue и Bluebeats, и последната инкарнација на Them со Ван Морисон. Бел потоа се преселил во Даблин и се придружил на групата Dreams,[5] но заминал во 1969 година за да основа рок-група. Еден познаник на Бел, оргулистот од Белфаст, Ерик Вриксон, исто така поранешен член на Them, исто така се преселил во Даблин и имал слични планови да напредува во рок-музиката.[6]
Почетоци (1969–1972)
уредиThin Lizzy била основана во декември 1969 година откако Бел и Вриксон случајно се сретнале во еден паб во Даблин. Вечерта отишле на концерт на групата Orphanage, во која членувале тапанарот Брајан Дауни и вокалистот Фил Лајнот. По концертот, Бел и Риксон им предложиле на Лајнот и на Дауни заедно да основаат група.[6] Лајнот и Дауни биле запознаени за добрата музичка репутација на Бел,[7] и се согласиле под услов Лајнот да свири бас гитара и да пее, а групата да изведе некои од композициите на Лајнот.[5] Подоцна во сè уште неименуваната група им се приклучил Вриксон.[5]
Во јули 1970 година, групата го издала синглот „The Farmer “/„I Need You“, со издавачката куќа EMI. Синглот бил продаден во само 283 примероци и сега е колекционерски предмет.[5] Риксон ја напуштил групата пред објавувањето на синглот, што значело дека поголем дел од приходот бил поделен меѓу тројцата преостанати членови.[7] Риксон се преселил во континентална Европа пред да се врати во Белфаст за повторно да се приклучи на својата стара група, Them.[8] Риксон починал на 13 јули 2015 година.
Кон крајот на 1970 година, Thin Lizzy потпишале договор со Decca Records и во јануари 1971 година заминале за Лондон за да го снимат нивниот прв албум, Thin Lizzy. Албумот се продавал добро, но не успеал да се најде на топ-листите во ОК, и покрај емитувањето и поддршката од влијателни диџеи како Џон Пил и Кид Џенсен.
Во март 1971 година, групата трајно се преселила во Лондон и го објавувила неуспешното EP „New Day“ во август.[8] И покрај слабата продажба, Дека се согласила да го финансира вториот албум на групата Shades of a Blue Orphanage, објавен во март 1972 година. Музичкиот стил на албумот бил комбинација на келтски мотиви и примеси на хард-рок.[5] И овој албум не се нашол на топ листите во ОК.
Во средината на 1972 година, од Thin Lizzy било побарано да сними албум со преработки од Deep Purple. Албумот бил издаден во јануари 1973 година под наслов Funky Junction Play a Tribute to Deep Purple.[7]
„Whiskey in the Jar“ (1972–1974)
уредиКон крајот од 1972 година, групата тргнала на турнеја со висок профил во Велика Британија со Слејд и Сузи Кватро. Речиси истовремено, Decca ја издала верзијата на Thin Lizzy од традиционалната ирска балада, „Whiskey in the Jar“, како сингл. Групата не била задоволна од ова, сметајќи дека песната не е во склад со нивниот звук и нивниот имиџ,[8] но синглот се искачил на врвот на ирската топ-листа и стигнал до бр. 6 во ОК во февруари 1973 година, и како резултат на тоа групата се појавила на Top of the Pops. Исто така, се нашла на топ-листите во многу земји низ Европа. Следниот сингл, „Randolph's Tango“, со препознатливиот стил на Лајнот, се нашол на топ-листите само во Ирска.[9]
Следниот албум на групата, Vagabonds of the Western World, бил издаден во септември 1973 година, но повторно не успеал да се најде на топ листите.[9] Придружниот сингл „The Rocker“ бил успешен само во Ирска.[7]
По настапот на Универзитетот Квин во Белфаст на 31 декември 1973 година, Ерик Бел ја напуштил групата поради лошо здравје и поради разочарување од музичката индустрија. Тој веднаш бил заменет со поранешниот гитарист од Skid Row, Гери Мур, кој ја довршил турнејата.[7] Мур останал во групата до април 1974 година; групата снимила три песни со него вклучувајќи ја и верзијата на „Still in Love with You“ која била вклучена на четвртиот албум Nightlife.[7]
По заминувањето на Мур, Лајнот одлучил да ја прошири поставата со двајца гитаристи и ангажирал два нови члена за да ја заврши турнејата низ Германија во мај 1974 година. Оваа постава била привремена бидејќи Лајнот и еден од гитаристите Џон Кан не успеале да се договорат,[7] а другиот гитарист Енди Џи бил под договор со друга издавачка куќа. Турнејата била предвреме завршена, а разочараниот Дауни ја напуштил групата. Тој бил замолен да ја преиспита одлуката кога договорот на Thin Lizzy со Decca бил при крај.[8]
Имало аудиции за нови членови, а Лајнот и Дауни на крајот се договориле со 18-годишниот гитарист од Глазгов Брајан Робертсон и Скот Горхам од Калифорнија. Новиот состав брзо нашол меѓусебно разбирање,[8] и обезбедил нов договор за снимање со Phonogram. Но, следниот албум Nightlife бил разочарување за групата поради неговата блага продукција и неразвиениот стил.[5] Робертсон ја нарекол продукцијата на Рон Невисон „прилично невкусна“, а Горхам рекол дека записот е „смешен и досаден“.[7] Како и претходните три албуми, не успеал да се најде на топ-листите; бил продаден во околу 10.000 примероци.[7]
„The Boys Are Back in Town“ (1975–1977)
уредиНа почетокот од 1975 година, Thin Lizzy за прв пат биле на турнеја во САД, како поддршка за Боб Сигер и Bachman–Turner Overdrive (ВТО). Кога BTO биле на турнеја низ Европа за поддршка на нивниот хит-сингл „You Ain't Seen Nothing Yet“, Thin Lizzy повторно ги придружувале на турнејата.[7] Thin Lizzy потоа го снимиле албумот Fighting, кој станал прв албум кој влегол на топ-листите во Велика Британија и стигнал до 60-тото место, но сингловите од него не се нашле на топ-листите. На албумот за прв пат се појавил звукот на двојна гитара што ќе ја одведе групата кон нивните најголеми успеси, особено со двојната хармонија на „Wild One“ и солото на двата гитаристи на „Suicide“.[5]
По успешната турнеја како поддршка на Status Quo, групата го снимила албумот Jailbreak со кој се пробиле во светски рамки. Албумот бил објавен на 26 март 1976 година и го содржи светскиот-хит „The Boys Are Back in Town“ кој стигнал до бр. 8 во ОК и бр. 12 во САД.[10] Албумот исто така добро котирал на топ листите на двете страни од Атлантикот, достигнувајќи дестто место во ОК и 18-то место во САД. Звукот на двојната гитара веќе бил целосно развиен и бил присутен низ целиот албум. Thin Lizzy биле на турнеја низ САД како поддршка на различни групи како: Aerosmith, Rush и REO Speedwagon, и планирале повторно да гостуваат таму во јуни 1976 година, овој пат со Rainbow. Меѓутоа, Лајнот се разболел од хепатитис и турнејата била откажана.[5]
Додека Лајнот бил болен, тој го напишал најголемиот дел од следниот албум, Johnny the Fox. Албумот бил снимен во август 1976 година, а на сесиите излегле на површина тензиите меѓу Линот и Робертсон.[7] Лајнот сè уште се потпирал на келтската митологија и неговите лични искуства за лирски идеи, кои доминираа на Johnny the Fox и на другите албуми од успешниот период на Thin Lizzy во средината на 1970-тите.[5] Турнејата за поддршка на албумот била многу успешна и следувале дополнителни ТВ-настапи, како што е ТВ Специјалот од Род Стјуарт на Би-Би-Си.[8]
Важната турнеја низ САД во декември 1976 година морало да биде откажана откако Брајан Робертсон ја повредил раката во тепачка додека се обидувал да го одбрани својот пријател.[11] Робертсон тврдел дека, за разлика од извештаите од тоа време, тој не бил пијан и отишол на местото само на доручек.[5] [7] Лајнот бил лут и го заменил Робертсон со Гери Мур за уште една турнеја низ САД во периодот јануари-април 1977 година, овојпат поддржувајќи ја групата Квин.[12] Турнејата била успешна и Лајнот го замолил Мур да остане, но тој се вратил во неговата претходна група, Колосеум II. Робертсон не бил отпуштен, но тој не бил сигурен за својата позиција во групата и правел планови да основа друга група со Џими Бејн од Rainbow.[7]
Тројцата преостанати членови од Thin Lizzy полетале за Канада во мај 1977 година за да го снимат албумот Bad Reputation. Еден месец по почетокот на работата, Робертсон им се придружил како гостин-музичар, придонесувајќи со гитарски делови за три песни, а како резултат на што тој официјално бил вратен во групата во јуни истата година.[5] Албумот бил објавен во септември и добро се продавал.[7] Исто така, во 1977 година, Thin Lizzy биле насловна група на Фестивалот во Рединг.[13]
Враќање на Гери Мур (1978-79)
уредиВо 1978 година, Thin Lizzy го издале нивниот прв албум во живо Live and Dangerous. Албумот забележал огромен успех; стигнал до второ место во ОК, а списанието Classic Rock во 2004 година го прогласил за најдобар албум во живо на сите времиња.[14]
По концертот на Ибица на 6 јули 1978 година, Робертсон засекогаш ја напуштил групата поради непомирливи несогласувања со Лајнот. [8] (Робертсон потоа со Џими Бејн основал нова група, Wild Horses).
На местото на Робертсон на групата повторно ѝ се приклучил Гери Мур, а во овој период групата соработувала со Стив Џонс и Пол Кук од Секс Пистолс, како и со Крис Спединг и Џими Бејн. На овој начин Лајнот можел да го усогласи својот бенд со панк движењето и да избегне да биде означен како „диносаурус“ како што биле многу други рок-групи од 1970-тите.[7]
Во август, групата започнала уште една турнеја во САД, а потоа биле на турнеја во Австралија и Нов Зеланд. Брајан Дауни не учествувал во турнејата, наведувајќи го заморот како причина и претпочитал да го поминува времето во Ирска. За турнејата бил заменет од американскиот тапанар Марк Наузеф.[8] По завршувањето на турнејата, Дауни повторно се приклучил на групата и тие на почетокот од 1979 година во Париз го снимиле албумот Black Rose: A Rock Legend. Двата сингла од него, „Waiting for an Alibi“ и „Do Anything You Want To“, биле успешни, а самиот албум го достигнал второто место во ОК.[15] Синглот „Сара“, посветен на новородената ќерка на Лајнот, уживал умерена популарност.[9]
На 4 јули 1979 година, по концертот во Оукленд, Гери Мур ненадејно ја напуштил Thin Lizzy. Години подоцна, Мур рекол дека не се кае што ја напуштил групата, „но можеби беше погрешен начинот на кој го направив тоа. Можев да го направам поинаку, претпоставувам. Но, едноставно морав да заминам“.[7] Тој потоа ја продолжил неговата соло кариера и објавил неколку успешни албуми. Гери Мур починал од срцев удар во Естепона, Шпанија на 6 февруари 2011 година, на 58-годишна возраст.[16] [17]
По заминувањето на Мур, Thin Lizzy ја продолжиле турнејата како трио пред за неколку концерти, а потоа Лајнот во групата го донел Миџ Уре како привремена замена за Мур.
Пред турнејата низ Јапонија која започнала во септември, Лајнот одлучил да донесе друг гитарист, Дејв Флет, а Уре бил префрлен на свирење на клавијатури. Турнејата била успешно завршена, но поставата сега содржела два привремени члена, а Лајнот трошел многу време на проекти надвор од Thin Lizzy, вклучително и компонирање и продуцирање материјали за други групи, како и составување на неговиот прв соло-албум Solo in Soho. [7] Лајнот, исто така, ги реактивирал The Greedy Bastards, кои во декември 1979 година објавиле божиќен сингл, "A Merry Jingle" под името The Greedies. Групата која била составена од Лајнот, Горхам, Дауни и членовите на Секс Пистолс Џонс и Кук, синглот стигнал до бр. 28 во ОК.[9]
Последни години и распад (1980-1983)
уредиДодека Лајнот барал постојан гитарист, тој и другите членови на Thin Lizzy, поранешни и тогашни, работеле на Solo in Soho, кој бил издаден во април 1980 година, и следниот албум од Thin Lizzy, Chinatown. Лајнот се оженил на 14 февруари, а неговата сопруга родила втора ќерка во јули.[18] Дејв Флет се надевал дека ќе стане постојан член на Thin Lizzy, но Лајнот ја избрал Snowy White, која свирела со Пинк Флојд и Питер Грин.[5] Миџ Уре сè уште бил привремен свирач на клавијатури на концертите на почетокот од 1980 година, но во април бил заменет од Дарен Вартон. Во тоа време Вартон имал само 18 години и прво бил ангажиран на привремена основа.[5] Оваа нова постава го комплетирала албумот Chinatown и од него биле објавени два сингла. Првиот, „Chinatown“, стигнал до бр. 21 во Обединетото Кралство, но вториот, „Killer on the Loose“, стигна до топ-10 и покрај многу негативниот публицитет поради тековните активности на серискиот убиец Питер Сатклиф, познат како „Јоркширски Мевосек“.[8]
Chinatown конечно бил издаден во октомври 1980 година, и достигнала број 7 во Велика Британија По успешната турнеја по Јапонија и Австралија, на крајот од 1980 година групата тргнала на она што требало да биде нивна последна турнеја во САД. На почетокот од 1981 година, Лајнот почнал да работи на неговиот втор соло-албум. Во исто време, групата снимала материјал за следниот албум.[7] [5]
Во април 1981 година, бил издаден првиот албум на групата со „Најголеми хитови“, а „The Adventures of Thin Lizzy“ иако бил самостоен сингл стигнал до бр. 6 во ОК, „Trouble Boys“, стигнал само до бр. 53, најлош пласман на топ-листа на групата од 1975 година.[8] Според Вајт[5] и Вартон,[7] Лајнот била единствена личност која сакала да ја објави песната, а на никој друг не му се допаднала песната. Еден од најважните моменти за групата во тоа време бил првиот концерт во замокот Слејн на 16 август, со поддршка од Кирсти Меккол, Хејзел О'Конор и U2.[5]
Вториот соло албум на Лајнот, The Philip Lynott Album, бил одложен за 1982 година, а Renegade бил завршен и издаден во ноември 1981 година. Renegade не бил успешен и стигнал до 38-мо место во ОК и 157-мо место во САД.[5] Само две песни од албумот биле напишани само од Лајнот, а другите членови од групата придонеле во компонирањето. Горхам и Вартон го изразиле своето незадоволство од некои од песните, како: „Angel of Death“, „Fats“ и „Mexican Blood“.[7] Вартон бил изоставен од фотографиите на групата на задниот дел од корицата, и покрај фактот што тој во тоа време бил постојан член на групата. „Тоа многу ме повреди“, рекол тој подоцна.[7]
Thunder and Lightning
уредиThe beginning of 1982 was marred by both Downey and Gorham having to take breaks from the European tour to recover from personal problems. Downey was involved in a fight in a nightclub in Denmark in February,[5] and Gorham was suffering from drug-induced exhaustion.[8] Downey missed five concerts, and was replaced by Mark Nauseef again for three of them, and by Mike Mesbur of support band The Lookalikes for the other two.[19] In March, Gorham collapsed and returned home; eight concerts were performed as a quartet and six others were postponed.[19]
Подоцна истата година, Лајнот тргнал на соло-турнеја и го издал неговиот втор соло-албум, кој не се продавал добро. Сноуи Вајт ја напуштил групата во август 1982 година, уморен од слабата организираност на распоредите и проблемите со дрогата на Лајнот.[20] Вајт подоцна имал успех на топ-10 листите во ОК со неговиот сингл „Bird of Paradise“ во 1983 година. Долгогодишниот коменаџер Крис Одонел исто така заминал во тоа време, подоцна изјави: „Некогаш брилијантната група се претвораше во глупост пред моите очи“. [7]
Линот сакал да најде замена за Вајт пред да почне да го снима следниот албум, кој ќе биде последен за групата. Во септември 1982 година, по неколку неуспешни проби со холандскиот гитарист Адријан Ванденберг,[21] тој се одлучил за Џон Сајкс. Thunder and Lightning бил објавен во март 1983 година и бил многу поуспешен од својот претходник.[9] Присуството на Сајкс музички ја подмладило групата, компонирањето било рамномерно распределено, а стилот станал многу потежок, свртувајќи се кон хеви-метал.[5]
Турнејата за поддршка на албумот требало да биде проштална турнеја, но Лајнот не бил сигурен дека ова ќе биде крајот на групата. Сајкс сакал да продолжи, но на Горхам му било доста.[7] Турнејата била успешна, а биле снимени и некои концерти за да се состави албум во живо. На дел од турнејата, многу од поранешните гитаристи на Thin Lizzy биле поканети на сцената да придонесат за некои од песните што тие првично ги снимиле, а единствени исклучок бил Snowy White. Албумот бил издаден во октомври 1983 година како Life.[9] Турнејата продолжила и биле објавени уште два сингла. Лајнот, исто така, тргнал на уште една соло-турнеја, придружуван од Дауни и Сајкс, под името The Three Musketeers.[5]
По тешката турнеја во Јапонија, во која некои членови од групата имале потешкотии да набават хероин,[7] Thin Lizzy го одржала последниот концерт во Обединетото Кралство на фестивалот Ридинг на 28 август 1983 година. Последниот концерт го одржале во Нирнберг на 4 септември, на фестивалот Monsters of Rock, по што членовите од групата се разишле.[9]
Други проекти по распаѓањето, смртта на Лајнот и возобновување на групата (1985-денес)
уредиКон крајот на 1983 година, Лајнот основал нова група наречена Grand Slam, но не успеале да потпишат договор со издавачка куќа и се разделиле на почетокот на 1985 година[8] Сајкс и Дауни прво се согласиле да бидат дел од групата, но Сајкс се приклучил на Whitesnake, а Дауни се предомислил.
Пред неговата смрт, Лајнот планирал да објави трет соло-албум и март 1986 година разговарал со Дауни за можно обединување на Thin Lizzy, веројатно со Горхам и Сајкс.[22]
Лајнот починал на 4 јануари 1986 година, на 36-годишна возраст, од внатрешни апсцеси, пневмонија и сепса, предизвикани од неговата зависност од дрога.[5] [7] [9]
На 17 мај, Thin Lizzy се обединиле за концертот на Self Aid, во состав: Гери Мур, Дауни, Горхам, Вартон и Боб Дејсли на бас. Компилацискиот албум „Soldier of Fortune“ бил издаден во 1987 година.[23]
Во 1996 година Џон Сајкс одлучил повторно да ја активира Thin Lizzy, претставувајќи ја групата како почит кон животот и делото на Фил Лајнот. [24] Тој ја презел улогата на главен вокал, и ги убедил Скот Горхам, Брајан Дауни и Дарен Вартон да се вратат во групата. За да го комплетира составот, Марко Мендоза бил ангажиран како басист.
Во 1997 година, Томи Олдриџ станал полноправен член, а набргу потоа Дауни ја напуштил групата. Оваа постава го снимила албумот во живо, One Night Only. Вартон ја напуштил групата на почетокот од 2001 година. Од 2000 до 2003 година, Мендоза бил на турнеја со Тед Нуџент и со Вајтснејк во 2004 година. Сајкс објавил два соло албума во текот на 2002-03 година, а Горхам работел со неговиот бенд 21 Guns. Thin Lizzy настапувале повремено во овој период.[25]
Во 2004 година, членовите на Thin Lizzy повторно почнале да работат заедно, Сајкс и Горхам ги довеле поранешниот басист на Angel, Ренди Грег, и тапанарот Мајкл Ли, кој свирел со Роберт Плант и The Cult меѓу другите. Тие биле на турнеја низ Северна Америка како специјални гости на Deep Purple. Мендоза се вратил во групата во 2005 година, а Олдриџ се вратил во 2007 година.
Сајкс изјавил дека Thin Lizzy сега е проект „повеќе од почит“[24] и дека би било погрешно да се снима нов материјал под тоа име. Тој додал дека иако постоечките членови на групата можеби снимаат заедно, тоа нема да биде објавено под Thin Lizzy. [24] Во јануари 2011 година, Горхам тврдел дека Лајнот би го одобрил продолжувањето на групата: „Тој работеше долги часови и патуваше илјадници милји за да достигне одредено ниво. Нема шанси да каже „Никој не треба да ги свири тие песни повторно.“ [26]
Thin Lizzy и The Answer требало да ги поддржуваат AC/DC на стадионите низ Англија, Ирска и Шкотска на крајот од јуни 2009 година, но овие настапи биле откажани откако тапанарот Олдриџ ја скрши клучната коска во несреќа. На 30 јуни, на веб-страницата на групата било потврдено дека Сајкс ја напуштил Thin Lizzy и биле откажани сите концерти до крајот на 2009 година.[27]
Во мај 2010 година била објавена нова постава. На групата ѝ се придружиле тапанарот Брајан Дауни, клавијатуристот Дарен Вартон, гитаристот од Деф Лепард, Вивијан Кембел, поранешниот басист од Whitesnake, Марко Мендоза (кој претходно свирел со Thin Lizzy помеѓу 1996-2001 и 2005-2007) и пејачот Рики Ворвик од The Almighty. Групата била на турнеја низ Велика Британија во јануари 2011 година.[28] [29]
Во април 2011 година групата објавила дека Вивијан Кембел пријателски ќе ја напушти Thin Lizzy за повторно да се придружи на Def Leppard. Тој бил заменет со гитаристот од Guns N' Roses, Ричард Фортус.[30] На 28 август, било објавено дека Дејмон Џонсон од групата на Алис Купер ќе го замени Фортус за турнејата на Thin Lizzy во САД со Judas Priest. Фортус се вратил на турнејата со Ганс енд Роузес до крајот на годината, а Џонсон оттогаш трајно го заменил Фортус.[31]
На 20 декември 2012 година, Горхам открил дека новиот материјал ќе биде снимен под името Black Star Riders и дека Дауни и Вартон избрале да не учествуваат во новиот проект на групата. Дауни решил да се одмори од турнеите, а Вартон ќе работи со својот бенд Dare и на филмски проект. Во март 2013 година, бендот бил на турнеја во Австралија под името Thin Lizzy, со Дауни и Вартон, заедно со Mötley Crüe и Kiss.
На 19 јануари 2016 година, најавила некои датуми за концерти за средината на 2016 година и почетокот на 2017 година за да ја одбележат 40-годишнината од објавувањето на Jailbreak и 30-годишнината од смртта на Лајнот.[32] Набргу потоа биле објавени дополнителни датуми. На 19 април било објавено дека Ди сепак нема да учествува, и дека тапанарот од Judas Priest , Скот Тревис, ќе го заземе местото на Дауни за сите концерти освен во Шведска на 6 август, кога свирел тапанарот од Europe, Иан Хаугланд. Исто така, бас гитаристот од Aerosmith, Том Хамилтон, бил потврден како басист на Thin Lizzy за овие концерти.[33]
Во септември 2021 година, Горхам ја напуштил групата Black Star Riders бидејќи групата планирала „многу тежок“ распоред на турнеи за да го промовира нивниот претстоен петти албум. Кон крајот на 2022 година, Горхам привремено се приклучил на турнејата на Black Star Riders и учествувал на турнејата за десетгодишнината од основањето во февруари 2023 година.[34]
Членови
уредиСегашни членови
- Скот Горхам – гитари, придружни вокали (1974–1983, 1996–)
- Дарен Вартон – клавијатури, ко-водечки и придружни вокали (1981–1983, 1996–2000, 2010–)
- Рики Ворвик – водечки вокал, повремени гитари (2010-)
- Дејмон Џонсон – гитари, придружни вокали (2011–)
- Скот Тревис – тапани, перкусии (2016–)
- Трој Сандерс – бас гитара (2019–)
Дискографија
уреди- Thin Lizzy (1971)
- Shades of a Blue Orphanage (1972)
- Vagabonds of the Western World (1973)
- Nightlife (1974)
- Fighting (1975)
- Jailbreak (1976)
- Johnny the Fox (1976)
- Bad Reputation (1977)
- Black Rose: A Rock Legend (1979)
- Chinatown (1980)
- Renegade (1981)
- Thunder and Lightning (1983)
Наводи
уреди- ↑ Bukszpan, Daniel (2003). The Encyclopedia of Heavy Metal. Barnes & Noble Publishing. стр. 252. ISBN 9780760742181.
- ↑ „Thin Lizzy to End, Black Star Riders to Begin“. noise11.com. 20 December 2012.
- ↑ Thin Lizzy.
- ↑ Thin Lizzy: Biography.
- ↑ 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 5,15 5,16 5,17 5,18 5,19 5,20 5,21 Byrne 2006.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Thomson 2016.
- ↑ 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 7,14 7,15 7,16 7,17 7,18 7,19 7,20 7,21 7,22 7,23 7,24 Putterford 1994.
- ↑ 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 8,10 8,11 Bailie 1996.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 Brooks 2000.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Johnny Black (30 August 2017). „What happened the night Brian Robertson got glassed at The Speakeasy“. loudersound.com.
- ↑ Phil Chapman (1 Oct 2017). The Dead Straight Guide to Queen. This Day In Music Books. стр. 128. ISBN 9781787590502.
- ↑ Mullally, Una (30 March 2019). „The summer of 1977 was the moment rock music tipped over in Ireland“. Culture. Irish Times. Посетено на 24 May 2019.
- ↑ „Thin Lizzy top live album poll“. BBC. 1 August 2004. Посетено на 17 April 2011.
- ↑ „The Official Charts Company – Thin Lizzy“. Official Charts Company. Посетено на 25 June 2008.
- ↑ „Former Thin Lizzy guitarist Moore dies“. The Irish Times. 6 February 2011.
- ↑ „Guitarist Gary Moore 'died of heart attack'“. BBC. 8 February 2011.
- ↑ Philomena Lynott, "My Boy: The Philip Lynott Story", Virgin, 1995.
- ↑ 19,0 19,1 „Thin Lizzy Tour 1982“. Thin Lizzy Guide. Посетено на 4 June 2012.
- ↑ Interview with Snowy White, BBC Radio 1, "The Friday Rock Show", 8 January 1986.
- ↑ „Whitesnake Guitarist Explains Why He Refused to Join Band at First, Talks Declining Offer From Thin Lizzy“. Ultimate Guitar. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ Interview with Brian Downey, BBC Radio 1, "The Friday Rock Show", 8 January 1986.
- ↑ „The Vibe for Philo“. The Vibe for Philo. Посетено на 3 April 2011.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 „Interview with John Sykes, July 1999“. Melodicrock.com. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 3 April 2011. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „sykes99“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Thin Lizzy Confirm Touring Lineup“. Blabbermouth.net. 5 March 2003. Посетено на 4 November 2017.
- ↑ „The show must go on: when bands replace their dead stars“. The Guardian. 27 January 2011. Посетено на 11 December 2011.
- ↑ „Thin Lizzy official website“. Thinlizzyonline.com. Архивирано од изворникот на 12 December 2007. Посетено на 3 April 2011.
- ↑ „Rock Pages interview with Brian Robertson“. Архивирано од изворникот на 6 October 2014.
- ↑ „Thin Lizzy move Dublin date to the Olympia“. Hot Press. 18 August 2010. Посетено на 25 February 2012.
- ↑ „Thin Lizzy Tour Dates“. ents24.com. Посетено на 17 April 2011.
- ↑ „Interview: Black Star Riders Guitarist Damon Johnson Talks 'All Hell Breaks Loose' and Living Up to Thin Lizzy's Legacy“. Guitarworld. 30 May 2013. Посетено на 17 September 2016.
- ↑ „Surviving Thin Lizzy members team up with Motörhead drummer Mikkey Dee for anniversary tour“. NME. 19 January 2016.
- ↑ „Thin Lizzy announce bass player and drummers for upcoming shows“. Metal Shock Finland. 19 April 2016.
- ↑ MetalTalk (2023-02-17). „Black Star Riders / Scott Gorham joins tenth-anniversary celebration in Norwich |“. MetalTalk - Heavy Metal News, Reviews and Interviews | We are MetalTalk and we publish Rock 'n Roll (англиски). Посетено на 2023-02-18.
Надворешни врски
уреди- Официјални вести за турнеја на веб-страница
- Официјалната веб-страница на Thin Lizzy
- Thin Lizzy — AllMusic (англиски) </img>
- Thin Lizzy на Curlie (англиски)
- Дискографија Thin Lizzy
- Thin Lizzy на Семрежната филмска база на податоци (англиски)