Лема
(Пренасочено од Леми)
Во математиката, лемите се помошни тврдења кои им претходат на теоремите; но на теоремата не мора да ѝ претходи лема (или леми). Лемите се всушност теореми, односно тврдења, чијашто важност сама за себе, вон рамките на теоремата на која се однесуваат, е мала и (можеби) небитна. Значи, бидејќи и самата лема е теорема, таа ги има истите елементи како и теоремата и нужно ѝ следи доказ. Леми во математиката има многу, а можеби најпозната е лемата на Цорн.
Оваа статија од областа на математиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |