Ну-метал (исто така познат како агро метал) — поджанр на хеви-металот кој се појавил во 1990-тите. Тој ги обединува стиловите како алтернативен метал, фанк метал, хип-хоп, и разни други поджанрови на хеви-металот. Изразот „ну-метал” за првпат е користен во текот на преглед на концерт во средината на октомври 1995 година од страна на „Спин магазин” како „нов метал”. Како и бендовите на нивните претходници од фанк металот, повеќето ну-метал бендови биле основани во Калифорнија. Како пример се бендовите Корн и Дефтонс кои се едни од првите ну-метал бендови кои потекнуваат од Калифорнија и биле основани во раните 90-ти.

Фред Дурст од ну-метал бендот Лимп Бизкит

Во повеќето случаи ну-метал бендовите имаат агресивни вокали кој можат да пеат мелодично — слично на поп и рок, или пак со длабоки вокали, „смртоносни крици” и викања од разни жанрови на метал, хардкор-панк, а како во фанк-металот — рапувањето е често употребувано. Многу ну-метал бендови имаат и ДЏ-и за додатна ритмика и создавање одредени инструмелнтални мелодии.

Претставници

уреди

Најпознати ну-метал бендови се: Линкин Парк (Linkin Park), Корн (Korn), Слипнот (Slipknot), Систем оф а даун (System of a Down), Дистрбд (Disturbed), Дефтонс (Deftones), Лимп Бизгит (Limp Bizkit), Мадвејн (Mudvayne), Папа Роач (Papa Roach) и многу други.