Коло-Коло (шпански: Club Social y Deportivo Colo-Colo) е фудбалски клуб од Сантјаго, Чиле. Името го носи по индијанскиот поглавар.

Коло Коло
Целосно имеClub Social y Deportivo Colo-Colo
ПрекарЛос Албос, Ел Касике
Основан19 април 1925
СтадионСтадион Давид Арелјано
Сантјаго, Чиле
Капацитет45,935
МенаџерЧиле Марио Салас
ЛигаПримиера Дивисион
2018Примера Дивисион, 5-ми
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Тимот е еден од иницијаторите на чилеанската професионална лига. Исто така, основач е и на јужноамериканскиот куп, кој денес е познат под името Копа Либертадорес.

Освојувач е на многубројни трофеи во Чиле и единствен клуб од оваа земја кој некогаш триумфирал во Копа Либертадорес (1991). Истата година играл во Интерконтиненталниот куп на Олимпискиот стадион во Токио, кадe е поразен од Црвена Ѕвезда.

Соперници уреди

Традиционален најлут соперник на Коло Коло е екипата на Универсидад де Чиле, со кого го играат познатото дерби во Чиле наречено како Superclásico (Супер Класико), и тоа воедно е најпопуларното фудбалско дерби во Чиле. Првиот натпревар помеѓу двата клуба се одиграл во 1935 година. Соперништво започнало помеѓу 1940-тите и 1950-тите. На 11 ноември 1954 година, била кулминација на серијата несогласувања помеѓу двата клуба. Таа средба завршила со победа за Универсидад де Чиле со 2-1, и со овој резултат ќе започне серијата на добри резултати на "блуз" против Коло Коло.

Коло Коло успеал да го поништи овој тренд во текот на следната двадесет и една година, кога 50-те натпревари од Првата дивизија одиграни во периодот помеѓу 1970 и 1991 година, се завршени со биланс од 26 победи на Коло Коло, 15 нерешени, и само 9 победи на Универсидад де Чиле.

Двата врвни клубови се сретнале 167 пати со 73 победи за Коло Коло, 49 нерешени натпревари и 45 победи за Универсидад.

Играчи уреди

Моментален Состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Франциско Прието
2   ОД Кристијан Виличес
3   ОД Луис Мена
4   СР Алваро Ормењо
5   СР Осмар Молинас
6   ОД Леандро Делгадо
7   НП Естевбан Паредес (капитен)
8   СР Хуан Толоца
9   НП Матијас Видангози
10   СР Мигел Анхел Гонзалез
11   СР Гонзало Фиеро
12   ГМ Алваро Салазар
13   СР Хозе Педро Фуенцалида
14   СР Родриго Милар
15   ОД Пабло Контрерас
16   НП Мауро Оливи
Бр. Позиција Играч
17   СР Брајан Рабељо
18   СР Лукас Вилчез
19   НП Лука Понтиго
20   СР Хорацио Рамон Кардозо
21   СР Рафаел Карока
22   НП Роберто Гутиерез
23   ОД Бруно Ромо
25   ГМ Игнасио Гонзалез
26   НП Карлос Муњоз
27   СР Матијас Вилануева
28   СР Мануел Браво
29   СР Франциско Лара
30   НП Ариел Паез
31   ОД Матиас Гутиерез
32   ГМ Рени Вега

Надворешни врски уреди