Трахит — преодни вулкански карпи, кои по минералошки состав се еквивалентни на сиенитите. Имаат порфирска структура и масивна до флуидална текстура. Како главни минерали се јавуваат ортоклас (фенокристали), биотит, хорнбленда и аугит. Основната маса е главно изградена од ситни стапчести кристали на ортоклас и пироксени. Бојата им е сива до темнозеленикава. Постојат повеќе вариетети од кои најзастапени се: албитски трахит, порфири, палеотрахити, кератофири[1].

Трахит

Трахитите се добро застапени кај вулканските карпи на Европа од Кенозоикот. Во Британија тие можат да се најдат на островот Скај, како лавини текови и дајк, но тие се многу почести на континентална Европа, како и во Рајнската област и Ајфел и Бохемија. Во околината на Рим, Неапол и островот Искја, трахитските лави и туфови се вообичаени. Исто така, на островот Пантелерија се среќаваат и трахити.

Наводи

уреди
  1. Јовановски, Милорад; Наум Гапковски, Игор Пешевски (2012). Инженерска геологија. Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Градежен факултет - Скопје. ISBN 978-608-4510-13-0..