Меѓународен аеродром Матавери

Меѓународниот аеродром Матавери (IATA: IPCICAO: SCIP) е сместен во градот Ханга Роа на Велигденскиот Остров. Оддалечен е 3.759 километри од главниот аеродром на Чиле, Сантјаго. Единствената писта на аеродромот започнува на самиот југозападен брег на островот, и завршува на јужниот дел од островот, со што ја остава отсечена планината Рано Кау од останатиот дел на островот.

Аеродром Матавери
Isla de Pascua Airport
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
10/28 10,885 3,318 Асфалт

Аеродромот е главната порта за влез на туристите кои доаѓаат за посета на познатите Моаи и останатите археолошки места. Аеродромот содржи ресторан, неколку продавници за сувенир, како и ареа за подигање на багаж. Аеродромот исто така има и зона за трансфер, за патниците кои го продолжуваат патот кон Папете, Тахити.

Историја уреди

Редовниот сервис од Чиле започнал во 1967 година со воздухопловот DC-6B, лет кој траел 9 часа, користејќи писта на блиската американска база. Во 1970, услугата била надградена со воздухоплов од типот Боинг 707. Единствената писта на аеродромот е долга 3.318 метри. Аеродромот бил планиран и како аеродром за итни случаи на американскиот спејс шатл.

Авиокомпании и одредишта уреди