Рајатеа
Рајатеа (тахитски: Ra'iātea) - остров на Француска Полинезија дел на Заветрените острови во архипелагот на Друштвените Острови. Тој е четвртиот најголем остров во целиот архипелаг по Тахити, Ники Хива и Хива Оа и трет по големина од заедниците според бројот на населението, зад Тахити и Моореја. Островот се наоѓа 4,5 км јужно од Тахаа со кого ја дели истата лагуна, 34 км на запад-југозапад од Хуахине и на 201 км запад-северозапад од Тахити. Главен град на островот е Утуроа. Административно тој е поделен на три општини, Утуроа, Тапутапуатеа и Тумараа.
Ra'iātea | |
---|---|
Географија | |
Место | Тихи Океан |
Координати | 16°49′S 151°27′W / 16.817° ЈГШ; 151.450° ЗГД |
Архипелаг | Друштвени Острови |
Поголеми острови | Рајатеа |
Површина | 167,7 км2 |
Највисоко место | 1.017 м |
Највисока точка | Планина Тефатуа |
Држава | |
Франција | |
Прекуморска територија | Француска Полинезија |
Главен и најголем град | Утуроа [1] (pop. 3778) |
Демографија | |
Население | 12,545[2] |
Густина | 72 /km2 (186 /sq mi) |
Традиционалното име на островот е Хаваии, татковина на Маорите.[3] Островот бил признат како независна држава во 1847 (Жарначка конвенција) но официјално бил припоен на Франција во 1888 година.
Географија
уредиОстровите Рајатеа и Тахаа се затворени со заеднички корален гребен и некогаш можеле да бидат единствен остров. Рајатеа е најголем и најгусто населен остров, во групата Заветрени Острови, со површина од 167,7 км и вкупно население од 12,024 жители на пописот август 2007. Густината на населеност е 72 жители/км2. Најголемата заедница на Рајатеа е населбата Утуроа која се наоѓа на северната страна и има население од речиси 10.000 жители.[4]
Потекло на поимот
уредиИмето Рајатеа потекнува од тахитските зборови раи (односно, рај) со значење небо и атеа светлина и јасен. Точното наведување на името на тахитски е Ra'iātea, што значи светло небо. Улиета е застарена транскрипција која најчесто се користela во 19 век. Извонредната птица улиета потекнува од овој остров, заедно со други непознати видови и постои цртеж од неа кој е во Природонаучниот музеј во Лондон.[4]
Историја
уредиМитови и легенди
уредиСоздавање
уредиПолинезиските митови раскажуваат дека островите на Тахаа и Рајтеа биле еден ист остров коишто некој џин ги разделил од гнев, удирајќи ги по несреќната љубовна врска. Всушност, двата острови биле една иста целина пред 2.4 милиони години[5] за што сведочи нивната заедничка лагуна.
Населување
уредиРајтеа е позната како светиот остров со привилегиран статус во локалната традиционална култура, која генерално му го дава името Хавајки Нуи (тахитски: Hawaiki Nui) или Хаваи Нуи (хаваи 'подземниот свет', 'полинезиската татковина'[6] и nui како 'голем'). Хаваи Нуи е митски остров, лулка на полинезискиот народ и култура, каде првите Маори допловиле, пред повеќе од илјада години на огромни кануа.
Кралска династија
уредиСпоред традициите, Рајатеа бил воедно и првиот од островите на Друштвениот архипелаг со кралска династија. Таа почнала со владеењето на полубогот Хиро, синот на Хаехи, внук на Уруматата, правнук на Ра, богот-сонце. Хиро бил првиот крал на островот и таму го основал познатото марае на Opoа кој го посветил на богот Хоро, или Оро, владетел на светот, чиј потомок бил. Хиро по неговата смрт бил воздигнат на ранг на боговите, го славеле како бог на крадците и наследниците и изградиле во негова чест мал камен храм веднаш до оној на богот Oro, неговиот предок. Новиот бог бил особено славен на островот Хуахине Ити[7].
Хиро имал два сина : Ханети и Охататама. Ханети го наследил својот татко како крал на Рајатеа, а тој му го оставил знакот на неговата моќ, кој се состоел од црвен појас (марура). Охататама не сакал да се потчинува на својот брат. Тој се повлекол на островот Фануи, се прогласил себеси за крал, а на половината врзал бел појас да покаже дека тој е независен крал[7].
Пристигнување на Европејците
уредиПрвиот Европеец кој го видел островот е заведен како Педро Фернандес де Кирос во 1606. на мапите бил заведен како La Fugitiva.[8] Полинезискиот морепловец Тупаја, кој пловел заедно со Џејмс Кук е роден на островот околу 1725. Кук пристигнал на островот во 1769 а потоа повторно во 1773-1774.[9]:214-218,284-291,315-318 Омаи (о.1751-1780), едно друго момче од Рајатеа, патувал со европските истражувачи во Лондон во 1774 и служел како преведувач на Капетанот Кук на неговото трето патување во Тихиот Океан.
Кралот Таматоа VI бил последниот крал кој владеел од 1884-1888.
Знаменитости
уредиМногу марае, остатоци на стари и важни места за светите култови се присутни на островот, вклучувајќи го и кралскиот храм на Тапутапутеа, најголемиот и најпознат свет храм на Полинезија.
Рајатеа се разликува и по цветот tiare apetahi, мала бела гарденија ендемска на Темехани Рахи, една од највисоките планини на Рајатеа. Особеноста и реткоста на овој цвет го направиле еден од симболите на островот.
Општини
уредиОстровот е поделен на три комуни :
- Утуроа (16 км2) (тахитски: 'Ōuturoa), административната престолнина на Заветрените Острови;
- Тапутапуатеа (88 км2) која ги вклучува областите на Авера, Опоа и Пуохине
- Тумараа (71 км2) која ги опфаќа областите Теваитоа, Техуруи, Вајау и Фетуна.
Населението на островот изнесува околу 12.024 жители, главно концентрирани околу главниот град, Утуроа и во многу села како што се Авера, Опоа, Тевајатоа или Вајау.
Економија
уредиЕкономијата на Рајатеа се одликува со силна земјоделска активност насочена на локалниот пазар, но некои производи и се извезуваат, како што се ванила, ананас, кокос, и нони. Сточарството е помала активност и главно се одгледуваат говеда, овци, живина и свињи. Перликултурата е важна активност, со значајно присуство на фарми за бисери. Главните земјоделски активност е одржана од страна на присуство на центарот на руралната економија и лабораторијата за истражување, првенствено фокусирана на одгледување ванила.
Туристичката дејност е помала во однос на другите острови на архипелагот и главно се организира во неколку одморалишта и хотели.
Инфраструктура
уредиОстровот е опкружен со голем пат од 98 км, додека друг поминува низ центарот. Многу инфраструктурни работи биле направени од 1980-тите за да се подобри патниот систем, отворање на јужниот дел од островот со развојот на мостови, инсталација на електрична енергетска мрежа, телефонија и дистрибуција на вода за пиење.
Пристаништето на Утуроа било реновирано на почетокот на 2000-тите, овозможувајќи им приод на луксузните бродови за крстосување особено за време на туристичката сезона.
Рајатеа е административната престолнина на Заветрените Острови, резиденција на шефот на државата. Постои болница, училиште за општо образование и стручно образование, средно училиште, три основни (вклучувајќи и едно приватно училиште) и неколку градинки. Рајатеа е единствениот остров во Полинезија (со исклучок на Тахити) со средни училишта. Поради тоа, повеќето од учениците од соседните острови како и Бора Бора, Тахаа, Маупити или Хуахине доаѓаат тука за да го продолжат своето средно образование. На островот има аеродром, трговско пристаниште, пазар и две марини.
Споменици и места
уреди- Марае Тапутапуатеа
- Црквата во Утуроа
- Реката Фароа е единствената пловна река во Француска Полинезија.
Личности поврзани со островот
уреди- Тупаја (в.1725-1770), морепловец, преведувач и свештеник, експерт за полинезиските обичаи, кој го придружувал британскиот капетан Џејмс Кук за време на неговото прво патување во Тихиот Океан, е роден на Рајатеа.
- Омаи (в.1751-1780), туристички придружник (подоцнежен) на Џејмс Кук, исто така, е роден на Рајатеа.
- Поглаварот Хапајтахаа а Етау, наречен Тераупо. Во 1888 година, островот Рајатеа бил анексиран со други острови на архипелагот од страна на гувернерот Лакаскад. Оваа анексија предизвикала востание, предводено од Тераупо, во Рајатеа, Тахаа и Хуахине. По десет години престрелки, Французите го заробиле Тераупо на 16 февруари 1897 година, по жестоки борби околу Тевајтоа. Депортиран на Нова Каледонија со други бунтовници и нивните семејства, тие биле помилувани неколку години подоцна.
- Самуел Раапото (1921-1976), првиот претседател на Евангелистичката црква на Француска Полинезија, член на Тахитската Академија.
- Гери Таматоа Зебровски (роден 1984), сноубордер, роден на Рајатеа, ја претставувал Франција на Олимписките игри во Торино и во Ванкувер.
Наводи
уреди- ↑ „Vacation guide to Raiatea“. eTahititravel. Архивирано од изворникот на 2016-09-09. Посетено на 24 March 2015.
- ↑ Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „Recensement de la population 2007“ (PDF) (француски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-12-03. Посетено на 2007-12-02.
- ↑ Salmond, Anne (2010). Aphrodite's Island. Berkeley: University of California Press. стр. 227–228. ISBN 9780520261143.
- ↑ 4,0 4,1 „Raiatea; Etymologie; Geographie und Bevölkerung; Geschichte; Transport; Administration“. lebendom.com. Посетено на 2018-12-22.
- ↑ www.ploto.net/1S/tp/tp16_enonce.pdf
- ↑
„Pollex Online“. pollex.shh.mpg.de. Архивирано од изворникот на 2020-10-27. Посетено на 2018-12-22.
- ↑ 7,0 7,1 A.C, Eugène Caillot. Histoire de la Polynésie Orientale (француски). Paris: Ernest Leroux. стр. 51.
- ↑ Burney, James A chronological history of the discoveries in the South Sea or Pacific Ocean London, 1803, vII, p.326.
- ↑ Anne, Salmond. Aphrodite's island : the European discovery of Tahiti (First University of California Press. изд.). Berkeley. ISBN 9780520261143. OCLC 317461764.
Галерија
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Карта на туристички локалитети на Рајатеа (интерактивна) Архивирано на 21 февруари 2012 г. - Мапи на тахитското наследство
- (англиски) Рајатеа (Заветрени Острови, Француска Полинезија)
- Историја и култура на Рајатеа Архивирано на 9 март 2016 г.
- Информации за мрежната страница на Ер Тахити[мртва врска]