Тахаа (тахитски: Taha’a) е остров во западната група Заветрени Острови, дел од Друштвените Острови во Француска Полинезија, и прекуморска територија на Франција во Тихиот Океан. Островите Тахаа и соседниот Рајатеа во непосредниот јужен дел се затворени од страна на ист корален гребен и тие можеби некогаш биле еден ист остров. Тахаа брои 5.000 жители кои живеат на 90 км2 и достигнува максимална височина од 590 метри. Тој е познат и како "Ванила Остров" и произведува бисери од исклучителен квалитет.

Тахаа
Taha’a
Остров
Фотографија на НАСА на Бора Бора, Тахаа и Рајатеа.
Фотографија на НАСА на Бора Бора, Тахаа и Рајатеа.
Местоположба на општината Тахаа (со црвено) во Заветрените Острови
Местоположба на општината Тахаа (со црвено) во Заветрените Острови
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
АрхипелагДруштвени Острови
ГрупаЗаветрени Острови
Површина
 • Вкупна90 км2 (30 ми2)
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2007)
 • Вкупно5.003
 • Густина56/км2 (140/ми2)
Тахаа
Општина
ЗемјаФранција
Прекуморска заедницаФранцуска Полинезија
Површина90,2 км2 (348 ми2)
Население (2007)15.003
 • Густина5,5/км2 (14/ми2)
INSEE/Пошт. бр.98745 / 98733
Надм. висина0 м )
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Администрација

уреди

Административно, Тахаа и околните островчиња кои произлегуваат од коралниот гребен се комуна (општината) и дел на административната субдивизија Заветрени Острови, на Француска Полинезија. Тахаа се состои од следниве поврзани комуни:

  • Фаааха
  • Хаамене
  • Хипу
  • Ирипау
  • Ниуа
  • Руутиа
  • Тапуаму
  • Вајатоаре

Административниот центар на комуната Тахаа е населбата Патио.

Историја

уреди

Во времето на посетата на Капетанот Кук во 1769 и 1773, островот бил под окупација на Бора Бора воините.[1]

Производство

уреди

Тахаа произведува 70-80% од ванилата на цела Француска Полинезија.[2] Поради мирисот на ванила, Тахаа е познат и како "Ванила Остров". Тахаа освен ванила произведува и бисери со исклучителен квалитет.

Пристапност

уреди

До Тахаа и нејзините мали островчиња може да се стигне со брод и чамец од Рајатеа. Чамците ги оставаат посетителите на островче со плажа со мала лагуна со поглед на Бора Бора. Овие делови на Друштвените Острови се најмалку модернизирани.

Тахитски правопис

уреди

Тахаа на тахитски се пишува со користење на апостроф Taha’a (за да се истакне гласилната избувна согласка, како што се промовира од страна на Тахитската Академија и се прифаќа од страна на територијалната влада.[3]) Овој апостроф сепак често се испушта. Во старите патнички записи, транскрипцијата Отаха понекогаш се користи.

Наводи

уреди
  1. Salmond, Anne (2010). Aphrodite's Island. Berkeley: University of California Press. стр. 213–218, 286–289. ISBN 9780520261143.
  2. „Where is Tahiti & The Tahitian Islands?“. Tahiti Tourisme (англиски). 2018-10-05. Посетено на 2018-12-22.

Надворешни врски

уреди