Бора Бора
Бора Бора (француски: Bora-Bora, тахитски: Pora Pora) е група острови со површина од 30.55 км2 во Заветрени острови во западниот дел на Друштвени Острови во Француска Полинезија, прекуморска заедница на Франција во Тихи Океан. Главниот остров, кој се наоѓа 230 км северозападно од Папете, е опкружен со лагуна и со корален гребен. Највисоката точка се издига на 727 метри надморска височина.
Бора Бора тахитски: Pora Pora | |
---|---|
Острови | |
Островот Бора Бора со лагуната виден од Меѓународната вселенска станица. | |
Етимологија: "Pora pora mai te pora", тахитски: "Создаден од боговите" | |
Топографска карта на Бора Бора без Тупаи | |
Земја | Франција |
Прекуморски региони на Франција | Француска Полинезија |
Архипелаг | Друштвени Острови |
Група | Заветрени Острови |
Општини | Список
|
Површина | |
• Вкупна | 30,55 км2 (1,180 ми2) |
Надм. вис. | 727 м |
Население (2017) | |
• Вкупно | 10,605 |
• Густина | 3,5/км2 (9,0/ми2) |
Постои само еден пловен премин низ кој може да се помине меѓу прстенот од корални острови, кои месното население го нарекле мотус. Поради тоа, лагуната е природно престаниште. Освен главниот централен остров Бора Бора, двапати поголем од Гибралтар (12 км2), постојат и два помали - Тупуа и Тупуаити. Сите овие острови се остатоци од вулкански кратер кој еродирал. Два остри нерамни врва доминираат над Бора Бора, во централниот дел: Пахија, висок 660 метри и малку повисокиот Отеману со совоите 727 метри.
Бора Бора е главно меѓународно туристичко одредиште, позната по луксузното одморалиште. Главното населено место, Ваитапе, е на западната страна од главниот остров Бора Бора, наспроти главниот канал во лагуната. Производството на островот најчесто е ограничено на она што може да се добие од морето и од кокосовите палми.
Демографија
уредиСпоред пописот од 2017, групата Бора Бора брои 10,605 жители.[1]
Потекло на поимот
уредиПорано, на локален тахитски дијалект, островот бил нарекуван "Пора Пора Маи Те Пора", со значењето, "Создаден од боговите". Ова честопати се кратело на Пора Пора што пак означува "Првородениот". Поради нејасност во фонемите на тахитските јазици, ова може да се изговара и како Бора Бора. Кога истражувачот Јакоб Рогевен за првпат допловил до островот, тој и неговиот екипаж го усвоиле називот Бора Бора кој останал непроменет до денес.[2][3]
Настанокот
уредиБора Бора се издигнал од морето како голем вулкан пред 3 милиони години и околу него израснал корален прстен. Минијатурните корални полипи живеат во камените оклопи кои ги излачуваат користејќи го калциумот кој го извлекуваат од плитките тропски мориња. Камените оклопи на една колонија полипи полека растат и така се создал гребенот. Како што се ладела океанската кора, така вулканот почнал да тоне, а коралот и понатаму продолжил да расте, така што островот и лагуната останале внатре во прстенот од коралниот гребен. Со текот на времето се претпоставува дека островот ќе се исчезне и ќе остане само атол, односно лагуна опкружена со корален гребен.
Историја
уредиПолинизејците на островот се доселиле пред 1.100 години и на него постојат неколку древни храмови. Во еден од нив има камени плочи, на кои се врежани свети желки. Холандискиот истражувач Јакоб Рогевен стигнал на Бора Бора во 1722[4] година и станал првиот Европеец којшто тука стапнал. Капетанот Џејмс Кук, британски истражувач и морепловец, го здогледал островот на 29 јули 1769 година[5], но се закотвил во пристаништето дури во декември 1777 година. Кук запишал дека името на островот е Бола Бола ( што значи Првороден ), иако можеби поточно би било Пора Пора, бидејќи доселениците од Полинезија не умееле да ги изговорат гласовите б и л.
Првиот доселеник од Европа бил Џејмс Конор, кој во 1792 година преживеал бродолом на британскиот китоловец Матилда. Тој се оженил со Полинезијка и се населил на најјужната точка од островот што ја нарекол Матилда Поинт. Денес тоа место е познато под името Матира Поинт. Островот во 1895 година станал дел од Француска Полинезија.
Лондонското мисионерско друштво пристигнало во 1820 и основало протестантска црква во 1890 година. Бора Бора била независно кралство до 1888 година, кога нејзината последна кралица Теримаеваруа III била присилена да абдицира од страна на Французите кои го анексирале островот како колонија.
Во Втората светска војна, САД го избрале островот Бора Бора како воена база на Јужниот Тихи Океан и биле изградени нафтовод, аеродром, база на хидроелектрани и дефанзивни утврдувања. Познат како "Операција Бобкет", оттука се снабдувале девет бродови, 20.000 тони опрема и речиси 7.000 луѓе.[6][7]
13-тиот крајбрежен артилериски полк (подоцна 276-миот артилериски батаљон), биле поставени на стратешките точки околу островот за да ја заштитат областа од можни воени напади.
Сепак, тука немало борба, бидејќи за американското присуство на Бора Бора не се дознало во текот на војната. Базата официјално била затворена на 2 јуни 1946 година. Аеродромот во Втората светска војна никогаш не бил во можност да прифати големи авиони, но сепак бил единствениот меѓународен аеродром во Француска Полинезија до Меѓународниот аеродром Фааа, кој бил отворен веднаш до Папете, на Тахити, во 1960 година.[8]
Администрација
уредиБора Бора | ||
---|---|---|
Општина | ||
Лагуната на островот и главниот остров на групата | ||
Земја | Франција | |
Прекуморска заедница | Француска Полинезија | |
Поврзани општини | Анау, Фануи, Ваитапе (центар) | |
Површина | 40,3 км2 (156 ми2) | |
Население (2017)1 | 10.605 | |
• Густина | 26/км2 (68/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 98714 / 98730 | |
Надм. висина | 0 м ) | |
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Комуната Бора-Бора е составена од островот Бора Бора со неговите околни островичиња кои произлегуваат од коралниот гребен, со вкупна површина од 29,3 км2. Околните острови ги вклучуваат Моту Тапу, Моту Ахуна, Теваироа, Моту Тане, Моту Муте, Моту Туфари, Моту Техоту, Моту Питиау, Софител Моту, Моту Топуа и Топуаити. Комуната го вклучува и атолот Тупаи. (11 км2), кој се наоѓа на 20 километри северно од Бора Бора. Атолот Тупаи нема постојано население освен околу 50 работници на кокосовите плантажи.
Комуната е административна субдивизија на Заветрените Острови и се состои од три придружни општини: Анау, Фануи и Ваитапе. Административниот центар на општината е населбата Ваитапе, на островот Бора Бора.[9]
Клима
уредиКлиматски податоци за Bora-Bora | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 30.2 (86.4) |
30.8 (87.4) |
30.5 (86.9) |
30.3 (86.5) |
29.5 (85.1) |
28.6 (83.5) |
28.1 (82.6) |
28.1 (82.6) |
28.6 (83.5) |
29.1 (84.4) |
29.4 (84.9) |
29.6 (85.3) |
29.3 (84.7) |
Прос. ниска °C (°F) | 25.1 (77.2) |
25.3 (77.5) |
25.5 (77.9) |
25.5 (77.9) |
25.1 (77.2) |
24.2 (75.6) |
23.8 (74.8) |
23.8 (74.8) |
24.0 (75.2) |
24.3 (75.7) |
24.6 (76.3) |
24.8 (76.6) |
24.7 (76.5) |
Прос. дожд мм (ин) | 268.7 (10.579) |
233.2 (9.181) |
176.9 (6.965) |
182.7 (7.193) |
129.8 (5.11) |
98.2 (3.866) |
83.3 (3.28) |
59.7 (2.35) |
65.5 (2.579) |
99.8 (3.929) |
203.7 (8.02) |
280.6 (11.047) |
1.882,1 (74,098) |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 201.1 | 202.6 | 239.4 | 219.8 | 224.1 | 224.5 | 231.8 | 248.4 | 241.0 | 230.5 | 217.7 | 207.0 | 2.687,9 |
Извор: NOAA[10] |
Повеќето дождови се во текот на летните месеци (ноември до април) придружено со голема влажност, иако разведрувања има и во средината на јануари. Тропските температури се движат меѓу 24 и 28 °C ги намалува свежото ветре кое доаѓа од исток.
Туризам
уредиЕкономијата на островот речиси исклучиво се потпира на туризмот. Неколку одморалишта се изградени на малите острови околу лагуната. Хотелот Бора Бора бил отворен во 1961 година, а девет години подоцна ги изградил првите надводни бунгалови на потпорници над лагуната.[11] Денес надводните бунгалови се стандардна одлика на повеќето одморалишта на Бора Бора. Квалитетот на овие бунгалови се движи од релативно евтини основни сместувања до многу луксузни и скапи капацитети.
Овој идиличен тропски остров има прекрасни плажи, палми што се нишаат и нежна сина лагуна.
Бисер на Тихиот Океан, рај на Земјата, остров на соништата, се епитетите со кои луѓето го опишувале островот Бора Бора. Бора Бора е остров кој се наоѓа во самото средиште на Француската Полинезија, една од најубавите целини во островската група Заветрени Острови кои се дел на Друштвените Острови. Блескавите плажи со бел песок порабени со палми, тиркизните ридови и грстовите сјајни цветови од хибискус се протегаат крај кристално бистрата лагуна.
Риболовот и нуркањето во и околу лагуната на Бора Бора се популарни активности. Многу видови ајкули и риби живеат околу во океанот. Постојат неколку нуркачки оператори на островот кои нудат активности како набљудување или хранење на ајкулите.[4][12]
Сообраќај
уредиПистата изградена на Моту Муте, за време на војната, денес е дел од аеродромот од кој туристите со чамци се превезуваат преку лагуната до главното место Ваитапе.
Во културата
уредиФилм
уредиБора Бора нагло го прифатила западниот начин на живеење, веднаш по првата американска културолошка „инвазија“ во 1928-29 година. Тогаш тука дошла филмска екипа што го снимила немиот филм Табу, трагична приказна за ловец на бисери кој ги прекршил табуата. Тоа била само најава за доаѓањето на Американците кои за време не Втората светска војна го користеле островот како база за морнарицата и аеродромот со 600 војници. Италијанската филмска екипа дошла во Бора Бора во 1979 година за да го сними филмот Ураган, на Дино де Лаурентис, кој е римејк на една мелодрама во 30-тите години.
Книжевност
уредиАмериканскиот писател Џејмс Мичнер рекол дека тоа е најубавиот остров во светот и истото послужило за пример во неговата книга Сказни од Јужниот Тихи Океан (англиски: Tales of the south Pacific)[13]. Користена литература
Галерија
уреди-
Воздушен поглед на Бора Бора
-
Бора Бора
-
Планината Отеману
-
Француска фрегата Флореал, во лагуната на Бора Бора
-
Протестантска црква во Анау
-
Машина за кока кола во Ваитапе
-
Софител Моту со планината Отеману во позадина
-
Надводни бунгалови
-
Поглед од планината Пахија
-
Плажата Марара Моту
-
Одморалиште Бора Бора
-
Satellite image of Bora Bora
Наводи
уреди- ↑ Linguistic Atlas of French Polynesia / Atlas linguistique de la Polynésie française. Berlin, München, Boston: DE GRUYTER. ISBN 9783110260359.
- ↑ Woods, Michael; Woods, Mary B. (2009). Seven Natural Wonders of Australia and Oceania. Twenty-First Century Books. стр. 58. ISBN 978-082-259074-3.
- ↑ „An Ancient Wonder — Bora Bora Island“. Must Do Travels. 11 January 2017. Архивирано од изворникот на 2017-01-22. Посетено на 13 January 2018.
- ↑ 4,0 4,1 „Beaches Blog“. UAE Tours (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-04-01. Посетено на 2018-07-06.
- ↑ Salmond, Anne (2010). Aphrodite's Island. Berkeley: University of California Press. стр. 213–214. ISBN 978-052-026114-3.
- ↑ Gaines, William C. (May 2009). „Coast Artillery Organizational History, 1917-1950 — Part I, Coast Artillery Regiments 1-196“ (PDF). The Coast Defense Journal. стр. 10.
- ↑ Berhow, Mark A., уред. (2015). American Seacoast Defenses, A Reference Guide, Third Edition. McLean, Virginia: CDSG Press. стр. 235. ISBN 978-0-9748167-3-9.
- ↑ „Contenu et images Notre histoire“ [Content and Images Our Story] (француски). l'Office des Postes et des Télécommunications [Office of Post and Telecommunications]. Архивирано од изворникот на 13 април 2013. Посетено на 18 април 2011.
- ↑ „Bora“. Oxford Music Online. Oxford University Press. 2015-01-13.
- ↑ „Bora-Bora Motu Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на 13 January 2018.
- ↑ Mark Rogers (22 јули 2008). „Complete Reconstruction Scheduled for Hotel Bora Bora“. Travel Agent Central. Архивирано од изворникот на 16 февруари 2015. Посетено на 15 февруари 2015.
- ↑ „The St. Regis Bora Bora Resort“. Bora Bora All Inclusive Guide. Архивирано од изворникот на 25 август 2014. Посетено на 22 август 2014.
- ↑ 1907-1997., Michener, James A. (James Albert) (1984, ©1974). Tales of the South Pacific (1 Ballantine books. изд.). New York: Ballantine Books. ISBN 0449206521. OCLC 12403155. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)