Суворовско воено училиште

Суворовско воено училиште (белоруски: Сувораўскае ваеннае вучылішча, Suvoraŭskaje vajennaje vučylišča; руски: Суворовское военное училище, Suvorovskoye voyennoye uchilishche) — интернат во Советскиот Сојуз и во модерна Русија и Белорусија. Едукацијата во овие училишта се фокусира на воени настави за деца на возраст од 14 до 18 години. Името „Суворовско воено училиште“ произлегува од презимето на рускиот генерал од XVIII век, Александар Василевич Суворов. Еден од условите за запишување во овој интернат е да се биде припадник на машкиот пол и да се има завршено основно училиште. По завршувањето на училиштето секој поединец има право да се придружи на воените сили во државата. Учениците во овие училишта се нарекуваат со називот суворовци/ец (кадет/и) (белоруски: сувораўцамі, руски: суворовцами). Покрај овие интернати постојат и Нахимови воено-морски училишта во кои се изучуваат морски воени техники.

Почеток на новата учебна година во Суворовско воено училиште во Москва, 1 септември 2015 г.
Најдобрите суворовци во Казањското СВУ со маршалот на Советскиот Сојуз, Димитри Јазов, 16 мај 2014 г.
Претседателот на РФ Владимир Путин, суворовци и маршалот на артилерија Владимир Михалкин по завршувањето на парадата Победа, 9 мај 2013 г.

Историја

уреди

Првите модели на вакви училишта се појавиле за време на Втората светска војна во декември 1943 година за да им обезбеди на децата чии фамилии првично биле дел од воен персонал, средно училиште специјализирано за воена едукација (војска, морнарица, воена интелегенција и сл.) и тренинг. Идејата за интернат била од големо значење бидејќи многу студенти во тоа време биле воени сирачиња односно немале родители или имале мајка која не била способна да ги одгледува.

Неколку такви интернати сè уште егзистираат во Русија и Белорусија. Таквите училишта во Руската Федерација се под надлежност на командантот на Руските копнени сили. Неколку од тие училишта се во Екатеринбург и Казањ во Русија и еден интернат во Минск, Белорусија. Интернатот во Минск е основан во поранешната зграда на Обединетото Белоруско Воено Училиште на 21 мај 1952.

Кери Шофилд, британски новинар која бил во блиски односи со Советските воени сили при крајот на 1990 и почетокот на 1991 напишала:

Сè уште е општо прифатено дека најдобриот начин за еден воен офицер да ја започне својата кариера е да заврши во едно од паметните Суворов или Нахимов училишта, воените интернати.

Тогаш таа истакнала дека неколку оригинални училишта се затвориле, оставајќи само осум Суворов училишта и едно Нахимов училиште за целиот Советски Сојуз.

Промени во училиштата

уреди
  • Во 1946 година Сталинградското СВУ било преместено во градот Оренбург; Кутаиското СВУ било преместено во градот Ленинград и преимено во Ленинградско СВУ (се расформирало во 1960 г.)
  • Во 1947 година Краснодарското СВУ било преместено во градот Ѕауџикау (од 1954 г. — Орџониакџе, од 1990 — Владикавказ) и се преименило во Северо-кавкаско СВУ; Харковското СВУ било преместено во градот Киев и преименувано во Киевско СВУ.
  • Во 1947 Орловското СВУ било преместено во градот Свердловск и преименувано во Свердловско СВУ; Северо-кавкаското СВУ било претворено во Кавкаско Красноземно СВУ.
  • Во 1953 било формирано Минското СВУ.
  • Во 1956 Горковското СВУ било преместено во Москва и преименувано во Московско СВУ.
  • Во 1957 Курското СВУ било преместено во градот Ворошилов-Усуријск и преименувано во Далекуисточно СВУ; Сталинградското СВУ било преименувано во Чкаловско СВУ.
  • Во 1958 Чкалковското СВУ било преименувано во Оренбуршко СВУ.
  • Во периодот од 1960 до 1964 биле затворени 8 СВУ: Саратовско; Тамбовско; Тулско; Оренбуршко; Ставрополско; Новочеркаско; Кујбишевско; Воронешко; Ленинградско и Ташкентско.
  • Во 1964 Далекуисточното СВУ било преименувано во Усуријско СВУ.
  • Во 1965 Кавкаското Красноземско СВУ било преименувано во Орџоникиѕевско СВУ.
  • Во 1968 Орџоникиѕевското СВУ било распуштено.
  • Во 2000 во базата на Орџоникиѕевското СВУ во Владикавказ било обновено Северо-кавкаското СВУ.
  • Во 2009 "Школата на милицијата" во градот Елабуга било претворено во СВУ.
  • Во 2015 било отворено Пермското СВУ; Иркутското СВУ се отворило во базата на поранешното Иркутско високо воено авијационо-инженерско училиште.
  • Во 2016 било обновено Тулското СВУ.

Поврзано

уреди