Нахимовско воено-морско училиште
Нахимовско воено-морско училиште (руски: Нахимовское военно-морское училище, Nakhimovskoye voyenno-morskoye uchilishche) — интернат во Советскиот Сојуз и во модерна Русија. Именувани се по адмиралот на Руската Империја, Павел Степанович Нахимов.
Првото Нахимовско воено-морско училиште било воведено во Тбилиси во 1943 г. за време на Големата Патриотска Војна. Тоа било воведено за синовите на воениот персонал кој умрел во акција. Нахимовското воено-морско училиште во Тбилиси било затворено во 1955 г. Во 1944 г. бил отворен интернат од таков вид во Ленинград, а следната година и во Рига и истиот бил затворен во 1935 г.
Во модерна Русија само Нахимовското воено-морско училиште во Санкт Петербург успеало да опстои. Интернатот денес нуди секундарна едукација и тренинг во воен стил и според морнаричките традиции на нацијата на тинејџерите кои се припремаат за служба како офицери во руската морнарица. Од 2017 г. училиштето има кампуси во Владивосток, Мурманск и Севастопол, сите сместени во поранешни кадетски школи. Од 2024 г. училиштето има кампус во Мариупол.[1]
Поврзано
уреди- ↑ „Colonelcassad“. Telegram. Посетено на 2024-09-02.