Знамиња во Северна и Средна Америка
список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Средноамерикански знамиња)
Ова е галерија на знамиња во Северна и Средна Америка. Галеријата ги опфаќа независните држави на овие континенти, но и зависните самоуправувачки територии. Од практични причини знамињата на двата континента се споени во една статија.
- Независни држави
знаме | држава | усвоено на | употреба | опис |
---|---|---|---|---|
Канада | 15.2.1965 | официјално државно знаме | Три еднакви вертикални ленти во црвена, бела, црвена боја со јаворов лист во средината. | |
Мексико | 16.9.1968 | официјално државно знаме | Три еднакви вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја со националниот грб во средината. | |
САД | 14.6.1777 | официјално државно знаме | Бела позадина со тринаесет ленти во црвена боја. Син кантон со 50 ѕвезди. |
- Зависни територии
-
Неофицијално* знаме на Свети Петар и Микелон (Франција)
- * Официјалното знаме на оваа територија е француското знаме, а покрај ова неофицијално знаме, територијата има и лого.
- Независни држави
знаме | држава | усвоено на | употреба | опис |
---|---|---|---|---|
Антигва и Барбуда | 27.2.1967 | официјално државно знаме | Два црвени триаголника во прицврстениот и неприцврстениот дел, помеѓу нив има три нееднакви ленти во црна, сина и бела боја со златно сонце во изгрев. | |
Бахами | 10.7.1973 | официјално државно знаме | Три еднакви хоризонтални ленти во сина, жолта и сина боја со црн триаголник во прицврстениот дел. | |
Барбадос | 30.11.1966 | официјално државно знаме | Три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и сина боја со црн тризаб во средината. | |
Гренада | 7.2.1974 | официјално државно знаме | Црвено знаме со правоаголник составен од четири триаголника во златна и зелена боја. Со средината на правоаголникот има црвен диск со златна ѕвезда, а над и под правоаголникот има по три златни ѕвезди. На зелениот триаголник во прицврстениот дел има цвет. | |
Доминика | 3.11.1978 | официјално државно знаме | Зелено знаме врз кое има крст составен од по три ленти: златна, црна и бела лента. Во средината има црвен диск со приказ на 10 зелени ѕвезди и папагал. | |
Доминиканска Република | 6.11.1863 | официјално државно знаме | Бел крст кој го дели полето на четири четвртини, два во сина и два во црвена боја. Во средината на крстот е државниот грб. | |
Јамајка | 6.8.1962 | официјално државно знаме | Четири триаголника разделени со златен раб во златна боја. Триаголниците се во зелена и црна боја. | |
Куба | 25.6.1848 | официјално државно знаме | Пет еднакви хоризонтални ленти во сина и бела боја со црвен триаголник во прицврстениот дел врз кој има бела ѕвезда. | |
Свети Винцент и Гренадини | 21.10.1985 | официјално државно знаме | Три нееднакви вертикални ленти во сина, жолта и зелена боја со три зелени дијаманти во средината. | |
Свети Кристофер и Невис | 19.9.1983 | официјално државно знаме | Пет нееднакви дијагонални ленти во зелена, златна, црна, златна и црвена боја. На црната лента има две бели ѕвезди. | |
Света Луција | 1.3.1967 | официјално државно знаме | Сино знаме со два триаголника, црн со бел раб и златен триаголник. | |
Тринидад и Тобаго | 31.8.1961 | официјално државно знаме | Црвено знаме поделено со дијаголнална лента во црна боја со бели рабови. | |
Хаити | 1806 | официјално државно знаме | Две еднакви хоризонтални ленти во сина и црвена боја со државниот грб во средина. |
- Зависни територии
-
Неофицијално* знаме на Гваделуп (Франција) -
Неофицијално* знаме на Свети Вартоломеј (Франција)
- * Официјалното знаме на овие територии е француското знаме, а покрај овие неофицијални знамиња, секоја територија има и лого.
Копнен дел
уредизнаме | држава | усвоено на | употреба | опис |
---|---|---|---|---|
Белиз | 21.9.1981 | официјално државно знаме | Три нееднакви ленти со државниот грб во средина. | |
Гватемала | 17.8.1871 | официјално државно знаме | Три еднакви вертикални ленти во сина, бела и сина боја со државниот грб во средина. | |
Ел Салвадор | 27.5.1912 | официјално државно знаме | Три еднакви хоризонтални ленти со државниот грб во средина. | |
Костарика | 21.9.1981 | официјално државно знаме | Три нееднакви пет ленти во сина, бела, црвена, бела и сина боја. | |
Никарагва | 27.8.1971 | официјално државно знаме | Три еднакви ленти во сина, бела и сина боја со државниот грб во средина. | |
Панама | 2.11.1904 | официјално државно знаме | Поле поделено на четири четвртини во бела, сина, бела и црвена боја. На белите полиња има сина и црвена ѕврзда. | |
Хондурас | 7.3.1866 | официјално државно знаме | Три еднакви ленти во сина, бела и сина боја со пет сини ѕвезди во средината. |