Знаме на Барбадос
Знамето на Барбадос е официјалното знаме на оваа островска држава кое било усвоено на 30 ноември 1966 година. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и сина боја. Во средната жолта лента има приказ на трозаб.
![]() | |
Назив | „Скршен трозаб“ |
---|---|
Употреба | државно и пловно знаме ![]() |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 30 ноември 1966 |
Опис | Три вертикални ленти во сина, жолта и сина лента со црн трозаб на жолтата лента. |
Творец | Грентли В. Прескод |
Се верува дека сините ленти го означуваат океанот, жолтата боја го означува песокот на островот додека трозабот е преземен од постар колонијален беџ на Барбадос. Трозабот е скршен и е прикажан само врвот што означува симболичен прекин со историските и уставните врски со поранешаната колонија.[1]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Flag of Barbados: Government of Barbados“. Архивирано од изворникот на 2010-04-28. Посетено на 2010-06-25.