Знаме на Куба
Знамето на Куба е официјалното знаме на оваа островска држава во Средна Америка. Знамето е официјално усвоено на 20 мај 1902 година и е составено од еднакви пет хоризонтални ленти од кои три се во сина, а две во бела боја. Од левата страна има црвен триаголник на кој има приказ на бела петоктака. Знамето било создадено во 1848 година за време на ослободителното движење.
![]() | |
Употреба | државно и пловно знаме ![]() |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 20 мај 1902 |
Опис | Пет хоризонтални ленти во сина (3 ленти) и бела (2 ленти) боја. Во прицврстениот дел од знамето се наоѓа црвен триаголник со бела петокрака. |
Творец | Нарсисо Лопез |
Според официјалниот опис, сините ленти ги претставуваат три дела со кои била поделена Куба пред независноста, додека белите ленти ги претставуваат идеалите за слобода. Црвениот триаголник претставува плодност, еднаквост и слобода како и крвта на народот кој се борел за независноста на Куба. Белата ѕвезда симболизира слобода.
Историја на кубанското знамеУреди
Знамето на Првата Република Куба (1902–1906; 1909–1959)[1]
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
Оваа статија Куба е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |