Знаме на Доминика
Знаме на Доминика — официјалното знаме на државата кое било усвоено на 3 ноември 1978 година, но до денес претрпело ситни промени во 1981, 1988 и 1990 година. Знамето е составено од зелена позадина на која има крст составен од три ленти во жолта, црна и бела боја. Во центарот на знмаето има црвен диск во кој има приказ на 10 зелени ѕвезди кои опколуваат папагал, националната птица на Доминика. Овој вид папагал е национална птица, може да се најде само на Доминика и има неколку единки. Зелената боја ја претставува растителноста на островот. Крстот го претставува христијанството а трите бои од кои е составен крстот ги симболизираат староседелците, плодната земја и чистата вода. Десетте ѕвезди ги претставуваат 10 парохии од кои е административно составена Доминика, додека црвениот диск претставува социјална правда.
Употреба | државно и пловно знаме национален симбол на Доминика |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Усвоено | 3 ноември 1978 |
Опис | Зелено знаме со крст во жолта, бела и црна боја. Во средината има црвен диск со папагал и 10 ѕвезди. |