Знаме на Свети Кристофер и Невис

Знамето на Свети Кристофер и Невис е официјалното знаме на оваа карипска држава. Знамето е усвоено на 19 септември 1983 година кое победило на конкурс за исзбор на националното знаме. Знамето е составено од една црна дијагонална лента со златни рабови која го дели знамето на два еднакви триаголника во зелена и црвена боја. На самата лента се наоѓаат две бели петокраки.[1] Зелената боја ја означува плодноста на островите, црвената ја означува борбата на луѓето за независност, жолтата боја сонцето, црната го означува африканското потекло на луѓето и белата боја надежта и слободата на народот.


Знаме на Свети Кристофер и Невис
}}
Употреба државно, пловно и управно пловно знаме национално знаме, граѓанско и државно поморско знаме национален симбол на Свети Кристофер и Невис
Сразмер 2:3
Усвоено 19 септември 1983

Други знамиња

уреди

Наводи

уреди
  1. Carol P. Shaw (1992). Flags. Glasgow: HarperCollins. ISBN 0-00-470114-3

Поврзано

уреди