Грбот на Белиз е усвоен по независноста на земјата, и малку се разликува од оној грб којшто бил од времето на британските власти во Белиз.

Грб на Белиз
Подробно
ГрбоносецБелиз
Усвоен1981
ШтитШтитот е поделен на три дела, на кои има приказ на весла, алати за сечење дрва и брод.
ДржачиДрвосечачи
Мото„Sub Umbra Floreo“

Кружната граница на грбот ја сочинуваат 25 листа. Во овој круг се наоѓа дрвото махагонија, пред кое што се наоѓа штитот. На штитот, во горните четвртини се наоѓа весло и алати за сечење на дрво, а брод во долниот дел. Овие се симболи за значењето на дрвото махагонија и неговата употреба во бродоизградбата.

Држачи на штитот се двајца дрвосечачи од различна раса. Дрвосечачот од левата страна држи секира, а оној на десната весло, што повторно го прикажува значењето и бродоизградбата.

На дното е напишано националното мото, а грбот го сочинува главниот дел на знамето на Белиз

Поврзано

уреди