Список на национални паркови во Шведска
Националните паркови во Шведска се под раководство на Службата за заштита на природата (швед. Naturvårdsverket). Целта на службата за е да создаде систем на заштитени подрачја кои ги претставуваат сите карактеристични природни предели во земјата.[1] Првиот национален парк е основан во 1909, а истата година со парламентарна одлука де основани уште осум. Ова се првите национални паркови во Европа. Во периодот помеѓу 1918 и 1962 се отворени уште седум парка, проследени од уште тринаесет помеѓу 1982 и 2009 г. Најнов национален парк е Костерхавет.[1] Моментално во Шведска постојат 29 национални паркови, со вкупна површина од 731.589 хектари.[2] До 2013 се предвидени уште шест.[3]
Според службата, националните паркови мора да ги претставуваат сите карактеристични видови на околини, да бидат добро заштитени и да се користат за научно истражување, рекреација и туризам, без притоа да се загрозува природата.[4] Околу 90% од вкупниот теренот во парковите е планински. Ова се должи на планинските масиви во големите северни паркови Сарек и Падјеланта (секој по 200.000 хектари).[5][6] Голем дел од северните паркови се наоѓаат во областа Лапонија, која е прогласена за светско наследство на УНЕСКО заради запазеноста на природните предели кои се живеалиште на домородните Лапонци и ирвасите од кои зависат за издршка.[7] Најјужните паркови - Седеросен, Далби Седерског и Стенсхувуд — се покриени со широколисна шума изаедно зафаќаат околу 2.000 ха.[8][9][10]
Национални паркови
уредиИме | Изворно име | Округ[11] | Површина[11] | Основан[11] | Опис |
---|---|---|---|---|---|
Абиску | Abisko | Норботен | 7.700 ха | 1909 | Паркот се состои од долини опкружени со планински венци на југ и запад, и планинското езеро Турнетреск на север. Ова е најголемото планинско езеро во Скандинавија.[12] |
Архипелаг Хапаранда | Haparanda skärgårds | Норботен | 6.000 ха | 1995 | Паркот е сместен во северниот дел на Ботнискиот Залив и се состои од ниски острови со широки песокливи плажи.[13] |
Бјорнландет | Björnlandet | Вестерботен | 1.100 ха | 1991 | Бјорнландет го карактеризира голема прашума и планински терен со стрмни клисури и карпести гребени. Во паркот се забележуваат траги од неколку шумски пожари.[14] |
Бло Јунгфрун | Blå Jungfrun | Калмар | 198 ха | 1926 | Бло Јунгфрун е остров во Балтичкото Море со карактеристични засеци и шуплини на север и шумски предели на југ.[15] |
Вадвешока | Vadvetjåkka | Норботен | 2.630 ха | 1920 | Вадвешока е нејсеверниот национален парк во земјата, сместен во планинската област северозападно од езерото Турнетреск. Паркот го носи името на планината Вадвешока.[16] |
Гарфитан | Garphyttan | Еребру | 111 ха | 1909 | Паркот Гарфитан се состои од земјоделско-шумарски пејзаж со ливади и листопадна шума.[17] |
Готска Санден | Gotska Sandön | Готланд | 4.490 ха | 1909 | Готска Санден е остров составен од песок. Пејзажот го карактеризираат плажи, дини и борови шуми.[18] |
Далби Седерског | Dalby Söderskog | Сконе | 36 ха | 1918 | Паркот има листопадна шума опкружена со 56-метарски бедем од земја што зазема голем дел од паркот.[9] |
Енгсе | Ängsö | Стокхолм | 168 ха | 1909 | Енгсе е остров во Стокхолмскиот Архипелаг. Карактеристични за паркот се старите земјоделски предели, цветните површини и разновидните птици".[19] |
Јуре | Djurö | Вестра Јеталанд | 2.400 ха | 1991 | Паркот Јуре се состои од архипелаг од 30 острови и најголемото езеро во земјата - Венерн.[20] |
Костерхавет | Kosterhavet | Вестра Јеталанд | 38.878 ха | 2009 | Костерхавет е првиот морски парк во Шведска, отворен во септември 2009. Опфаќа делови од морето и крајбрежјето околу Костерските Острови, но не ги опфаќа самите острови.[21][22][23][24] |
Мудус* | Muddus | Норботен | 49.340 ха | 1942 | Националниот парк Мудус се одликува со длабоки клисури и прашуми. Во паркот се наоѓа најстариот бор во Шведска.[25] |
Нора Квил | Norra Kvill | Калмар | 114 ха | 1927 | Нора Квил е древна шума со високи борови дрва постари од 350 години. Во паркот има три езера: Стура Идејелен, Лила Идејелен и Далскерет.[26] |
Падјеланта* | Padjelanta | Норботен | 198.400 ха | 1962 | Паркот Падјеланта претежно се состои од рамни и отворни предели кои се граничат со езерата Вастенјавре и Вирихавре. На север паркот се граничи со Норвешка.[6] |
Пиелјекајсе | Pieljekaise | Норботен | 15.340 ха | 1909 | Паркот Пиелјекајсе се состои од брезова шума, планински терен и неколку езера. Го носи името на планината Пиелјекајсе, која е негово главно обележје.[27] |
Сарек* | Sarek | Норботен | 197.000 ха | 1909 | Паркот го карактеризираат алпски предели со високи врвови и тесни долини. Има повеќе од 100 ледници и неколку планини над 2.000 м во височина.[5] |
Седеросен | Söderåsen | Сконе | 1.625 ха | 2001 | Паркот има особено обликуван пејзаж со клисури до 90 м во длабочина. Долините се прекриени со широколисна шума, претежно брезова.[8] |
Скулескоген* | Skuleskogen | Вестернорланд | 2.360 ха | 1984 | Паркот Скулескоген се состои од древна шума, високи планини и морско крајбрежје. Планинските врвови се прекриени со борови шуми. Врвовите ги делат долини што ги образува морето и ледените покривки.[28] |
Сонфјелет | Sånfjället | Јемтланд | 10.300 ха | 1909 | Паркот го носи името на планината Сонфјелет (1.278 м). Планинските предели се пресечени со тесни езера и шумовит дел.[29] |
Стенсхувуд | Stenshuvud | Сконе | 390 ха | 1986 | Стенсхувуд е рид што гледа во Балтичкото Море. Бидејќи околните предели се релативно рамни, ридот се гледа од голема далечина и во историјата служел како ориентација при пловидба. Предоминира широколисната шума.[10] |
Стура Шефалет* | Stora Sjöfallet | Норботен | 127.800 ха | 1909 | Северните делови на паркот навлегуваат во Скандинавските Планини, каде се извишуваат највисоките врвови во Шведска. Пониските ридови во јужниот дел на паркот се прекриени со шума.[30] |
Стуре Мусе | Store Mosse | Јеншепинг | 7.850 ха | 1989 | Паркот го опфаќа најголемото тресишно подрачје во јужна Шведска. Во паркот се наоѓа и езерото Кевшен, кое е живеалиште голем број видови птици.[31] |
Тиведен | Tiveden | Вестра Јеталанд и Еребру | 1.350 ха | 1983 | Паркот е дел од големата шума Тиведен, сместен во нејзиниот најнедостапен дел. Пејзажот е планински и каменлив.[32] |
Тиреста | Tyresta | Стокхолм | 2.000 ха | 1993 | Тиреста има клисурест терен со каменливи падини. Паркот е прекриен со борови шуми, една од најголемите прашуми во Шведска.[33] |
Трестиклан | Tresticklan | Вестра Јеталанд | 2.897 ха | 1996 | Својствено за паркот се раседните долини. Содржи една од ретките недопрени шуми во јужна Скандинавија.[34] |
Фернебофјерден | Färnebofjärden | Вестманланд, Даларна, Јевлеборг и Упсала | 10.100 ха | 1998 | Низ паркот тече реката Далелвен. Нерамното крајбрежје опкружува над 200 острови и островчиња.[35] |
Фулуфјелет** | Fulufjället | Даларна | 38.500 ха | 2002 | Паркот се состои главно од голи планински извишувања и вресишта кои можат да се најдат само во шведските планини.[36] |
Хамра | Hamra | Јевлеборг | 28 ха | 1909 | Паркот содржи два ниски моренски рида покриени со прашума и големи кружни камења.[37] |
Предвидени национални паркови
уредиВо 2008 Службата за заштита на природата направила план за воведување на 13 нови национални паркови во блиска иднина. Според планот, седум од нив ќе бидат отворени во периодот од 2009 до 2013. Првиот од нив е националниот парк Костерхавет, отворен во септември 2009. Моментално не се знае кога ќе се отворат преостанатите шест парка.[3]
Име | Изворно име |
Округ[38] | Површина[38] | Основан[38] |
---|---|---|---|---|
Бестетреск | Bästeträsk | Готланд | 5.000 ха | 2009–2013 |
Блајкфјелет | Blaikfjället | Вестерботен | 40.000 ха | 2009–2013 |
Вестра Оснен | Västra Åsnen | Крунуберг | 2.000 ха | 2009–2013 |
Володален-Силарна | Vålådalen-Sylarna | Јемтланд | 230.000 ха | 2009–2013 |
Винделфјелен | Vindelfjällen | Вестерботен | 550.000 ха | непознато |
Кебнекајсе | Kebnekaise | Норботен | 65.000 ха | 2009–2013 |
Копонген | Koppången | Даларна | 5.000 ха | непознато |
Немдескергорден | Nämdöskärgården | Стокхолм | 14.000 ха | непознато |
Рејво | Reivo | Норботен | 11.000 ха | непознато |
Роген-Јутулслетен | Rogen-Juttulslätten | Даларна и Јемтланд | 100.000 ха | непознато |
Санкт Ана | Sankt Anna | Естерјетланд | 10.000 ха | непознато |
Тававуома | Tavvavuoma | Норботен | 40.000 ха | 2009–2013 |
Поврзано
уреди„Список на национални паркови во Шведска“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Национални паркови и други начини на заштита на природата“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-07. Посетено на 11 јуни 2009. (англиски)
- ↑ „Национални паркови“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2012-10-17. Посетено на 18 јуни 2011. (шведски)
- ↑ 3,0 3,1 „Нов план за националните паркови во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2013-01-13. Посетено на 11 јуни 2009. (шведски)
- ↑ „Факти за националните паркови“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-06-21. Посетено на 18 јуни 2011. (шведски)
- ↑ 5,0 5,1 „Национален парк Сарек“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ 6,0 6,1 „Национален парк Падјеланта“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Лапонија“. Центар за светско наследство на УНЕСКО. Посетено на 11 јуни 2009. (англиски)
- ↑ 8,0 8,1 „Национален парк Седеросен“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ 9,0 9,1 „Национален парк Далби Седерског“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ 10,0 10,1 „Национален парк Стенсхувуд“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „Национални паркови во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-05-15. Посетено на 11 јуни 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Абиску“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Архипелаг Хапаранда“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Бјорнландет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Бло Јунгфрун“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Вадвешока“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2012-12-24. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Гарфитан“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Готска Санден“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Енгсе“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Јуре“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Мреж. место на морскиот национален парк Костерхавет“. Окружен административен одбор на Вестра Јеталанд. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)
- ↑ „Костерхавет стана првиот морски национален парк во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот 2009-03-30. Посетено на 26 јуни 2009. (шведски)
- ↑ „Прв морски национален парк во Шведска“. Svenska Dagbladet. 19 март 2009. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)
- ↑ „Национален парк Костерхавет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 14 септември 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Мудус“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Нора Квил“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Пиелјекајсе“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Скулескоген“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Сонфејлет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Стура Шефалет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Стуре Мусе“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Тиведен“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Тиреста“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Трестикланд“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Фернебофјерден“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2012-02-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Фулуфјелет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ „Национален парк Хамра“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
- ↑ 38,0 38,1 38,2 „Предлози за нови национални паркови“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот 2008-12-25. Посетено на 11 јуни 2009. (шведски)