Калмар (округ)
Калмар (шведски: Kalmar län) — округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Крунуберг, Јеншепинг, Блекинге и Естерјетланд. На исток во Балтичкото Море се наоѓа островскиот округ Готланд.
Калмар Kalmar län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Калмар | ||
Управа | |||
• Управник | Свен Линдгрен | ||
• Совет | Окружен совет на Калмар | ||
Површина | |||
• Вкупна | 11.171 км2 (4,313 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 233.168 | ||
• Густина | 21/км2 (54/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
NUTS | SE213 |
Окрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Калмар географски го зафаќа источниот дел на покраината Смоланд и целиот остров Еланд.
Култура
уредиГолем дел од подрачјето наречено Стура Алварет е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Јужниот дел на Еланд е живеалиште на разни ретки видови. Меѓу археолошките знаменитости на Еланд се вбројува ранопалеолитската населба Алби, гробиштата Гетлинге и тврдината Екеторп. На островот се наоѓа и природниот резерват Отенби.
Управа
уредиСè до 1672 територијата на округот Калмар била дел од округот Крунуберг. Помеѓу 1680 и 1683 Блекинге бил дел од Калмар поради поморската база во Карлскруна.
Управата (Landshövding) на округот е сместена во градот Калмар. На чело на окружниот административен одбор (Länsstyrelse) стои управникот. Моментално таа функција ја извршува Свен Линдгрен.
Од 1997 општините и окружниот совет соработуваат преку посредно управуваниот Регионален совет на Калмар. Овој совет ги застапува регионалните интереси во однос на развој, раководи со планирањето на инфраструктурата, високото образование, културни проблематики и инвестиции.
Општини
уредиКопнени:
На Еланд:
Наводи
уреди- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Окружен административен одбор на Калмар (шведски)
- Регионален совет на Калмар Архивирано на 26 јуни 2009 г. (шведски) (англиски)
- Окружен совет на Калмар (шведски) (англиски) (германски) (француски)
- Калмарски универзитет Архивирано на 2 јануари 2006 г. (шведски) (англиски)