Готланд (швед. Gotlands län) е округ (län) во Шведска. Самиот остров Готланд е најголемиот во земјата и е сместен во Балтичкото Море, источно од поблискиот остров Еланд. Окрузите во Шведска обично се делат на општини, но округот Готланд е единствен во државата што има само една општина (Готланд) и нема окружен совет. Задачите на окружниот совет ги врши општината. Ова главно подразбира здравство и јавен превоз. Меѓутоа округот има окружен административен одбор, кој е државен орган. Одборот и општината се сместени во најголемото населено место на островот — градот Висби (22.000 жители).

Готланд
Gotlands län
Округ
Грб на ГотландЛого на Готланд
 
ЗемјаШведска
Адм. центарВисби
Управа
 • УправникСесилија Шелин Сејдегорд
 • СоветОпштина Готланд
Површина
 • Вкупна3.184 км2 (1,229 ми2)
Население (31 март 2011)[1]
 • Вкупно57.203
 • Густина18/км2 (47/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДП (ном.)12.154 милиони круни (2004)
БДП/жит212.000 круни
NUTSSE214

Покраина

уреди

Округот во Шведска е чисто административна единица наменета за политичко-управни цели. Поранешната покраина Готланд ја опфаќала истата површина од 3184 км2 [2] (3151 км2 без езера и реки).

Управа

уреди

Административниот одбор го назначува владата и има за цел да усогласува да го сообразува управните работи со државните политички цели на земјата зацртани во парламентот и владата, да ги застапува интересите на округот, да го развива, да определува негови сопствени цели и да ги контролира правните работи. На чело на административниот одбор стои гувернер.

Готланд е единствениот округ во земјата што нема окружен совет и што има само едена општина и еден повикувачки број.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
  2. Статистички годишник на Шведска 2009 (шведски)

Надворешни врски

уреди

57°29′57″N 18°30′34″E / 57.499167° СГШ; 18.509444° ИГД / 57.499167; 18.509444