Костерхавет (национален парк)
Националниот парк Костерхавет (швед. Kosterhavets nationalpark) е првиот морски национален парк во Шведска, отворен во септември 2009.[2] Паркот се протега во општините Стремстад и Танум во покраината Бохуслен (округ Вестра Јеталанд.[3][4] Го опфаќа морското подрачје и крајбрежјето околу Костерските Oстрови, но без самите острови. На север се граничи со норвешкиот морски парк Итре Хвалер.
Национален парк Костерхавет | |
---|---|
Kosterhavets nationalpark | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Бохуслен, Шведска |
Најблизок град | Стремстад |
Координати | 58°50′N 11°01′E / 58.833° СГШ; 11.017° ИГД |
Површина | 388,78 км2[1] |
Воспоставен(а) | 2009 |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
lansstyrelsen.se/vastragotaland/Projektwebbar/Kosterhavet/Information in English |
Природа
уредиЖивотната околина во паркот е својствена само за Шведска. Тука се присутни над 6.000 морски видови, од кои 200 ги нема на ниедно друго место во земјата. Фјордот Костерфјорд е длабок 200 м со студена вода (5-7 °C) и висока соленост (~35%). Струите од Атлантикот носат разни раменоги, сунѓери и корални ларви. Во паркот се гнездат ретки птици како поларната рибарка и поморникот, заедно со голем број на фоки. Во поплитките води на крајбрежјето се мрестат рибата-лист, бакаларот и морската пастрмка.
Стопанскиот риболов е дозволен, но под посебни услови. Подрачјето е значајно како ловиште на северни ракчиња и норвешки јастози. Риболовот не е заштитен со еколошките регулативи, туку подлежи на законите за рибарење од 2000 г.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Национален парк Костерхавет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2009-09-23. Посетено на 5 ноември 2009. (англиски)
- ↑ „Мрежно место на националниот парк Костерхавет“. Окружен административен одбор на Вестра Јеталанд. 10 септември 2009. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)
- ↑ „Костерхавет е предвиден да биде првиот морски национален парк во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2009-03-30. Посетено на 26 јуни 2009. (шведски)
- ↑ „Првиот морски национален парк во Шведска“. Svenska Dagbladet. 19 март 2009. Посетено на 26 јуни 2009. (шведски)
- ↑ „Одговорен риболов во морскиот национален парк“. Одбор за риболов. Архивирано од изворникот на 2010-01-17. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)
Надворешни врски
уреди- Костерхавет (национален парк) на Ризницата ?
- Национален парк Костерхавет (шведски)
Галерија
уреди-
Светилник во паркот
-
Мек корал
-
Шума од алги
-
леднички стрии на карпите