Готска Санден
остров
Готска Санден (швед. Gotska Sandön) е ненаселен остров на Шведска во Балтичкото Море. Сместен е 38 км северно од островот Форе. Долг е околу 9 км, а широк е околу 6 км. Зафаќа површина од приближно 36 км2.
Национален парк Готска Санден | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Поглед на источното крајбрежје од светилникот. | |
Место | Готланд, Шведска |
Најблизок град | Форесунд |
Координати | 58°22′N 19°15′E / 58.367° СГШ; 19.250° ИГД |
Површина | 4,9 км2, од кои 8,42 км2 се вода.[1] |
Воспоставен(а) | 1909, проширен во 1963 и 1988[1] |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
Готска Санден претежно се состои од песокливо земјиште, со плажи, дини и борови шуми. Името „Готска Санден“ во буквален превод значи „готландски песоклив остров“. Во 1909 островот е прогласен за национален парк. Освен колонијата од сиви фоки, вишата фауна не е особено богата. Меѓутоа на островот изобилува разновидни инсекти и растенија, вклучувајќи неколку вида на орхидеи. Во текот на летото се организираат редовни тури со брод што поаѓаат од Форе и Нинесхамн.
-
Воздушна снимка на островот
-
Северното крајбрежје
-
Плажа на островот
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Национален парк Готска Санден“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2009-04-04. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Готска Санден“ на Ризницата ? |
- Национален парк Готска Санден Архивирано на 25 март 2011 г. - Служба за заштита на природата (англиски)
- Птици на Готска Санден Архивирано на 11 јануари 2008 г. (англиски)