Сарек (национален парк)

Националниот парк Сарек (швед. Sareks nationalpark) е национален парк во општината Јокмок во Лапонија, северна Шведска. Се граничи со националните паркови Стура Шефалет и Падјеланта. Сарек е популарен за пешачење и планинарење, но не е погоден за почетници.

Сарек - бр. 5 на картата на национални паркови во Шведска
Национален парк Сарек
Sareks nationalpark
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Планината Пјерипакте во масивот Епар
МестоНорботен, Шведска
Координати67°17′N 17°42′E / 67.283° СГШ; 17.700° ИГД / 67.283; 17.700
Површина1.970 км2[1]
Воспоставен(а)1909[1]
Управно телоСлужба за заштита на природата

Паркот има приближно кружен облик, со просечен пречник од 50 км. Во Сарек нема означени патеки, нема угостителски капацитети, и има само два моста. Покрај тоа, ова подрачје е едно од најдождливите во земјата, па затоа активностите зависат од временските услови. Низ паркот има повеќе потоци кои се опасни за минување без претходно искуство.

Делтата на реката Рапа се смета за најубавата во Европа, a врвот на планината Хјерфе дава глетка на целата долина прекриена со мраз.

Во паркот има повеќе планини повисоки од 2.000 метри. Од вкупно 13 врва над 2.000 м надморска височина во Шведска, 6 се наоѓаат во Сарек. Тука се вбројува и планината Саректјоко, која е втора по височина во земјата. Понекогаш за дел од паркот се смета и планината Ака (веднаш северно), со што бројот на врвови над 2.000 м станува 8. Околу 200 врва во паркот достигнуваат барем 1.800 м. Планините ретко се искачуваат поради должината на искачувањето.

На 1.800 надморска височина се наоѓа опсерваторијата Порте, изградена во раниот XX век по иницијатива на природонаучникот Аксел Хамберг. Сиот градежен материјал е донесен на плеќи.

Во Сарек има над 100 ледници. Заедно со неколку други паркови во Шведска, Сарек е најстариот национален парк во Европа (1909-1910).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Национален парк Сарек“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-11-22. Посетено на 26 февраури 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help) (шведски)

Надворешни врски

уреди