Слободан Јовановиќ (политичар)

Слободан Јовановиќ (српски: Слободан Јовановић; 3 декември 1869 – 12 декември 1958) ― српски и југословенски писател, историчар, правник, филозоф, книжевен критичар, дипломат, политичар и еден од најистакнатите интелектуалци на своето време. Бил професор на Правниот факултет во Белград (1897—1940), ректор на Универзитетот во Белград (1913–14 и 1920–21) и претседател на Српската кралска академија (1928–1931). Учествувал на Париската мировна конференција (1919) како стручњак на југословенската влада.[1]

Слободан Јовановиќ
Портрет на Слободан Јовановиќ
од Урош Предиќ, 1931 година
15. премиер на Југославија (влада во прогонство)
На должноста
11 јануари 1942 – 26 јуни 1943
Претходник Душан Симовиќ
Наследник Милош Трифуновиќ
Лични податоци
Роден(а) 3 декември 1869(1869-12-03)
Нови Сад, Кралство Унгарија, Австроунгарија
Починал(а) 12 декември 1958(1958-12-12) (возр. 89)
Лондон, Англија, Обединетото Кралство
Националност Србин и Југословен
Занимање Правник, историчар, политичар

Јовановиќ бил заменик-премиер (март 1941 - јуни 1942) и премиер на кралската југословенска влада во егзил во Лондон помеѓу јануари 1942 и јуни 1943 година. По Втората светска војна, новите комунистички власти на Југославија го осудиле во отсуство на 20 години затвор. Јовановиќ останал на слобода до крајот на својот живот во Лондон.

Животопис

уреди
 
Јовановиќ како дел од еден поетски круг во младоста.

Слободан Јовановиќ е роден во Нови Сад, Австроунгарија (денес во Србија) на 3 декември 1869 година од политичарот Владимир Јовановиќ и неговата сопруга Јелена.[2] Тој, наводно, бил првиот Србин кој го добил името „Слободан“ (значејќи „слобода“), додека неговата сестра го добила името Правда.[3] Одлично образование добил во Белград, Минхен, Цирих и Женева, каде што дипломирал како правник. Од 1890 до 1892 година завршил последипломски студии по уставно право и политички науки во Париз пред да стапи во српската служба за надворешни работи. Во 1893 година бил назначен за политичко аташе во српската мисија во Константинопол, каде што останал неколку години.[4][5] Во тоа време тој почнал да пишува и да ги објавува неговите написи за книжевна критика во различни публикации низ целата земја.

Тој на крајот ја напуштил дипломатската служба во корист на академските и книжевните определби и станал автор и книжевен критичар за неколку значајни весници од тоа време.[6] Во 1897 година бил назначен за професор на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.[7] За време на Балканските војни и Првата светска војна, бил началник на српското Бирото за печат при Канцеларијата за војна.[8] Во овој период Јовановиќ се запознал со Драгутин Димитријевиќ Апис и пишувал позитивно за него.[9][10] Набргу по основањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, во 1920 година, Стојан Протиќ, како премиер на Привременото национално претставништво, го назначил Јовановиќ за претседател на повеќе-етнички комитет за изготвување устав заедно со Коста Кумануди, Богумил Вошњак, Ладислав Полиќ и Лазар Марковиќ кои подоцна истата година го претставиле првиот нацрт на она што подоцна ќе стане Видовдански устав.[11]

Повеќе од четири децении Јовановиќ предавал на Правниот факултет стекнувајќи углед на авторитет на уставното право и српскиот јазик и книжевност. Бил ректор на Универзитетот во Белград во два одвоени прилики и декан на Правниот факултет.[12] Јовановиќ се приклучил на Српската кралска академија во 1908 година и бил нејзин претседател од 1928 до 1931 година.[13] Бил и дописен член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб од 1927 година.

Слободан Јовановиќ бил критичар на Чистата теорија на правото на Ханс Келсен.[14] Неговите првични забелешки се однесуваат на односот на теоријата на Келсен со другите германски теоретичари во тоа време. Тој го сметал Келсен за иновативен „млад“ теоретичар, но сметал дека неговата рамка не е толку различна од класичните теории што Келсен, според мислењето на Јовановиќ, се обидел да ги нападне. Имено, Јовановиќ поставил дека посебната положба на Основната норма за Келсен може да се сведе на рамката на покласичните германски теории, во кои државата е правно лице од кое потекнува правниот систем, и обратно.[15] Јовановиќ сметал дека ова е маана на правниот позитивизам на Келсен што ја прави теорија која не се однесува вистински на потеклото на правото, бидејќи не успева вистински да го одвои во анализата правниот систем од државата како чинител. На овој начин Јовановиќ отфрла анализа која целосно би го развела човекот како правно суштество, од човекот како политичко.[16]

Јовановиќ имал одредено влијание врз политичкиот живот во Кралството Југославија поради неговиот добро воспоставен авторитет во областа на правото и историјата,[17] но директно навлегол во политичкиот живот дури во 1939 година кога бил основан Српскиот културен клуб и бил назначен како претседател на клубот.[18]

 
Плакета на ул. „Квинс Гејт Гарденс“ 39б.

Тој бил прозападен политичар и кога се случил прозападниот воен удар во Белград на 27 март 1941 година, била поставена прозападна, во суштина пробританска влада на чело со генералот Душан Симовиќ. Јовановиќ бил вицепремиер во таа влада.[19] Германија ги нападнала кралствата Југославија и Грција на 6 април и набрзо ги поразил југословенските и грчките сили. Јовановиќ се преселил во средината на април заедно со кралот Петар II и другите министри во кабинетот во Ерусалим и во јули стигнал до Лондон. Тој станал премиер на југословенската влада во егзил за време на Втората светска војна на 11 јануари 1942 година и остана на таа функција до 26 јуни 1943 година.[20]

Суден во отсуство во комунистичката Југославија на Јосип Броз Тито, заедно со генералот Дража Михаиловиќ, тој бил осуден на 20 години затвор која никогаш не ги одлежал, како и губење на политичките и граѓанските права во период од десет години и конфискација на целиот имот и губење на државјанството.[21] Подоцнежните години ги поминал во егзил во Лондон (1945–1958).[22] Спомен плоча во чест на може да биде најдена во Лондон во ул. „Квинс Гејт Гарденс“ 39б, Кенсингтон. Текстот на плочата гласи: „Професор Слободан Јовановиќ, српски историчар, книжевен критичар, правен изучувач, премиер на Југославија“ (изворно на англиски: Professor Slobodan Yovanovitch, Serbian historian, literary critic, legal scholar, Prime Minister of Yugoslavia).[23]

По неслужбената рехабилитација во 1989 година, неговите собрани дела биле објавени во 1991 година.

Наследство

уреди
 
Јовановиќ на банкнота од 5.000 српски динари.
 
Јовановиќ на српска поштенска марка од 2019 година.

Јовановиќ бил одликуван со Орденот „Османие“ и Орден на Свети Сава.[24]

Во Србија, тој е сметан за еден од највлијателните либерали[25] и политички мислители на почетокот на векот.[26] Голем број негови дела за голем број идеи како што се Макијавеловите и Платоновите идеи за државата се тековни и денес.[27]

Водечкото српско списание „Политика“ по повод неговиот 70-ти роденден заклучило дека „неговото име е врежано како највисок врв на нашата култура досега“.[28]

Дела

уреди

Неговите собрани дела биле објавени во 17 тома во 1939–1940 година. Тие ги содржат резултатите од неговиот незапирлив труд како писател, професор и политичар шеесет години и фрлаат значителна светлина врз балканската историја од првата половина на 20 век, како и врз самиот автор. Иако неговите дела не биле службено забранети, секое ново издание на неговите книги не било дозволувано во СФРЈ до крајот на 1980-тите. Конечно, новото издание на неговите собрани дела било објавено во Белград во 12 тома во 1991 година.

Од 2003 година, неговиот портрет се појавува на банкнотата од 5000 динари, а неговата биста стои на Правниот факултет во Белград. Неговата службена рехабилитација била сторена на 26 октомври 2007 година од страна на судот во Белград.[29][30] Од 10 декември 2011 година, платото пред Правниот факултет во Белград го носи неговото име.[31]

  • О суверености [За сувереноста], Белград, 1897.
  • О дводомном систему [За дводомниот систем], Белград, 1899.
  • Велика народна скупштина [Големо народно собрание], Белград, 1900.
  • Српско-бугарски рат. Расправа из дипломатске историје. [Српско-бугарска војна. Расправа од дипломатската историја], Белград, 1901.
  • Светозар Марковић [[[Светозар Марковиќ]]], Белград, 1903.
  • Основи правне теорије о држави [Основа на правната теорија за државата], Белград, 1906.
  • Основи јавног права Краљевине Србије [Основа на јавното право на Кралството Србија] (во 2 тома), Белград 1907–1909.
  • Макијавели, Белград, 1907.
  • Политичке и правне расправе [Политички и правни расправии] (во 2 тома), Белград, 1908–1910.
  • Уставобранитељи и њихова влада [Уставобранителите и нивната влада] Белград: Српска кралска академија, 1912.
  • Универзитетско питање [Универзитетско прашање], Белград, 1914.
  • Вођи француске револуције [Водачи на француската револуција], Белград, 1920.
  • О држави [За државата] (неговото најважно дело), Белград, 1922.[32]
  • Друга влада Милоша и Михаила [Втората власт на Милош и Михаило], Белград, 1923.
  • Уставно право Краљевине Срба, Хрвата и Словенаца [Установното право на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците], Белград, 1924.
  • Влада Милана Обреновића [Власта на Милан Обреновиќ] (во 2 тома), Белград: Геца Кон, 1926–1927.
  • Влада Александра Обреновића. [Власта на Александар Обреновиќ] (во 2 тома), Белград: Геца Кон, 1929–1931
  • Из историје политичких доктрина [Од историјата на политичката доктрина], Белград, 1935.
  • Гледстон [Гледстоун, Белград: Југо-исток, 1938.
  • Амерички федерализам [Американски федерализам], Белград, 1939.
  • Примери политичке социологије, Енглеска, Француска, Немачка 1815–1914 [Примери на политичка социологија, Англија, Франција, Германија 1815–1914], Белград, 1940.
  • О тоталитаризму [За тоталитаризмот], Париз, 1952.
  • Један прилог за проучавање српског националног карактера [Еден прилог за проучување на српскиот национален карактер], Винздор, Канада, 1964.
  • Записи о проблемима и људима [Записи за проблемите и луѓето], Лондон, 1941–1944, 1976 (објавено).
  • Tito and the Western World [Тито и Западниот свет], Лондон (препечатено од The Eastern Quarterly), 1952, стр. 6.
  • On the New Machiavellism [За новиот макијавелизам], Лондон (препечатено од The Eastern Quarterly), 1952, стр. 5.

Наводи

уреди
  1. Pattaro, Enrico; Roversi, Corrado (13 јули 2016). A Treatise of Legal Philosophy and General Jurisprudence: Volume 12 Legal Philosophy in the Twentieth Century: The Civil Law World, Tome 1: Language Areas, Tome 2: Main Orientations and Topics. Springer. ISBN 9789400714793.
  2. Milosavljević, Boris (јануари 2017). SLOBODAN JOVANOVIĆ: THEORY (СЛОБОДАН ЈОВАНОВИЋ. ТЕОРИЈА) (англиски).
  3. „Prvi Slobodan u Srba“. novosti.rs (српски). Посетено на 19 април 2024.
  4. Milosavljević, Boris (2015). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) I – 'Propaganda' and Serbian Legation at Constantinople (Serbian, 2015)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 92: 39–59.
  5. Milosavljević, Boris (2016). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) II – Chief of 'Propaganda' (Serbian 2016)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 93: 7–31.
  6. Milosavljević, Boris (јануари 2011). „Slobodan Jovanović and Political and Literary Magazines Red [The Order], Srpski pregled [The Serbian Review] and Srpski književni glasnik [Serbian Literary Herald] (Serbian: 2011)“. Književna istorija (англиски).
  7. Milosavljević, Boris (2015). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) I – 'Propaganda' and Serbian Legation at Constantinople (Serbian, 2015)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 92: 39–59.
  8. Milosavljević, Boris (2015). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) I – 'Propaganda' and Serbian Legation at Constantinople (Serbian, 2015)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 92: 39–59.
  9. Batakovic, Dusan T. „Slobodan Jovanović i "Crna Ruka"“. Slobodan Jovanovic. Licnost I Delo, Naucni Skupovi Srpske Akademije Nauka I Umetnosti, KNJ. XC, Odeljenje Drustvenih Nauka, KNJ. 21, Beograd: SANU 1998, Pp. 225–231. (англиски).
  10. „Slobodan Jovanović ponovo među Srbima“. Nedeljnik Vreme. 8 септември 2004. Посетено на 19 април 2024.
  11. Milosavljevic, Boris (2019). „Drafting the constitution of the Kingdom of Serbs, Croats and Slovenes (1920)“. Balcanica (50): 225–244. doi:10.2298/BALC1950225M.
  12. Milosavljević, Boris (2015). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) I – 'Propaganda' and Serbian Legation at Constantinople (Serbian, 2015)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 92: 39–59.
  13. Milosavljević, Boris (2015). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) I – 'Propaganda' and Serbian Legation at Constantinople (Serbian, 2015)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 92: 39–59.
  14. Milosavljević, Boris (March 2014). „An Early Critique of Kelsen's Pure Theory of Law: Slobodan Jovanović on the Basic Norm and Primacy of International Law (English: 2014)“. The Annals of the Faculty of Law in Belgrade – Belgrade Law Review (англиски). 61 (3): 151–167.
  15. Basta, Danilo (2001). „Slobodan Jovanović and Hans Kelsen“ (PDF). Annals of the Faculty of Law in Belgrade – Belgrade Law Review (српски). 49: 25–43. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-20.
  16. Basta, Danilo (2001). „Slobodan Jovanović and Hans Kelsen“ (PDF). Annals of the Faculty of Law in Belgrade – Belgrade Law Review (српски). 49: 25–43. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-20.
  17. Milosavljević, Boris (јануари 2017). „Danilo N. Basta, Prvi korak ka trilogiji o Slobodanu Jovanoviću (Zbornik Matice srpske za društvene nauke, 163, 2017)“. Zbornik Matice Srpske Za Društvene Nauke (англиски).
  18. Tadic, Stana. „Slobodan Jovanovic and Serbian Cultural Club“ (англиски). Наводот journal бара |journal= (help)[мртва врска]
  19. Milosavljević, Boris (јануари 2012). „Slobodan Jovanović on General Dragoljub (Draza) Mihailović (Serbian: 2012)“. Slobodan Jovanović, O istorijskoj ličnosti generala Mihailovića [General Mihailović, His Personality] (англиски).
  20. Milosavljević, Boris (јануари 2012). „Slobodan Jovanović on General Dragoljub (Draza) Mihailović (Serbian: 2012)“. Slobodan Jovanović, O istorijskoj ličnosti generala Mihailovića [General Mihailović, His Personality] (англиски).
  21. Milosavljević, Boris (2015). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) I – 'Propaganda' and Serbian Legation at Constantinople (Serbian, 2015)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 92: 39–59.
  22. Milosavljević, Boris (2015). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) I – 'Propaganda' and Serbian Legation at Constantinople (Serbian, 2015)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 92: 39–59.
  23. „Slobodan Yovanovitch“. London Remembers (англиски). Посетено на 26 September 2019.
  24. Milosavljević, Boris (2016). „Slobodan Jovanović in the Ministry of Foreign Affairs (1892–1897) II – Chief of 'Propaganda' (Serbian 2016)“. Zbornik Matice Srpske za Istoriju (англиски). 93: 7–31.
  25. Janković, Ivan (30 ноември 2004). „Filozofska kontrarevolucija Edmunda Berka – Katalaksija“ (англиски). Посетено на 19 април 2024.
  26. Milosavljević, Boris (2010). „Liberal and Conservative Political Thought in Nineteenth-Century Serbia – Vladimir Jovanović and Slobodan Jovanović (English: 2011)“. Balcanica (англиски) (41): 131–153. doi:10.2298/BALC1041131M.
  27. Milosavljević, Boris (January 2011). „Politics and Morality in Slobodan Jovanović's Theory of State (Serbian: 2011)“. Anali Pravnog Fakulteta U Beogradu (англиски). 59: 273–293.CS1-одржување: датум и година (link)
  28. „Sedamdeset godina zivota gospodina Slobodana Jovanovica“" [Седумдесет години од животот на господинот Слободан Јовановиќ], Политика, 4 декември 1939, стр. 9.
  29. „Rehabilitacija Slobodana Jovanovića“. Nedeljnik Vreme. ноември 2007. Посетено на 19 април 2024.
  30. „Rehabilitovan Slobodan Jovanović“. B92.net (српски). 26 октомври 2007. Посетено на 19 април 2024.
  31. М. Четник (10 декември 2011). „Slobodan Jovanović sahranjen u otadžbini“. Политика. Посетено на 19 април 2024.
  32. Milosavljevic, Boris (2011). „Unity of state, law and power in legal and political theory of Slobodan Jovanovic“. Zbornik Matice Srpske Za Drustvene Nauke (англиски) (136): 369–380. doi:10.2298/ZMSDN1136369M. ISSN 0352-5732. |hdl-access= бара |hdl= (help)

Извори

уреди

 

Дополнителна книжевност

уреди

Надворешни врски

уреди
Владини функции
Претходник
Душан Симовиќ
Премиер на Југославија
1942–1943
Наследник
Милош Трифуновиќ
Академски функции
Претходник
Богдан Гавриловиќ
Ректор Универзитетот во Белград
1913–1914
Наследник
Ѓорѓе Станојевиќ
Претходник
Јован Цвииќ
Ректор Универзитетот во Белград
1920–1921
Наследник
Богдан Гавриловиќ
Претходник
Јован Цвииќ
Претседател на Српската академија на науките и уметностите
1928–1931
Наследник
Богдан Гавриловиќ
  1. „Jovan Skerlić - Istorija nove srpske književnosti (1914)“.