Српска книжевност
Српска книжевност - книжевност пишувана на српски јазик.
|
Историја на српската книжевност
уредиНајстариот ракопис и споменик на старата српска книжевност пишуван на српски јазик е Евангелието на Мирослав, литургиска книга од 362 страници, пишувана во преодна форма меѓу старословенски и српскословенски јазик, која е напишана во осумдесеттите години на XII век. Со филолошки анализи е утврдено дека на текстот работеле двајца писари од кои само еден се потпишал во четири кратки записи, и тоа како Глигорије, Глигор и Григорије. Во неа се пишува за хумскиот кнез Мирослав Завидовиќ, син на Завида, братот на Стефан Немања. Веројатно, текстот бил создаден во манастирот Св. Петар и Павле во Бијело Поље. Постои и теорија дека тој бил создаден во манастирот Хиландар. Направено е фототипско издание во Јужноафриканската Република, а во 2001 година, УНЕСКО го вброил во својата библиотека „Памтење на светот“.
Книжевноста во просветителството
уредиСè до седумдесеттите години на XVIII век, просветата и книжевноста го задржале претежно доминантното влијание на црквата. Училиштата се основале во црквите или во архијерејските столици. Во нив предавале главно свештеници, а наставата, иако опфаќала и световни предмети, имала претежно духовна содржина. Книжевноста и јазикот биле црковни и се наоѓале под руско црковно и културно влијание.
Книжевноста во романтизмот
уредиЕпохата на српскиот романтизам е во знакот на Вук Стефановиќ Караџиќ и неговата борба за афирмација на народниот јазик. Практично сите големи српски романтичари биле поддржувачи на идеите на Караџиќ и се инспирирале од народната поезија, за чие систематско собирање Караџиќ има најголеми заслуги. Насоченоста кон народната, „наивна“ книжевност е една од романтичарските црти која влечи потекло од идеите на Русо за првобитниот, нерасипан човек. Кај Србите, како и кај многу други европски народи кои во тоа време се наоѓале под политичка и културна хегемонија на странски земји, ова време се поклопува со времето на национално будење и културен препород. Работата на Вук Караџиќ, исто така, наишла на одушевување кај многу водечки европски романтичари, како што е Јохан Волфганг Гете, а овој позитивен прием дополнително ја засилил националната самосвест. Книжевното творештво на Србите во ова раздобје главно е поетско. Се истакнуваат следниве поети: Бранко Радичевиќ, Ѓура Јакшиќ, Јован Јовановиќ-Змај и Лаза Костиќ.
Во текот на XVIII век и во првата половина од XIX век, во српската проза преовладувале преводите на туѓи текстови, басните, класичните приказни, библиските параболи, источните раскази, идилите, преработките направени според помалку вредни странски автори, поучните приказни за животот, приказните од поновата историја, итн. Дури и во 1850-тите, српската проза била аморфна и жанровски неиздиференцирана, без трајна книжевна вредност. Во тоа време, оригиналните прозни текстови биле вистинска вредност, за што сведочи, на пример, Богобој Атанацковиќ, кој во придружниот текст на „Книгата за добри цели“ (Књига за добре цели) од 1852 година, ги повикува Србите да му испратат „Белетристички оригинални состави“. Исто така, Ѓорѓе Поповиќ, уредникот на списанието „Седмица“ во едно писмо од 1858 година пишува: „Воопшто, кај нас е беда во поглед на прозата... Песните некако поминуваат, но прозата никако. Нема ни три-четири кај кои не треба нешто да се поправи.“ Благодарение на собирачкото творештво на Караџиќ, српската книжевна периодика се свртела кон народната книжевност, со цел да се пополни големата празнина предизвикана од недостигот на автентични српски прозни дела. За развојот на автентичната српска проза особено значење имала книгата на Караџиќ „Српски народни приказни“ од 1853 година, која не само што го отворила патот кон српскиот реализам, туку го овозможила и внесувањето на фикцијата во српската проза. Најпосле, треба да се забележи дека голем српски писатели биле преплатници на оваа книга, како: Јован Стерија Поповиќ, Јанко Веселиновиќ, Бранко Радичевиќ, итн.[1]
Книжевноста во реализмот
уредиВо времето на српскиот реализам доминираат прозните жанрови – романот и, особено расказот. Најзначајни претставници се: Светозар Марковиќ (теоретичар), Јаков Игњатовиќ, Милован Глишиќ, Лаза Лазаревиќ, Јанко Веселиновиќ, Илија Вукиќевиќ, Симо Матавуљ, Стеван Сремац, Радоје Домановиќ, Војислав Илиќ (поет), Бранислав Нушиќ (кој најмногу се пројавил во драмската книжевност, и кој продолжил да пишува и во наредните периоди – во модерната и меѓувоената книжевност).
Современа книжевност
уредиВо XX век и во 21 век, српската книжевноста доживеала процут и се појавиле голем број значајни писатели, како:
- Давид Албахари
- Иво Андриќ
- Владимир Арсенијевиќ
- Владислав Бајац
- Светислав Басара
- Миодраг Булатовиќ
- Драган Великиќ
- Александар Вучо
- Филип Давид
- Оскар Давичо
- Јелена Димитријевиќ
- Зоран Живковиќ
- Мирослав Јосиќ Вишњиќ
- Данило Киш
- Десанка Максимовиќ
- Игор Маројевиќ
- Бранко Миљковиќ
- Драгослав Михаиловиќ
- Милорад Павиќ
- Живоин Павловиќ
- Миодраг Павловиќ
- Борислав Пекиќ
- Радослав Петковиќ
- Васко Попа
- Исидора Секулиќ
- Слободан Селениќ
- Меша Селимовиќ
- Александар Тишма
- Милош Црњански
- Бранко Ќопиќ
- Добрица Ќосиќ
Книжевни здруженија
уредиКнижевни награди
уредиСрпскиот народен препород
уреди- Лукијан Мушицки
- Сима Милутиновиќ Сарајлија
- Јован Стерија Поповиќ
- Вук Стефановиќ Караџиќ
- Петар II Петровиќ-Његош
- Стјепан Митров Љубиша
- Филип Вишњиќ
- Ѓура Јакшиќ
- Јован Пачиќ
- Радован Петровиќ Невесињски
- Милица Стојадиновиќ-Српкиња
- Јован Јовановиќ-Змај
- Лаза Костиќ
- Никола Боројевиќ
- Доситеј Обрадовиќ
- Ѓорѓе Марковиќ-Кодер
- Павле Солариќ
- Сава Мркаљ
- Јован Дошеновић
- Лука Милованов Георгијевиќ
- Јоаким Вујиќ
- Глигорије Трлајиќ
- Платон Атанацковиќ
- Васа Живковиќ
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Српска книжевност“ на Ризницата ? |
- Selected Literatures and Authors Page - Serbian, Montenegrin, and Yugoslav Literature Архивирано на 13 мај 2007 г.
- A brief overview of Serbian Literature Архивирано на 2 октомври 2008 г.
- Slavic Literature Resources from the Slavic Reference Service, University of Illinois, Urbana-Champaign[мртва врска]
- Istorijska biblioteka: Serbian Medieval Literature
- A Quick Guide to Serbian Literature (in English) Архивирано на 10 февруари 2011 г.
Наводи
уреди- ↑ Миодраг Матицки, „Вукове народне приповетке - источник аутентичне српске прозе са средине 19 века“, во: Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 20-28.