Скореновац
Скореновац (српски: Скореновац, унгарски: Székelykeve, германски: Skorenowatz) е село во општина Ковин, Јужнобанатски округ во автономната област Војводина, Србија. Најблиски градови се Ковин - 6 км, Панчево - 30 км и Белград - 46 км.
Скореновац Székelykeve Skorenovac | |
---|---|
Поглед на Скореновац | |
Земја | Србија |
Област | Војводина |
Општина | Ковин |
Население (2002) | |
• Вкупно | 2,501 |
Поштенски број | 26228 |
Повикувачки број | +381 13 |
Регистрации | PA |
Историја
уредиСелото Скореновац е основано во 1869 меѓу селото Банатски Брестовац и реката Дунав. Основано од унгарски семејства (Palóc), кои доаѓаат од Банатско Ново Село (Újfalu), Арменовци (Ürményháza) и Шандорфалва (Sándorfalva), а имало и некои семејства кои дошле од околината на Сегед (Szeged) и Банатски Душановац (Szőlősudvarnok/Rogendorf). Селото во 1869 броело 396 жители. Подоцна, во 1883 година, доаѓаат 645 Секели, и така вкупното население на Скореновац брои околу 2 000 жители. Во тој период, поради отсуството на брани крај реката, секоја година Дунав се изливал од коритото и му нанесувал штети на селото и неговото обработливо земјиште. Оваа постојана закана од поплава ги тера жителите да се преместат. Мала група од нив се селат во Иваново.
Новото село е основано во 1886 година, по времето на Франц Јосиф I - император на Австроунгарија, и го носело името Секејкеве (Székelykeve). Најбројни жители биле Секелите, дојдени од Буковина. Заедно со нив се доселуваат и извесен број на германски семејства од Пландище (Zicsifalva) и Плочице (Plosic) и банатски бугарски семејства од Стар Бешенов. Скореновац е најјужно место на светот каде су најбројни жители унгарци.
Историски имиња на месноста на селото низ вековите
уредиИсториски имиња на месноста:
Имиња на селото:
Население и распределба по етнички групи
уредиГодина | Број | унгарци | германци | бугари | Срби | словаци | југословени |
1890 | 2 510 | Н/П | Н/П | Н/П | Н/П | Н/П | 0,00% |
1910 | 4 541 | 73,31% | 11,94% | 9,69% | 1,26% | 2,53% | 0,00% |
1921 | 4 195 | 81,83% | 7,34% | 10,27% | 0,36% | 0,05% | 0,00% |
1948 | 4 465 | 84,46% | 0,70% | 11,22% | 3,18% | 0,05% | 0,00% |
1991 | 3 213 | 80,36% | 0,15% | 2,53% | 9,40% | 0,03% | 3,36% |
2002 | 2 501 | 86,71% | 0,07% | 2,99% | 5,47% | 0,00% | 1,04% |
Селски празници и обичаи
уреди- Свети Стефан (Szent István) - селски празник "Кирбај", се празнува на 20 август.
- Машкаре (Farsang) - карнавалски празник во февруари. На него младите од селото се маскират во животински кожи, носат ѕвона и ги гонат "злите духови". Веселбата на младите продолжува низ целата ноќ. Овој празник особено се почитувал до 60-те години на XX век.
- Баба Марта - обичај на банатските бугари во селото.
Личности
уреди- Лука Узун – адвокат, просветен деец на банатските бугари, уредник на “Банатски български гласник”, издаван во Темишвар.
- Тамаш Јунг (1911- 1992) - епископ
- Золи Шебешчан - поранешен фудбалер на Бајер Леверкузен
- Ерне Комароми - фудбалер
Разни слики од традицијата и секојдневниот живот
уреди
|
Надворешни врски
уреди- Скореновски вести Архивирано на 19 октомври 2007 г. (унгарски)