Чардаш (унг. Csárdás) е традиционален унгарски народен танц. Настанал во Унгарија, а бил популаризиран од циганските оркестри во Унгарија, а и во соседна Војводина, Словачка, Словенија , Хрватска, Карпатска Рутенија, Трансилванија и Моравија, како и меѓу банатските Бугари, меѓу кои и оние од самата Бугарија.[1]

Унгарци во Скореновац, Војводина играат чардаш
Унгарци во Дорослово, Војводина играат чардаш

Историја

уреди

Танцот води потекло од унгарскиот вербункош од XVIII век, кој се користел при регрутирање на војници за во унгарската војска.

Чардашот се одликува со варијабилен темпо: почнува бавно (лашу), а завршува во многу брзо темпо (фриш). Постојат и други темпови варијации наречени ритка чардаш, шуру чардаш и шекош чардаш. Музиката е во 2/4 или 4/4 такт. Танцувачите се машки и женски, со тоа што жените се облечени во традиционални широки црвени здолништа, кои се при вртењето на танчерките се шират на специфичен начин.

Чардашот е присутен како тема и во класичната музика, особено кај композиторите: Имре Калман, Франц Лист, Јоханес Брамс, Јохан Штраус, Пабло де Сарасате, Петар Илич Чајковски и други. Веројатно најпознатиот чардаш е епонимната композиција на Виторио Монти за виолина и пијано. Ова виртуозно дело има 5 темпови варијации.

Поврзано

уреди

Библиографија

уреди
  • Sárosi, Bálint, Zigeunermusik (Циганска музика), 1977

Наводи

уреди
  1. Кауфман, Николай (2002). „Песните на банатските българи“. Регионални проучвания на българския фолклор. Том 4. Северозападна Българија: общности, традиции, идентичност (бугарски): стр. 36. ISSN 0861-6558.

Надворешни врски

уреди